Танчерка на шипка им посакала добредојде на децата во градинка (ВИДЕО) - Канал 5

Танчерка на шипка им посакала добредојде на децата во градинка (ВИДЕО)

Егзотична танчерка на шипка им посакала добредојде на децата во градинка , родителите им ги покривале очите , а директорката експресно добила отказ.

Танчерка на шипка им посакала добредојде на децата во градинка (ВИДЕО)

Лаи Ранг, директорка на детска градинка во кинескиот град Шенжен добила отказ откако организирала скандалозен пречек на децата и нивните родители во градинка. Околу 500 дечиња и нивните родители дошле во градинката на свеченоста за почеток на новата учебна година . Децата , на возраст од три до шест години , биле пречекани од егзотична танчерка на шипка.

Родителите им ги покривале очите на децата , а други избегале без да го догледаат настапот на оскудно облечената танчерка.

,,Немав лоша намера . Танчерката само требаше да создаде пријатна атмосфера на првиот учебен ден. Сега дури сфаќам дека одлуката ми била непромислена и се каам за тоа.” , изјави директорката која стана преку ноќ популарна во целиот свет.

Таа се правдала и дека на приредбата поканила и џез музичари , како и играчи на традиционални кинески танци. Видеото само за еден ден било видено над 5 милиони пати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е еден од најбараните бегалци на листата на ФБИ, падна еден од најмоќните нарко-босови

Мексиканската војска го уапси Фаусто Исидро Меза Флорес, познат како „Ел Чапо Исидро“ – еден од десетте најбарани бегалци на ФБИ – јавуваат мексиканските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори.

Уапсен е еден од најбараните бегалци на листата на ФБИ, падна еден од најмоќните нарко-босови

Операцијата во градот Гвасаве, во сојузната држава Синалоа, предизвикала вооружени судири, пукањето го прекинало дури и натпреварот во безбол, принудувајќи ги гледачите во паника да побегнат од стадионот.

Мексиканските медиуми известија за апсењето, а шпанскиот весник „Ел Паис“, повикувајќи се на извори блиски до мексиканскиот безбедносен апарат, потврди дека Меза Флорес е приведен.

Сепак, Си-Ен-Ен (CNN) наведе дека сè уште чека независна потврда од мексиканските власти.

За време на операција во Гвасаве, дојде до вооружени судири помеѓу мексиканските безбедносни сили и вооружени групи. Снимки, чија автентичност ја потврди Си-Ен-Ен (CNN), прикажуваат воени хеликоптери како летаат над градот и пукаат кон земјата.

Особено драматични сцени се одвиваа на стадионот „Курода Парк“, каде што се играше натпревар во безбол помеѓу екипите „Венадос де Мазатлан“ и „Алгодонерос де Гвасаве“. Откако се слушнаа истрели, гледачите почнаа да бегаат од трибините, прескокнувајќи огради и барајќи засолниште.

Играчите го напуштија теренот, а преносот на натпреварот беше прекинат. Коментаторите ги известија гледачите дека во близина се случува безбедносен инцидент.

Според сведоштво на локален жител, пренесено од Си-Ен-Ен, вооружени лица зазеле приватни болници, а биле запалени и разни објекти, вклучувајќи продавници и бензински пумпи. Некои граѓани останаа заробени во зградите во кои побарале засолниште.

Во февруари 2025 година, Фаусто Исидро Меза Флорес се појави на листата на ФБИ со десетте најбарани бегалци. Американските власти понудија награда во износ до пет милиони долари за информации што би довеле до негово апсење или осуда.

Според официјалното известување на ФБИ, Меза Флорес е осомничен дека раководи со тешко вооружена криминална организација со седиште во Синалоа, позната како групата „Меза-Флорес“ или „Лос Мазатлекос“.

Неговата група е обвинета за производство, дистрибуција и шверц на големи количества хероин, метамфетамин, кокаин, фентанил и марихуана во Соединетите Држави. Тој првпат беше обвинет во 2012 година, додека новото обвинение од 2019 година вклучува дополнителни кривични обвиненија поврзани со трговија со дрога и поседување огнено оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Куманово, поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста .

ЈО: Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Куманово, поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик и предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Согласно зајакнатиот механизам за итна меѓуинституционална координација и постапување во предметите поврзани со семејно насилство, во конкретниот случај веќе се преземаат дејствија за обезбедување на доказите, особено имајќи предвид дека насилничкото однесување на осомничениот 54-годишник се повторува.

Против него веќе е поднесено едно обвинение за телесна повреда на неговата ќерка при вршење семејно насилство под дејство на алкохол, кое е во фаза на судење.

Дејствијата на загрозување на сигурноста што сега ги презел вклучуваат не само вербални закани дека ќе ги запали ќерката и внуката, туку и конкретни дејствија со кои тој истурил две шишиња бензин во домот.

По пријавата на настанот итно е изготвена проценка на ризик која укажува на сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство и на ризик од повторување на насилството. Овие проценки упатуваат на оправдан страв дека осомничениот би можел не само да ги повтори до сега сторените дела, туку дека би можел да стори и потешко дело, односно да го стори делото со кое се заканува.

Поради ваквите околности јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга поблага мерка и предложи најстрога мерка за обезбедување присуство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство.

Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари

Обвинетиот, на 10 ноември, во неговиот дом во Битола, телесно ја повредил неговата девојка. По вербална расправија меѓу нив, ја удирал по лицето со тупаници и шамари, па ја стегал за вратот и устата, со што и нанел површинска телесна повреда и неколку нагмечувања и крвни подливи.

Обвинетиот во текот на постапката за прибирање докази беше обезбеден со мерка притвор, имајќи ги предвид ризиците тој да се обиде да го избегне кривичниот прогон и да го повтори насилното однесување. Притоа обвинителството ги ценеше информациите дека тој непосредно по настанот избегал од полициска станица и неколку дена не бил достапен. Сметајќи дека овие ризици и натаму постојат, јавниот обвинител со поднесеното обвинение му предложи на судот да ја продолжи притворската мерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер