Таравари: 12 пациенти се испишуваат од клиниките во Скопје - Канал 5

Таравари: 12 пациенти се испишуваат од клиниките во Скопје

Таравари: 12 пациенти се испишуваат од клиниките во Скопје
Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека нови 12 пациенти се испишуваат од клиниките во Скопје. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пораз на Лина Ѓорчевска на дебито во Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска не успеа да го продолжи сензационалниот низ на победи на Грен слемот во Вимблдон.

Пораз на Лина Ѓорчевска на дебито во Вимблдон

Минатогодишната финалистика на Отвореното првенствто на Англија, Американката Аманда Анисимова сепак беше пресилна за нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорчевска на нејзиното деби на еден Грен слем турнир.

Импресионираната Ѓорчевска по низата од три победи во квалификациите на Вимблдон во премиерото коло на неофицијалното светско првенство во тенис во дуелот со големата фаворитка Анисимова немаше сили за ново изненадување и заслужено загуби со максимални 2-0 по сетови 6-3 и 6-2 .

Попладнево Лина на еден од терените на Вимблдон имаше голем проблем со уфрлувањето на првиот сервис и во моментите кога требаше да го одбрани својот сервис правеше двојни сервис грешки.

Без разлика на неуспехот ова е историски ден за македонскиот спорт, бидејќи нашата Лина денеска стана првата македонска тенисерка која изборила учество на еден од четирите најголеми турнири во светот, Грен слемот Вимблдон.

По поразот од Анисимова, македонската тенисерка нема причини за тага бидејќи треба да биде горда како и сите ние на своите игри и резултати во квалификациите пред Вимблдон кога успеа да победи три подобро рангирани тенисерки. Лина заслиужува едно големо браво за игрите на Вимблдон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велјановски: Бројката на загинати во сообраќајки во првите пет месеци годинава е намалена за 40%

Бројката на загинати во сообраќајки во првите пет месеци годинава е намалена за 40% за разлика од истиот период минатата, безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ.

Велјановски: Бројката на загинати во сообраќајки во првите пет месеци годинава е намалена за 40%

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат резултати.

ВМРО-ДПМНЕ и надлежните ќе продолжат со проширување на системот „Безбеден град", чија главна цел е намалување на бројот на тешки сообраќајни незгоди и преполовување на смртните случаи и сериозни повреди на патиштата до 2030 година.

Дека системот функционира, тоа го потврдуваат и самите бројки. Во текот на првите пет месеци од неговата примена, бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период лани, на 33 годинава.

Системот беше воведен прво во Скопје, Куманово, Тетово и на коридорите 8 и 10, а потоа имплементиран и во Велес. Минатата недела, камери беа поставени на автопатот кај Ново Село во општина Дебарца, а истовремено започна и постепено воведување на системот во Охрид.

Безбедноста на граѓаните и понатаму останува приоритет, а „Безбеден град" е само еден од конкретните чекори за постигнување на целта. Истиот ќе биде ставен во функција во секој еден град низ Македонија.

Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал

Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал и дефектолози во основните училишта.

Герасимовски: Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, остро реагираше откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта.
„Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли ви се важни партиските насоки?

Сите ние доаѓаме од политички партии, но овде сме избрани да работиме за граѓаните. Во изминатите четири години сите одлуки што беа во интерес на граѓаните, децата, учениците и училиштата добиваа поддршка, без разлика на политичката припадност. За жал, последните недели гледаме поинаков пристап – прес-конференции, политички напади и одлуки кои очигледно се носат во интерес на партиски штабови, а не на граѓаните.

Ќе ви се удри од глава тоа што не гласате за вработување на технички персонал и дефектолози. Знаете ли што значи училиштата да немаат доволно технички персонал? Кој ќе се грижи за хигиената? Кој ќе им помогне на децата со посебни образовни потреби? Лудост е пак да гласаме за дупови како што се гласало пред 10 години, само заради лични интререси! Ова е навистина срамота за советниците на ВМРО ДПМНЕ да си поигруваме со децата, сега во школите, а после и градинките!

Четири години не дозволивме партиските интереси да бидат пред интересите на граѓаните и така ќе продолжиме. Кога носите вакви одлуки, размислувајте со своја глава и гласајте во интерес на граѓаните, а не по партиски директиви“, рече Герасимовски.

На деветтата седница на Советот на Општина Центар се води бурна расправа околу потребата од нови вработувања во основните училишта. Од страна на општинската администрација беше посочено дека училиштата се соочуваат со сериозен недостиг од технички персонал, хигиеничари и дефектолози, што директно влијае врз условите за работа и квалитетот на воспитно-образовниот процес.

Беше нагласено дека станува збор за реална потреба на училиштата, а не за политичко прашање, при што беше упатен повик сите советници заеднички да најдат решение, наместо оваа тема да се користи за дневно-политички и популистички цели, бидејќи последиците од недостигот на кадар најмногу ги чувствуваат учениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер