Тамара Тодевска ексклузивно за Канал 5: Распродадени се сите билети, навистина сме горди на тоа - Канал 5

Тамара Тодевска ексклузивно за Канал 5: Распродадени се сите билети, навистина сме горди на тоа

Вечерва ќе се одржи хуманитарен концерт на пејачката Тамара Тодевска, а целиот приход од продажбата на билети ќе биде наменет за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани.

Тамара Тодевска ексклузивно за Канал 5: Распродадени се сите билети, навистина сме горди на тоа

Пејачката ја донела одлуката за правење на хуманитарен концерт откако ја погодила трагедијата во Кочани, а вели дека имала желба на некој начин да им помогне на овие семејства. Така вечерва со почеток во 20 часот во салата на МКЦ ќе одржи хуманитарен концерт.

Тамара овој настан го најави и претходно, а за Канал 5 пред почетокот на концертот одговори на неколку прашања. Потврди дека утрово добила информација дека сите билети за овој хуманитарен настан се распродадени и тврди дека таа и нејзиниот бенд се многу горди на тој податок.

-Целта беше да се соберат што повеќе средства за погодените од кочанската трагедија- ни кажа Тамара.

Каква беше реакцијата од околината кога објави дека ќе одржиш концерт? Го видовме и коментарот на протоерејот — дали на некој начин те погоди тоа?

- Имаше најразлични реакции и секогаш ќе има. Повеќе пати истакнав, а ќе кажам повторно: јас можам да помогнам преку пеењето. Тоа е мојата професија, тоа е мојата дејност, тоа е она што најдобро знам да го правам. Вечерашниот концерт во МКЦ, ќе биде поинаков од секој мој претходен. Подготвивме нови аранжмани, нов репертоар и присутните ќе имаат можност да бидат дел од еден уникатен музички настан, полн со емоции и квалитетна домашна музика. Задоволна сум што и јас и целиот мој бенд, тим од соработници сработивме и не се откажавме од идејата конкретно да помогнеме, а публиката и голем број на општествено одговорни компании тоа го препознаа- кажа Тамара.

Имаш ли нешто што би сакала да ѝ порачаш на публиката пред концертот?

- Сакам да се заблагодарам на сите кои купија влезници за вечерашниот концерт и на тој начин донираа за Кочани. Дојдете вечерва, понесете со себе убава енергија и легнете си со чиста совест – затоа што сте направиле нешто конкретно и вредно. Исто така, сакам да ја истакнам целата моја почит кон медиумите, медиумските работници, новинарите кои покажаа навистина голем интерес за хуманитарниот концерт. Вашата работа е особено важна за вистинско информирање на граѓаните и подигнување на јавната свест.- порача Тамара за Канал 5.

Дали планираш уште некој хуманитарен концерт по овој?

- Секогаш кога ќе треба и можам да помогнам, тоа ќе го направам. Ќе има уште многу хуманитарни концерти - заклучи Тодевска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.

Трамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор.

Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби.

„Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина.

Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор.

Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба.

„Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп.

Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор.

Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор.

„Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател.

На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна.

„Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер