3Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
СветТалибанците го исклучија интернетот во целата земјаТалибанците во Авганистан воведоа исклучување на интернетот и телекомуникациите ширум земјата, неколку недели откако почнаа да ги прекинуваат интернет конекциите со оптички влакна за да спречат „неморал“.Надзорникот за безбедност и управување со интернетот „NetBlocks“ соопшти дека Авганистан се соочува со целосен прекин на интернетот од вчера, бидејќи талибанските власти презедоа, како што го нарекоа, мерки за „спроведување на моралот“, објави „BBC“. Телевизиските мрежи што претходно емитуваа онлајн повеќе не се достапни на сателитските мрежи, додека каналите контролирани од талибанците, како што се Радио телевизија на Авганистан (RTA), „Ma'rif“ и „RTA Sport“, сè уште се достапни, објави „Afghanistan International“. Според извештаите на медиумите, летовите од аеродромот во Кабул, исто така, се прекинати. Извори велат дека на главните провајдери им е наредено да ги прекинат сите операции, исклучувајќи го Авганистан од глобалните комуникации, при што земјата во моментов доживува целосен прекин на интернетот. Прекинувањето на интернет и телекомуникациските услуги следува по одлука на Авганистанскиот регулаторен орган за телекомуникации, кој го управуваат талибанците, и Министерството за комуникации и информатичка технологија. Откако ја презедоа власта во 2021 година, талибанците воведоа голем број ограничувања во согласност со нивното толкување на исламскиот шеријатски закон. Извор: Б92Тагови: интернет талибанци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 13. ноември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска. Кариера Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина. Здравје и совет Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета. Кариера Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат. Здравје и совет Сѐ ќе ви биде интересно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба. Кариера Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле. Здравје и совет Бидете малку поскромни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно. Кариера Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа. Здравје и совет Ќе истражувате интересни работи . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи. Кариера Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности. Здравје и совет Не сте сами на светот. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската. Кариера Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете. Кариера Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа. Здравје и совет Верувајте во поубаво утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер. Кариера Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина. Здравје и совет Потрудете се да се храните здраво. Рак 22.6-22.7. Љубов Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното. Кариера Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите. Кариера Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно. Здравје и совет Размислувајте во тишина. Девица 23.8.-23.9. Љубов Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење. Кариера Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска. Кариера Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20