Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
1Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
СветТанкер во сопственост на турска компанија нападнат со дронови утрово во близина на БосфорТанкер за сурова нафта во сопственост на турска компанија со седиште во Истанбул рано утрово беше нападнат со морски и воздушен дрон на околу 14 наутички милји од Босфорот, објавија турски медиуми.Според информациите што беа објавени, танкерот за сурова нафта „Алтура“, во сопственост на турската компанија „Пергамон Шипинг“, кој вчера отплови од рускиот пристанишен град Новоросијск на североисточниот брег на Црното Море, натоварен со речиси 140.000 тони нафта, беше нападнат со морски и воздушен дрон околу 00:30 часот по турско време во водите на Црното Море, северно од Босфорот. По нападот, екипажот на танкерот, кој пловел под знамето на Сиера Леоне, испратил сигнал за помош, известувајќи дека машинската просторија на бродот почнала да се полни со вода. Блискиот брод и три бродови на турската крајбрежна стража одговориле на сигналот. Во инцидентот нема повредени. Според „ХаберДенизде“, танкерот, кој во последните години беше во сопственост на неколку турски компании, беше додаден на листата на санкционирани бродови на ЕУ во октомври 2025 година. Во декември оваа година, беше додаден на листата на санкции на Швајцарија и Украина, а пред два дена - на листата на Обединетото Кралство. Медиумот забележува дека претходниот сопственик на танкерот „Алтура“, „Кајсери Шипинг“, кој го поседуваше бродот до ноември 2025 година, е во сопственост на иранскиот државјанин Мохамед Хосеин Шамкани, син на советникот за безбедност на Али Хамнеи, Али Шамкани, кој беше убиен во израелско-американските напади врз Иран на 28 февруари. Основачот на „Кајсери Шипинг“, Хектор Варела Де Леон, исто така беше додаден на листата на санкции на САД во јули 2025 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПретежно сончево со температура до 26 степениПретежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.-1 Берово, 2 Битола, 3 Струмица, 4 Демир Капија, Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка, Маврови Анови, 5 Попова Шапка, Велес, Штип, Куманово, Прилеп, Претор, 6 Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 7 Крушево, 8 Виница. Според УХМР времето денеска ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 20. октомври 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 20. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во она што вие би го сакале , владее голема мешаница. Нема да бидете јасни ниту за себе, а уште помалку за другите. Кариера Надредените ќе ве наведуваат на делување речиси во шаховски стил, а вие ќе ја предвидите нивната шема. Здравје и совет Подобро да останете пасивни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете настроени да ја идеализирате саканата личност и да и припишувате особини кои таа ги нема во реалноста. Кариера Она што тргна , веќе е во подем , а на вас останува да ја следите зацртаната насока без премногу коментари. Здравје и совет Бидете економични. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следува преоден пад на самодовербата , поради што малку ќе се повлечете во себе. Општо земено , односите ви се добри. Кариера Ќе препознаете финансики нестабилности , со кои ќе може да се изборите со помош на знаење. Ќе поработите на тоа. Здравје и совет Не сонувајте неможни работи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ни денеска нема да бидете целосно сигурни што е тоа што го очекувате од љубовта или од личноста што ви е драга. Кариера Кршејќи ги правилата , мислите дека напредувате, додека другите во тоа гледаат непочитување на луѓето околу вас. Здравје и совет Чувствителност на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Доколку се впуштите во мали промени во односот , нема да бидете ниту доследни , ниту упорни до крај. Одржете ја сегашната состојба. Кариера Необични предлози во делот на финансиите ќе направат да се замислите за нив . Не се реални. Здравје и совет Чувствителност на нервите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Конфузијата што ќе зрачи од вас нема само да ја збуни саканата личност , туку и вас самите. Денеска бидете мирни. Кариера Тешко ќе соработувате со другите , зашто постојано ќе мислите дека се груби кон вас. Мора да останете професионални. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот партнер ќе замисли едно , а вие друго. Тешко ќе се усогласите , па затоа е добро да не очекувате премногу. Мирувајте. Кариера Разумот ќе ве однесе напред и со негова помош ќе надминете мала напнатост на работното место. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Бик 21.4- 20.5. Љубов Чувствителноста на партнерот поврзана со вашето неразбирање , па дури и грубост , ќе го направи овој ден доста неизвесен. Кариера Ќе се трудите ништо да не биде ниту премногу , ниту премалку , но тоа ќе ви одземе голем дел од енергијата. Здравје и совет Одморете се попладне. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе ви биде важен сексуалниот живот. Ќе се обидете да го изненадите партнерот со некој новитет. Кариера Ќе контактирате со финансиски експерти за правилно да ги поставите работите и да ги свртите во своја полза. Здравје и совет Некои ќе имаат болки во стопалата. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ви изгледа како што повеќе се трудите , работите стануваат се полоши. Обрнете внимание на спонтаноста. Кариера Многумина ќе се чувствуваат несигурно. За да ви биде подобро , концентрирајте се на своето стручно знаење. Здравје и совет Чувајте се од настинки. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе се преобразат во вистински поети. Нивниот стил на изразување ќе ги стопи и најстудените срца. Кариера Можно е да одите на кусо службено патување на место каде што има вода. Ќе бидете реални и добро ќес е снајдете. Здравје и совет Не инсистирајте на детали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашето однесување и денеска ќе биде такво што лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во нивното друштво. Кариера Немојте во ништо да претерувате. Ситуацијата ќе ви оди во прилог , ако го следите природниот тек. Здравје и совет Мали нервози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСолза Грчева и Иван Анастасовски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Солза Грчева и Иван АнастасовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter