Таравари демантира дека има недостаток на терапии од Онкологија - Канал 5

Таравари демантира дека има недостаток на терапии од Онкологија

Министерот за здравство Арбен Таравари не бил информиран дека недостасувале лекови на онкологија, откако од здружението „Хема Онко“ реагираа дека од вчера нема терапија за меланом и бели дробови.

ОНКОЛОГИЈА

Министерот за здравство Арбен Таравари не бил информиран дека недостасувале лекови на онкологија, откако од здружението „Хема Онко“ реагираа дека од вчера нема терапија за меланом и бели дробови, а од 15 март имало недостаток на лекови за пациентите со рак на дојка. Според него генерално сите лекови биле достапни.

-Јас моментално немам информација дека има недостаток на некаков лек на онкологија, генерално ги имаме сите лекови и за инсулин имаше 2 дена немаше недостасуваше, меѓутоа веднаш потпишавме анекс со компанијата која што снабдува, така да сега во моментот јас колку што знам ако има нешто ново од утрово, што јас не сум информиран,- Арбен Таравари – министер за здравство.

Вчера на прес конференција и од Клиниката за онкологија и првиот човек на фондот Клековски потврдија дека дефицитот на лекови е поради административни пречки во тендерот и дека лековите ќе бидат достапни до велигденските празници.

Во меѓувреме со реакција излегоа од опозициската СДСМ, од каде побараа одговорност поради како што велат ненавремено снабдување на пациентите со терапија и лекови, со што бил загрозен нивниот живот.

-Кој е сега изговорот на Клековски и на Таравари? Кој ќе понесе одговорност? Наместо конкретни решенија и навремена набавка, институциите под раководство на ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да обезбедат навреме лекови, луѓето со месеци чекаат на терапија. Ова е директен удар врз здравјето на пациентите за кои овие лекови се животно потребни. Недозволиво е во 21 век да нема континуирана достапност на основна терапија за најтешките болни-СДСМ.

Од ВМРО-ДМПНЕ ги повикаа СДСМ да престанат да шират паника. Оттаму велат дека моменталниот недостаток бил поради промени во системот за јавни набавки, а сите лекови ќе бидат достапни за една недела, пред велигденските празници, во количини доволни за наредните 12 месеци.

-Го повикуваме СДС да престане да шири паника, лаги и манипулации. Исто така, потсетуваме дека СДС е партија која ја води Венко Филипче, кој порано бил министер за здравство и кој е директно одговорен за наследената лоша состојбата во македонското здравство. Кога сме кај грижата на СДС, токму за ваквите пациенти болни од рак, само ќе повториме дека СДС е партија во чие време на владеење на онколошките пациенти наместо терапија им се даваше физиолошки раствор, а скапата терапија завршуваше на црниот пазар. –ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај недостатокот на лекови, од здужението Хема онко реагираа дека не им било исполнето ветувањето дека хормонската терапија за рак на дојка ќе им биде достапна во аптеките. Иако буџетот бил зголемен за три милијарди денари, пациентите се уште не виделе бенефит.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

Има 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж.

На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж.

Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво.

Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера.

Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок.

Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер