Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
1Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
МакедонијаТаравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од владата ако премиерот смета дека не сме потребниАлијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни. Арбен Таравари останува на ставот дека премиерот Мицкоски ќе го има последниот збор дали тој ќе остане во власта или ќе оди во опозиција, прашање што се отвори по превирањата во „Вреди“, откако одлучи да оди со свои советнички листи за локалните избори. Потврди дека за ситуацијата во Вреди ќе го информира Мицкоски на средба следниве денови, но во моментов не сака да дава прогнози, повикувајќи на трпение. -Ние како политичка партија одлучивме да излеземе со сопствени советнички листи исто како што одлучи и ЗНАМ, со меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Истото го понудивме и на Вреди. Гледам емотивни реакции од тоа што остана во Вреди. Во периодов треба да бидеме внимателни и умни и да се обидеме да бидеме порационални бидејќи се работи за политика. Владата ја прави премиерот. Сум разговарал со премиерот и пак ќе разговарам. Доколку смета дека не е потребна АА, немаме проблем да ја напуштиме Владата. Сепак сметам дека партијата е потребна во Владата. рече Таравари. Во меѓувреме останатите лидери од Вреди стануваат се понетрпеливи. И Меџити и Касами деновиве му порачаа на Таравари дека секој што соработува со ДУИ и Ахмети не може да биде дел од Владата. Собранискиот спикер Африм Гаши кој доаѓа од „Вреди“, пак, на денешниот брифинг со новинарите не сакаше да ги коментира состојбите во коалицијата и потегот на Таравари бидејќи, според него, тоа е партиска работа, но кажа дека лично секогаш бил за обединување на Вреди во една партија. Гаши информираше дека локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август, а во однос на турбуленциите во албанскиот политички кампус што се случуваат во пресрет на изборите, кажа дека досега нема најави за промена на статусот на пратениците од крилото на Таравари, посебна пратеничка група. Сепак, собранискиот спикер не верува дека можното излегување на Алијанса од владината коалиција би предизвикало собраниска блокада. Но останува неизвесно дали би се довело во прашање и Бадентеровото мнозинство на власта ако Таравари премине во опозицискиот блок. -Засега во Собранието, состојбата е статус-кво во однос на нова распределба на пратениците. Се е како што било претходно. Сите пратенички групи продолжуваат да работат. Ако има нови промени, ќе треба тоа да го достават до мене и службите, за да ги информирам другите пратеници. Моментално немаме друга ситуација, изјави Гаши. Собранискиот спикер, во однос на прашањето дали ќе има евентуални промени во бројката на пратенички групи и префрлување на пратеници од еден во друг табор, изјави Гаши. Гаши на брифингот со новинарите најави дека на наредната пленарна седница, на 29 април, се очекува на дневен ред да се најде интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, што ја поднесе Левица. Тагови: Арбен Таравари Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за ДубаиФилипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи.Филипче со Заев го променија името на државата и ветуваа членство во ЕУ, а добивме само слика од авион. Филипче и Заев ветуваа бесплатно здравство, а добивме провизии за вакцини, провизии за модуларни болници и провизии за тендери и набавки. Филипче вели дека Македонија не била за продажба, а има потпишан бланко лист за барањата на Бугарите. Со ова Филипче е директно против Македонија. На Филипче му смета успехот на Македонија. Затоа е против дата центри, рудници и фабрики. Ама не е против бугарски фирми, златни визи и акции во индиски авиокомпани. Исто така, на Филипче му пречи Дејвид Гета, ама не му пречи Харис Џиновиќ. Тоа се двојните стандарди на Филипче и СДС. Затоа и ќе бидат вечна маргинална опозиција. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтоматолог од Тетово пријавен за сексуално вознемирување од млада пациентка 23-годишна девојка од Тетово пријавила во полиција дека била сексуално вознемирувана од стоматолог во приватна ординација во градот.Според пријавата, на 14 и 18 септември 2026 година, додека пациентката престојувала во ординацијата за медицинска интервенција, стоматологот наводно ја вознемирувал. Случајот, според пријавеното, продолжил и надвор од ординацијата. Девојката навела дека стоматологот подоцна преку мобилна апликација ѝ испраќал пораки со несоодветна содржина. Настанот бил пријавен синоќа во 22:40 часот во СВР Тетово. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. Тагови: Полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЈамал за односот со Бускетс: „Ме фати и ми одржа лекција“Бисерот на светскиот фудбал, тинејџерот на Барселона, Ламин Јамал раскажа што му се случило во Барселона кога легендарниот Серхио Бускетс го фатил и му одржал лекција што ќе ја памети.Еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, 19 годишниот ас на Барселона, Ламин Јамал призна дека се исплашил додека ги слушал зборовите на своите соиграчи. Ламин Јамал денес е еден од најдобрите фудбалери во светот и еден од кандидатите за освојување на „Златната топка“. Неговиот талент е неспорен, тој игра одлично и за Барселона и за шпанската репрезентација. Бележи големи успеси и со клубот и со националниот тим, но и самиот е свесен дека можеби тоа немаше да се случи доколку Серхио Бускетс не му одржал лекција на почетокот од неговата кариера. „Бев суспендиран од репрезентацијата на три недели бидејќи, како и сите деца, направив нешто многу глупаво. Денот кога отидов на првиот тренинг со сениорскиот тим, Бускетс ме фати и ме праша: 'Што направи во репрезентацијата?'. Имаше многу сериозен израз на лицето“, ја започна приказната Јамал. Тој и двајца соиграчи предизвикаа хаос во националниот тим кога имаа 15 години. Официјалната причина никогаш не е соопштена; тогаш беше објавено само дека „биле исфрлени поради недисциплина и дека таквото однесување нема да се толерира во националниот тим, без разлика за кого станува збор“. „Бев само дете и признавам дека се исплашив. Му кажав што се случило. Тој ми рече: 'Сега си во Барселона, сите знаат кој си и без разлика колку добар играч си, мораш да знаеш како да се однесуваш'.“ Ламин Јамал призна дека тој разговор со легендарниот фудбалер на Барселона многу му помогнал во кариерата. „Од тој момент, променив сè во мојот живот и целосно му се посветив на фудбалот. Престанав да излегувам. Одам на тренинг, одмарам, ја посетувам мајка ми и потоа почнувам одново. Целосно се посветив само на фудбалот. Фудбал, фудбал и фудбал“, заклучи Ламин Јамал.Тагови: БАРСЕЛОНА Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook