МакедонијаТалески: Се обидував да спречам турканица, без никаква причина бев удрен со пендрек во глава Без никаква причина бев удрен со пендрак по главата од полициски службеник во моментот кога се обидував да спречам турканица помеѓу неколку ракометари. Очигледно беше дека полицаецот тргна со намера да удира, ако не бев јас тогаш сигурно пендракот ќе завршеше во нечија друга глава. Вака за Канал 5 ракометарот Филип Талески го опиша саботниот инцидент по ракометниот меч Вардар – Пелистер, појаснувајќи дека на него не му претходел никаков конфликт или вербална расправија и дека не го познава полицаецот. Ракометарот има и медициснки извештај за повредата која му ја нанел полицаецот и вели дека за среќа нема посериозни повреди и дека ударот со кој се здобил бил во лице. По инцидентот Талески бил повикан на распит во полициска станица, а во консултација со адвокат вели дека размислува и да поднесе тужба против полицискиот службеник. МВР веќе отвори предмет за инцидентот. Оттаму за Канал 5 посочуваат дека случајот сеуште се испитува И дека додека трае внатрешната контрола во Министерството, полицискиот службеник е суспендиран од работа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОгромни мршојадци сѐ почесто слетуваат на преполните грчки плажи- туристите преплашени (ВИДЕО)Ова лето, на грчките плажи се појави неочекувана атракција - мршојадци!Социјалните медиуми се полни со видеа од овие прекрасни птици како буквално паѓаат или слетуваат на плажите меѓу туристите. Некои дури и директно на лежалки под чадорите. На некои луѓе можеби им е застрашувачки кога белоглавиот мршојадец, птица со распон на крилјата од повеќе од два метра, ги шири крилјата на плажата, но многу други се воодушевени од овие сцени. Сепак, овој необичен феномен има свое многу јасно научно објаснување. Мршојадците, всушност, страдаат од исцрпеност и дехидрација среде екстремно високи температури, што ги принудува да ги прекинат своите небесни крстарења и да побараат помош од луѓето. Имало и случаи на овие прекрасни птици кои слетуваат на хаубите на автомобили во движење, не можејќи повторно да полетаат. View this post on Instagram A post shared by Korean Zorba (@koreanzorba7) Според организацијата АНИМА, Здружението за заштита и грижа за диви животни, ваквите феномени се особено чести на плажите на Крит оваа година. View this post on Instagram A post shared by Nikana.gr🔹Letovanje u Grčkoj (@nikana.gr) „Низ Крит, граѓаните и туристите се среќаваат со исцрпени и дехидрирани млади мршојадци, понекогаш дури и во морето. Нашите теренски работници им пружаат прва помош и ги испраќаат кај нас со вечерни траекти“, соопшти АНИМА. „На повеќето од нив им е потребна инфузиона терапија, а две птици биле подложени на ортопедска операција.“ „Во текот на последните денови од јули и првите денови од август, повеќе од 20 млади мршојадци од Крит пристигнаа во АНИМА, како и еден од Палеора во Етолија и Акарнанија“, соопшти здружението.Тагови: мршојадци плажи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладнеУтре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 24 Попова Шапка, 30 Крушево, Лазарополе, 33 Претор, 34 Берово, Маврови Анови, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 37 Виница, 38 Тетово, Струмица, Гевгелија, 39 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 40 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладнево ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност која до крајот на денот ќе се намали. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаДиректорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во НикуштакДиректорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак.Директорот на Центарот за управување со кризи моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот. На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови. Директорот Али од терен ја следи состојбата и директно ја координира работата на екипите, со цел навремено локализирање на пожарот, спречување на неговото ширење и заштита на населените места и имотот на граѓаните. Се повикуваат граѓаните на максимална внимателност и претпазливост, да избегнуваат непотребно движење во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции, соопштуваат од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05