Со настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независноста
2Со настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независноста
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотТалибанците сакале повеќе пати да ја убијат: Не се плашев од смрт, туку од силување Најголемата авганистанска sвезда Аријана Сајед ја напуштила својата татковина пред неколку дена, бегајќи од талибанците од кои добивала смртни закани.Аријана е популарна пејачка и водителка на авганистанското музичко шоу The Voice, а исто така е и активистка за женски права. На Инстаграм ја следат 1,4 милиони луѓе. Во интервју за британски Мирор, таа рече дека склучила договор со нејзиниот вереник Хасиб Сајед во кој тој ветил дека ќе ја убие пред таа да падне во рацете на талибанците. View this post on Instagram A post shared by 𝝠𝗥𝗬𝝠𝗡𝝠 𝗦𝝠𝗬𝗘𝗘𝗗 👑 آریانا سعید (@aryanasayeedofficial) „Не се плашам од смртта, се плашев дека ќе ме фатат жива, ќе ме исмеат, ќе продефилираат со мене пред камера и ќе ме силуваат“, рече таа. Бегајќи од Кабул, таа и нејзиниот свршеник доживеале и средба со талибанците, откако овој понеделник безуспешно се обиделе да се качат на еден од авионите што го напуштале Авганистан. "Ги сретнавме додека излегувавме од аеродромот. Еден стоеше таму, со рацете зад грб и само гледаше во луѓето. Го погледнав во очи, беше само неколку метри од мене. Останатите пукаа во воздух. Се смрзнувам секогаш кога ќе се сетам на тоа. Минувавме низ пукотници, а јас само размислував како сега ќе ме запрат", вели Аријана. View this post on Instagram A post shared by 𝝠𝗥𝗬𝝠𝗡𝝠 𝗦𝝠𝗬𝗘𝗘𝗗 👑 آریانا سعید (@aryanasayeedofficial) Успеале да избегаат следниот ден, а Аријана имала среќа што не ја препознале. "Имаше неколку контролни пунктови на патот кон аеродромот. Талибанците беа насекаде. На еден контролен пункт запалија автомобил за да ни ги видат лицата. Рацете и нозете почнаа многу да ми се тресат и се молев да не бараат од нас имиња или документи “, рече таа. Аријана, која има британско државјанство, избегала од Авганистан со своето семејство во 2000 година кога била мала, откако била поставена бомба пред нивната куќа. "Родена сум во Кабул, но морав да го напуштам Авганистан со моето семејство на осумгодишна возраст откако падна бомба во дворот на нашиот семеен дом. Прво отидовме во Пакистан, потоа во Швајцарија, но тие одбија да не` примат, се упативме кон Обединетото Кралство, каде што неволно не примија и јас секогаш ќе им бидам благодарна за се` што ни дадоа “, вели таа во интервјуто. Пејачката и нејзиниот вереник, кои моментално престојуваат во Вашингтон, пред три години купиле куќа во Турција за да бидат поблиску до Авганистан, каде што го поминувале поголем дел од годината. Таа била во Авганистан осум месеци пред да ја преземат власта талибанците. Пред еден месец, таа ја лансирала својата линија за облека и отворила бутик во Кабул. View this post on Instagram A post shared by 𝝠𝗥𝗬𝝠𝗡𝝠 𝗦𝝠𝗬𝗘𝗘𝗗 👑 آریانا سعید (@aryanasayeedofficial) Таа открива дека и претходно добивала смртни закани од талибанците, и тие неколку пати се обиделе да ја убијат. "Еднаш ми беше кажано од членовите на тајната служба дека автомобил со бомба кружи околу Кабул и ме бара да за ме убијат. Вториот пат жена која беше испратена до телевизијата се обиде да ме убие. Успеа да ми пријде на растојание од 10 метри за време на шоуто. Во затвор, таа изјавила дека повторно ќе го проба истото ако биде ослободена“, вели Аријана. На крајот, таа испратила порака до своите сограѓани. "Не сум сигурна што ќе се случи со нив. Им велам да останат силни и да не се откажуваат", заклучила таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел гориватаНа владина седница денеска ќе се донесе мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.Во продолжение погледнете ја целосната изјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независностаНад 200 илјади граѓани присуствувле на настаните кои во текот на еден месец се одржуваа на повеќе локации по повод 35 години од независноста на Македонија, посочи премиерот Мицкоси. Тој оцени дека државата достоинствено ја одбележала независноста и дека прославата била од светски калибар. Најави дека вакви настани ќе се организираат секоја година и дека Владата ќе поддржува ваков тип културни и спортски манифестации. На обвинувањата од СДСМ за сумата одвоена за концертот на Дејвид Гета, Мицкоски одговори дека се од општествено одговорни компании и дека резервите на Државната лотарија сега се насочувле назад кон граѓаните, а не во приватни џебови како што тоа било случај во минатото. „Ја следам оваа естрада што ја прави опозицијата. Мислам дека се единствени коишто во овој период не се задоволни затоа што прославата на 35-годишнината, којашто траеше повеќе од еден месец, помина навистина прекрасно. Имаше мнигу среќни и многу задоволни граѓани. Оние кои очајуваа на времето парите ги трошеа во приватни џебови кај Перпарим и останатите, а ова влада сето она кое што е дел од резервите на Државна котарија го враќа назад кај граѓаните, кај културата и кај уметниците. Има разлика не сме исти, владата на СДСМ и ДУИ добивката од Лотарија најчесто преку сомнителни тендери и јавни набавки ги враќаше во приватни џебови на неколкумина виоски функионери, за кои има судски просеси“– Христијан Мицкоски, претседател на Владата Од опозиоциската СДСМ пак бараат јавно да се објаваат договорите И исплатите на добавувачите и на секој изведувач поединечно кој настапил за време на одбележувањето на независноста. Во спротивно бараат да се отвори истрага кој ќе утврди каде завршил секој денар. „Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски. Сомнежите за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда. Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен. Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим. И кога бил договорен и исплатен“- Маја Борозан, портпаролка на СДСМ 35 годишнината од незавиноста се одбележуваше повеќе од еден месец ширум земјава. Прославата стартуваше на 9-ти август од стадионот Билјанини извори во Охрид, а карванот насловен „Силно светнал ден“ помина низ 11 градови. На 1-ви септември на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаСДСМ: Ѓорѓиевски и Дејвид Гета - самото тоа веќе звучи смешно!Градоначалникот-дрон. Човекот-билборд. Сега и стручњак за електронска музика.Орце Ѓорѓиевски излезе по концертот платен од Државна лотарија, од буџет, од пари на граѓаните, и објави дека Скопје „никогаш не било поубаво“. Центар на светот. Центар на забавата. Град што пулсира. Па му се заблагодари на шефот на ВМРО-ОКГ, арамијата Мицкоски, за „прекрасната организација“. Секако. Кога ќе пуштиш 5,5 милиони народни евра во бина и диџеј, дури и стиропор-кичот за момент изгледа како Париз. Тоа не е сјај на градот. Тоа е сјај на провизијата. Ѓорѓиевски не управува со Скопје. Го рекламира. Каде што треба да се испита водата - тој пушта дрон. Таму каде што треба да се исчисти улицата - поставува билборд со коњ со пет нозе. Наместо да го реши ѓубрето во Скопје, наместо да најде кој го загади Лепенец и Вардар, наместо да го среди градскиот сообраќај (не со тендер за автобуси на Груевски-Орбан) - тој пушта плејлиста. Сега, откако Гета си замина, градоначалникот ни објаснува и што е светска музика. Како да му дале микрофон на човек чија единствена експертиза е да стои пред камера и да му се поклонува на кабинетот. Скопје не стана центар на светот. Стана центар на срамот: загадена вода, распаднат јавен превоз, дупки како стратегија, а градоначалникот објавува рецензија за диџеј како да пишува за „Ролинг Стоун“. Независноста ја прославија со народни пари од Лотарија. Градот го прославија со лајк. Граѓаните ќе го платат остатокот кога ќе се изгасат рефлекторите. ВМРО-ОКГ има поделба на трудот. Мицкоски ја краде државата и пишува бајки на табла. Ѓорѓиевски ја снима бајката од воздух и ја потпишува со срце. Едниот е шеф на бандата. Другиот е нејзин мегафон со мандат. Не ни треба музички критичар во градоначалничка фотелја. На Скопје му треба градоначалник кој ќе ги решава проблемите на граѓаните. Скопје не е поубаво затоа што неколку вечери имаше бучава. Скопје е истото Скопје: загадено, ограбено и управувано од човек кој повеќе верува во дрон отколку во институција. Кога Ѓорѓиевски вели: „Ова е твојот сјај“, преведено: ова е нивниот сјаен тендер и провизија. Само тоа им сјае ним. Вашата вода, вашите дупки и вашата сметка остануваат. Гета си замина. Дронот остана. Бандата исто. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook