Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
Шоу бизТанчер на Лејди Гага падна од сцената- пејачката веднаш го прекина настапот (ВИДЕО)Лејди Гага ненадејно го прекина својот последен австралиски концерт откако еден од нејзините танчери падна од сцена мокра од дожд.Падот на танчерот се случи за време на настапот на стадионот „Акор“ во Сиднеј, како дел од долгоочекуваната турнеја MAYHEM Ball, пишува „Дејли меил“. Гага го прекина настапот Сиднеј бил погоден од силен дожд од доцна попладнето, што ја направил сцената на отворениот стадион исклучително лизгава. Инцидентот се случил непосредно пред 21 часот, за време на изведбата на песната „ Garden of Eden“. Пејачката веднаш ги крена рацете и ја запре музиката штом виде дека танчерот паднал од работ на сцената. Целиот тим, вклучително и Гага, брзаа зад сцената за да најдат обувки што подобро се држат до влажната површина. Lady Gaga had to interrupt the last show in Sydney because her dancer Michael slipped and fell off the stage due to the rain. She is currently taking a short break to allow her dance crew to find shoes with better grip. The show should resume soon. pic.twitter.com/HWpUlYDMDf — LⱯDY GⱯGⱯ NOW🪞 (@ladygaganownet) December 13, 2025 Обожавателите ја пофалија брзата реакција Танчерот, идентификуван како Мајкл, брзо стана на нозе, а настапот набрзо продолжи. Обожавателите веднаш ја пофалија брзата реакција на пејачката на социјалните мрежи, а видеото на кое таа трча да провери дали нејзиниот танчер е добро стана вирално. „Премногу е добро што веднаш претрча, се симна и се увери дека е добро“, коментираше еден корисник. „Начинот на кој се симнува да провери“, напиша друг, додека трет додаде: „Дождот е нејзиниот најголем непријател“. Еден коментар гласеше: „О, боже, Гага навистина ги сака своите танчери, особено Мајкл, начинот на кој ја прекина претставата и се симна да провери како е“. @coryseyes dancer falls off stage because of the rain at lady gaga sydney n2 @ladygaga #ladygaga ♬ original sound - coryseyes Турнеја проследена со проблеми Патем, австралискиот дел од турнејата MAYHEM Ball, прва од 2014 година, беше проследен со низа проблеми. Турнејата беше една од најочекуваните оваа година, со повеќе од 30.000 луѓе кои купија билети за само неколку часа. Сепак, многумина беа налутени од таканареченото динамично одредување на цените, слично на авионските билети, што предизвика цените да се движат од 204 до дури 649 долари (од 175 до 563 евра). И покрај високите цени, посетителите се соочија и со технички проблеми. Во Бризбејн, илјадници луѓе го пропуштија почетокот на концертот поради долги доцнења на влезот, а некои се пожалија дека воопшто не можеле да ја видат сцената од своите седишта. „Лејди Гага од Бризбејн беше апсолутен неуспех“, гласеше еден од лутите коментари на социјалните мрежи. Обожавателката Емили рече дека успеала да влезе дури откако половина од концертот веќе поминала. Во Мелбурн, беше забележан бизарен инцидент кога жена, која поминала два месеци правејќи реплика на познатиот фустан од месо на Гага, била исфрлена од концерт затоа што наводно танцувала во ходникот.Тагови: Лејди Гага танчери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter