Талески со одлична партија во триумфот на Рајн Некар Левен - Канал 5

Талески со одлична партија во триумфот на Рајн Некар Левен

Македонскиот репрезентативец Филип Талески одигра одлична партија за Рајн Некар Левен на натпреварот против Лемго во рамките на 20. коло од Бундеслигата.

Талески со одлична партија во триумфот на Рајн Некар Левен
Талески имаше стопроцентна реализација при што постигна четири гола од четири обиди, како и три асистенции, а Рајн Некар триумфираше со убедливи 38:17.

„Лавовите“ натпреварот го решија уште во првите 15 минути, откако направија фантастична серија од 14:0, а на паузата се заминаа со плус 19 (23:4).

До крајот само рутински го потврдија триумфот со кој се зацврстуваат на лидерската позиција на табелата во Бундеслигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во Центар

Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. 

Герасимовски: Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во Центар

Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет.

Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи.

„Првиот училишен ден е посебен момент за секое дете и за секое семејство. Петта година по ред сакаме да бидеме дел од таа радост и на сите наши првачиња да им подариме ранче за успешен почеток на нивното образование. Им посакувам многу петки, нови знаења, убави спомени и многу нови другарчиња. Наша обврска е уште од првиот училишен ден да им покажеме дека образованието и грижата за децата се меѓу нашите најважни приоритети“, порача Герасимовски.

Општина Центар континуирано инвестира во подобрување на условите во основните училишта и во мерки со кои се олеснува образовниот процес за учениците и нивните семејства.

„Вложувањето во децата е вложување во иднината. Затоа продолжуваме да ги подобруваме условите во училиштата и да создаваме средина во која секое дете ќе има можност квалитетно да учи, да се развива и да го достигне својот потенцијал. Нашата цел е јасна – децата во Центар да имаат најдобри можни услови за образование“, истакна Герасимовски.

Бесплатните ранчиња ќе бидат доделени на сите првачиња запишани во осумте основни училишта на територијата на Општина Центар на почетокот на новата учебна година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барса и ПСЖ се договорија, Феран заминува во Париз

Шпанскиот шампион Барселона и европскиот првак  Пари Сен Жермен постигнаа начелен договор за трансферот на 26 годишниот  репрезенативец на Шпанија, Феран Торес во Париз. 

Барса и ПСЖ се договорија, Феран заминува во Париз

Со тоа, еден од шпанските херои од Светското првенство е пред преселба во Париз, во зделка вредна вкупно 55 милиони евра.

Двата европски гиганти се договорија за клучните услови по интензивни преговори, пренесува каталонскиот медиум „Спорт“. ПСЖ мораше да ја зголеми понудата Преговорите не беа едноставни.

ПСЖ првично ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси, но каталонскиот клуб го одби предлогот. Барселона јасно стави до знаење дека бара загарантирана сума од најмалку 50 милиони евра. Парижаните потоа го зголемија фиксниот дел од понудата.

Според последните информации, договорената формула предвидува моментална исплата од 50 милиони евра плус уште 5 милиони евра во потенцијални бонуси – што е минималниот праг што Барселона беше подготвена да го прифати.

Преговорите ги водеа спортските директори Деко и Луис Кампос, а заминувањето на Торес сега се смета за прашање на време. Се очекува напаѓачот да се прости од своите сегашни соиграчи во тренинг-кампот во среда.

Една од клучните фигури во целиот договор е тренерот на ПСЖ, Луис Енрике. Тој има многу високо мислење за Торес – бидејќи добро го познава од шпанската репрезентација – и токму тој му го претстави проектот и му ја објасни улогата што ја планира за него во Париз.

Иако ПСЖ веќе ги има Усман Дембеле, Квича Кварацхелија и Дезире Дуе во нападот, Луис Енрике сакаше дополнителна ширина во составот и играч способен да ги покрие сите три напаѓачки позиции. Торес одговара на овој профил, бидејќи може да игра на двете крила, како и во средината на нападот.

Тој веќе е навикнат на барањата на системот на Енрике и одлично се снаоѓа при напаѓање на слободниот простор. Интересот на ПСЖ не е нов; француските и шпанските медиуми уште во јули известуваа дека парижаните веќе стапиле во контакт со тимот на Торес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одмор

Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат.

СДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одмор

Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња.

Деца, стари, болни - сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода.

Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари.

Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар.

Не само што не дојде.

Тој замина на годишен одмор.

Единственото што го направи во овој период беше да го нарече сопствениот народ „талог“ и да продолжи со кампања на поделби и сеење омраза - по методите на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ.

Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност.

Ова е односот на оваа власт кон луѓето.

Кога има лента за сечење - доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани - исчезнуваат и напаѓаат.

Пет недели.

Ниту една посета.

Годишен одмор.

И кампања против сопствениот народ.

Тоа е сè што треба да се знае за приоритетите на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО.

Скопје, 12.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер