Танасоски: Намалени увозните давачки во март, но поголем извоз на зеленчук и овошје

Увозните давачки во март во просек бележат намалување за 10 проценти во споредба со минатата година, поради кризата, намалената потрошувачка на акцизна стока,  но и намалената цена на нафтените деривати.

Прекуграничната трговија се одвива без проблеми, кај извозот бројките покажуваат зголемување кај свежиот зеленчук и овошјето.

Ова го соопшти директорот на Царинската управа Ѓоко Тансоски денеска на прес-конференција, кој оцени дека Царината има исклучителна сложена и одоговорна функција и оти и во овие услови ги завршува задачите и врши контрола на тоа што се увезува. И во услови на ограничено движење, како што вели, Царината обезбедува да нема никакави нарушувања во поглед на снабдувањето со стоки.

- Македонија во областа на прекуграничната трговија нема никакви проблеми со соседните земји, пред се Грција и Бугарија Исто така, благодарение на исклучително добрите политички односи со Србија, Албанија и Косово не се забележани никакви застои во одвивањето на трговијата, рече Танасоски.

Како што соопшти, вредноста на извозот во јануари-март 2020 изнесува 86,77 милијарди денари или 1,41 милијарда евра што е повеќе за 210 милиони евра во однос на 2019 година. Вкупната количина на извезена стока, пак, изнесува 702.650 тони.

Според Танасоски, и покрај исклучително тешките услови извозот на свеж зеленук во март годинава е поголем за 3.000 тони во однос на 2019 година, додека пак кај вредноста се бележи одредено намалување и изнесува 290 милиони денари или околу 4,7 милиони евра.

Кај извозот на свежо овошје, рече, во март 2020 е поголем за милион евра во однос на 2019 година, и во март 2019 изнесувал 3,7 милиони евра или 9.126 тони.

-Царината заедно со другите органи во Владата прави исклучителни напори за одржување на економската активност и поддршка на извозот. Како резултат на дигиталната царина и воведувањето нов софтвер од 1 април годинава царинската постапка е целосно без хартија. Тоа практично значи дека секој извозник покрај тоа што не треба да поднесува хартиена царинска декларација, не е потребно да ги поднесува и другите царински документи. На овој начин придобивките покрај олеснување на трговијата во ова кризно време придонесуваат и за избегнување на физичкиот контакт, истакна Танасоски и додаде дека царинењето може да се изврши во рок од 24 часа.

Потсети дека за сите информации се достапни на економските оператори, на воведениот зелени коридори за обезбедување 24-часовна работа на граничните региони во рамки на ЦЕФТА регионот и клучните гранични премини со ЕУ, како и листа на приоритетни стоки.

Меѓу мерките за олеснување на работата на економските оператори ги наведе продолжениот рок на одобренијата за поедноставени постапки до 30 септември 2020 година, укинување на царинските давачки на потрошен медицинскиматеријал, лекови и суровини за производство, укинување на царинската давачка за замрзнато свинско место, можност за одложување на плаќањето на царина, ДДВ и акциза, продолжување на важноста на банкарските гаранции, а поедноставена е постапката за реиздавање одобренија за повластените корисници на етилалкохол.

Во одговор на новинарско прашање рече дека во март е регистриран пад на наплатата на акцизите, а со тоа и на увозното ДДВ во просек од 10 проценти.

-Во споредба со минатата година наплатата е намалена за 654 милиони денари и сето тоа се должи на намалувањето на потрошувачлката на акцизната роба и согласно тоа повлекува и одредени намалувања на цената на нафтените деривати, истакна директорот на Царинската управа.

Тој посочи дека во овој период се поднесени шест кривични пријави до ОЈО по различни основи, за фалсификување исправа и за интелектуална приватна сопственост. – Царината,потенцира тој, и во овие услови си ги завршува задачите и врши контрола на тоа што се увезува.с

Ангеловска-Бежоска на средба со директорот на ММФ Камер

 Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. 

Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4 проценти, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30 проценти во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната.

Ова, како што информираа денеска од Народната банка, било посочено на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, што се одржува во Порторож, Словенија.

Камер истакнал дека претпазливите политики на Народната банка биле клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка.

Гувернерката посочила дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намалила и се свела на пониски едноцифрени стапки, додека јазот меѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намалил.

- Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор, рекла гувернерката.

Ангеловска-Бежоска изразила благодарност до Камер за значајната поддршка што ММФ и ја дава на Народната банка во справување со неодамнешните незапаметени шокови.

Рејнолдс сам се грижел за своите четири деца еден ден: „Никој не умре, што е убаво“

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс откри дека еден ден се грижел за своите четири деца, кои ги има во брак со убавата Блејк Лајвли.

Водителката на „Today Show“ го прашала мегапопуларниуот актер како изгледало тоа.

- И знаеш. Самохран татко. Сè направив сам. Сите ги однесов во парк. Им кажав дека мајка им ги напуштила кога биле многу мали. Беше добро. Никој не умре, што е исто така убаво. Со четири деца едноставно преживуваш – се пошегува тој.

Инаку, Рејнолдс и Лајвли се во брак 11 години, а познати се по тоа што често се задеваат на социјалните мрежи.

Османи во Стразбур: Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати на 133. сесија на Комитетот на министри на Совет на Европа во Стразбур, при што ја подвлече улогата на мултилатерализмот при справување со тековните многубројни предизвици.

-Покрај сите свои пропусти, мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации и неспоредливи предизвици од различна природа. Советот на Европа останува суштински столб во тој поглед. Сепак, ние, земјите-членки ја носиме одговорноста за неговата ефикасност, истакна Османи.

Според него, на 75-годишнината од постоењето, Советот на Европа со нејзините норми и стандарди придонесе за подобрување на животот на граѓаните, чување на човековите права и негување на демократијата и владеењето на правото.

Министерот го поздрави денешното усвојување на Рамковната конвенција за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото, како прв меѓународен инструмент во оваа област.

-Блиската соработка со другите меѓународни организации, особено со ЕУ, ОН и ОБСЕ при решавање на заедничките проблеми е од особено значење, додаде Османи.

За време на престојот во Стразбур, Османи ќе има средби со негови колеги од различни земји.

притисни ентер