Талибанците ја суспендираа вакцинацијата против детска парализа во Авганистан - Канал 5

Талибанците ја суспендираа вакцинацијата против детска парализа во Авганистан

Талибанците ја стопираа кампањата за вакцинација против детска парализа (полимијелитис) во Авганистан, соопштија денеска Обединети нации.

Талибанците ја суспендираа вакцинацијата против детска парализа во Авганистан

ОН не наведува причина за суспензија на вакцинацијата, а ниту талибанците ја коментираа одлуката.

Талибанците ја прекинаа вакцинацијата непосредно пред септемвриската кампања за имунизација.

Авганистан и Пакистан се единствените две држави во кои никогаш не е запрено ширењето на потенцијално фаталната болест.

Додека во Пакистан за време на вакцинацијата стално има насилство. Милитантите ги напаѓаат тимовите за имунизација и полицијата, која ги чува, лажно тврдејќи оти вакцината е западна завера за стерилизација на децата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел со најбрзото време на првиот тренинг во Азербејџан

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го постигна најбрзото време на првиот тренинг пред 16-тата трка во сезоната на Формула 1 – Големата награда на Азербејџан. 

Расел со најбрзото време на првиот тренинг во Азербејџан

Тркачкиот викенд на уличната патека во Баку започна порано од вообичаеното, бидејќи самата трка беше преместена во сабота поради денот на сеќавање што се одбележува во Азербејџан во недела.

Расел извозе круг за 1:45,387 минути, обезбедувајќи ја првата позиција со предност од четири десетинки пред второпласираниот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заостана само четири илјадитинки од секундата зад Верстапен, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон го постигна четвртото најбрзо време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје ја почнува новата сезона - со европски шмек во Аеродром

„ Почнуваме во Куманово, да играме со Куманово за Суперкупот. МЗТ е најдобар кога игра како гостин, а победите на гостувања се одлика на големите екипи“.

МЗТ Скопје ја почнува новата сезона - со европски шмек во Аеродром

Стартот е закажан веќе за в сабота (26 септември), кога сино-белите, како освојувачи на двојната круна, против Куманово на теренот на противникот ќе го бранат трофејот од Суперкупот, кој го освојуваат во изминатите пет години по ред. Потоа следуваат стартни пресметки на домашен терен на сите три фронта – против Слобода Ужице (30 септември), повторно против Куманово (2 октомври), овој пат во суперлигашки дуел, и против грчкиот Ираклис (6 октомври). Овие четири средби во само 11 дена го најавуваат пеколниот НБА-ритам со кој ќе се соочат кошаркарите на македонскиот шампион, кои само до крајот на годината ќе одиграат вкупно 26 средби, односно по еден натпревар на секои 80 часа.

„Ростерот со кој располагаме дефинитивно може да одговори на предизвиците што ќе ги имаме пред нас сезонава. Ритамот е пеколен, но имаме доволен број квалитетни кошаркари кои можат да одговорат на предизвиците. Во секој дуел ќе влеземе со желба за победа, без разлика за кое натпреварување станува збор. Некако настапите во АБА2 и обидот да се вратиме во регионалната елита можеби се наш приоритет, секако, со задржување на домашните трофеи, но тоа не значи дека нема да го оставиме и последниот атом енергија на пресметките во ФИБА Еврокупот. Почнуваме во Куманово, да играме со Куманово за Суперкупот. МЗТ е најдобар кога игра како гостин, а победите на гостувања се одлика на големите екипи“, изјави тренерот Васко Атанасов.

МЗТ Скопје во АБА2 е во група со Слобода Ужице, Сутјеска и Триглав Крањ, додека во ФИБА Еврокупот, освен против Ираклис, ќе ги одмери силите и со Џики Варшава, германскиот Вурцбург, АЕЛ Лимасол и естонскиот тим Тарту.

Формирањето квалитетен тим, кој ќе се обиде да ја врати „старата слава во Аеродром“ на европската сцена, како и да нападне влез во АБА-лигата и одбрана на домашните трофеи, немаше да биде можно без помошта на нашите партнери. Без поддршката од нашиот сопственик, Општина Аеродром, како и од моќните компании што ја препознаа нашата визија, како МТЕЛ, Адмирал, КАМ, Алта банка, Протеини.си, Аџибадем Систина и Авант кар, но и од Град Скопје, сето ова не би било можно, поради што сме им бескрајно благодарни.

Сето ова, секако, ќе биде мотив плус за нашите навивачи, симпатизери, но и за сите други вљубеници во кошарката во следните месеци да дојдат во салата „Јане Сандански“, да уживаат во квалитетни натпревари и да навиваат за нашите момци. Само така ќе можеме да стигнеме до целта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон

Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон, затоа СДС и Филипче подобро да размислат што можат да прават реално за граѓаните, а не само да шетаат во Дубаи и по Егејот  .

Петрушевски: Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон

Венко Филипче и талогот од СДС деновиве се обидуваат да покажат наводна загриженост, па предлагаат закони за земјоделците, за минималната плата, а вчера збореа биле загрижени и за пензионерите. Исто така покажуваат загриженост дека бил загрозен македонскиот идентитет, и дека Македонија била изолирана.

Но, му верува ли некој на Филипче? Има ли воопшто простор да му се верува? Секако дека не!

А зошто? Затоа што по сите криминали од периодот на владата на СДС, како и сите жртви од модуларната болница во Тетово и од короната кои му се багаж на Филипче не може да му се верува. А граѓаните паметат и кој ја распродаваше државата.

Од друга страна, граѓаните гледаат каква промена настанува во Македонија. Деновиве премиерот Мицкоски од САД најавува дополнително продлабочување на стратешкото партнерство со Вашингтон, инвестиции во антимон, дата центри, и енергетика.

А Филипче со партискиот учител и другар Зоран Заев ќе останат познати само како лица кои додека беа на власт се грижеа само за личните интереси и попатно распродаваа се од Македонија.

Во оваа ситуација понудата од талогот на СДС се само лаги и хистерија, затоа овој период е најдобро да се посветат на консолидација и да се преиспитаат што може да направат освен да се шетаат во Дубаи и по Егејот.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер