СветТакаичи: Јапонската влада подготвува средба на високо ниво со ИранЈапонската влада подготвува средба на високо ниво со Иран, соопшти премиерката Санае Такаичи, во услови на растечки тензии на Блискиот Исток и приближувањето на крајниот рок за отворање на Ормуската Теснина.Јапонската влада подготвува средба на високо ниво со Иран, соопшти премиерката Санае Такаичи, во услови на растечки тензии на Блискиот Исток и приближувањето на крајниот рок за отворање на Ормуската Теснина, поставен од американскиот претседател Доналд Трамп. - Подготвуваме дијалог на највисоко ниво во соодветен момент - изјави Такаичи пред парламентарната комисија, одговарајќи на прашање на опозициски пратеник за дипломатските напори на Јапонија во врска со конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Таа додаде дека Јапонија ќе ги вложи сите можни напори за враќање на мирот, без да прецизира со кој ирански лидер планира да разговара. Јапонија е меѓу земјите кои се најсилно погодени од кризата, бидејќи државата, која е сиромашна со ресурси, се потпира на Блискиот Исток за над 90% од својот увоз на сурова нафта. Поголемиот дел од тие пратки минуваат низ Ормуската Теснина – клучна рута за светското снабдување со енергија, која Иран практично ја затвори, предизвикувајќи страв од недостиг на нафта и зголемување на цените. Во меѓувреме, Трамп го продолжи крајниот рок за отворање на теснецот до утре, заканувајќи се со напади врз иранската енергетска инфраструктура доколку Техеран не попушти. - Ако не се сообразат и не го отворат, ќе ја изгубат секоја електроцентрала и секое друго претпријатие во земјата - изјави тој за „Волстрит Журнал“. Трамп дополнително објави и кратка порака на социјалните мрежи: „Вторник, 20:00 часот по источноамериканско време!“. Јапонија, која е близок сојузник на САД, но одржува добри односи и со Иран, ја осуди блокадата на теснецот од страна на Техеран, како и неговите напади врз други држави во Блискиот Исток во одговор на американско-израелските удари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: За труењето на Гостивар и цела Македонија мора да има кривична одговорностПо труењето на граѓаните на Гостивар, со над 4.000 заболени граѓани, по труењето на уште седум други населени места и загадување на две реки мора да има кривична одговорност.Од сите. Наместо да прикриваат и бараат виновници насекаде, освен во сопствените редови, криминалната ВМРО треба да ја признаат вистината за тоталниот институционален колапс. Здравјето на граѓаните го загрозија, најважното нешто. Не можете да отруете цел град, загадување на вода да има и во седум други населени места, на две реки а никој од власта да не одговара. Целата власт, сите институции и сите механизми се во рацете на ВМРО-ОКГ и на Мицкоски. Нема бегање од одговорноста сега за труењето на Македонија. Прво, институциите признаа дека „црвените светла“ им се запалиле предоцна. Додека илјадници гостиварчани пиеле вода загадена со фекалии, никој не презел ништо. Потоа ги криеа податоците од јавноста. Сега, кога кризата веќе ескалираше, признавате ризик од жолтица и други заразни болести. Она на што д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Дополнително, јавноста и денес нема добиено официјален, потпишан извештај за анализите на таканаречената „техничка вода“. Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал извештајот? Кој ја одобрил употребата на водата? Врз основа на кои параметри е утврдено дека е безбедна? Граѓаните на Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност, превенција и брза реакција, добија неспособност, прикривање информации и политички калкулации. За ова мора да има и политичка и кривична одговорност. Кривично мора да одговараат министерот Сашо Клековски, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, директорите на надлежните центри за јавно здравје, како и сите службени лица кои знаеле што се случува, ги криеле информациите, не презеле мерки и дозволиле здравјето на граѓаните да биде загрозено. СДСМ нема да дозволи овој скандал да заврши со уште едно прикривање на вистината и правдата. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Скопје, 29.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04
ЗдравјеМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациентПродолжува трендот на намалување - во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент, кои побарале лекарска помош, информираат од Министерството за здравство. Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (28.07.2026) се евидентирани вкупно 71 новопрегледан пациенти, што покажува тренд на намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар се регистрирани вкупно 49 нови прегледи, од кои 29 на инфективно и 25 на педијатриско одделение. Во моментот се хоспитализирани двајца пациенти на инфективно и пет пациенти на одделението за педијатрија. Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 22 нови прегледи во дежурната служба.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04
МакедонијаМицкоски: 16 проекти во моментов се реализираат во Делчево16 проекти во моментов се реализираат во Делчево и покрај предизвиците, очекувам до крајот на мандатот да се одблокира и сметката, порача премиерот Христијан Мицкоски. „Добар ден и од мене. Во Делчево како што гледате се гради, како што се гради во суштина и на повеќе од 1.200 локации низ цела Македонија. Десетици проекти се реализираат овде во оваа општина и ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за навистина посветената работа којашто ја врши имајќи предвид со каков предизвици се соочува самата општина. Вие споменавте некој од нив како што е на пример блокираната сметка, но и тука не стојат работите и тука се придвижуваат во позитивна насока. Очекувам дека во овој мандат таа сметка ќе биде одблокирана за да може општината да функционира нормално. Би сакал да се заблагодарам и на советниците од советот којшто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, сите тие се заслужни за да овој мозаик биде поинаков, односно да се гради тука и да се испорачува за граѓаните. Ние како Влада остануваме посветени на испорака кон општините, а преку општините кон граѓаните бидејќи градоначалниците се тие коишто се на првата линија заедно со граѓаните. Се разбира кога многу работи во минатото стоеле со децении, не можат преку ноќ да се променат, но добро е кога се оди приоритет по приоритет еве слушнавте и вие 16 проекти во моментов општината ги реализира преку онаа реалокација на финансиски средства од Владата кон општината, останатите од сопствени сили, од сопствен буџет ќе се реализираат. Така што јас сум задоволен, на ова би го додал и експресниот пат за којшто еве конечно се распиша тендер за проектно решение би рекол, физибилити студија Кочани-Виница-Делчево, така што генерално очекувам да состојбите и понатаму продолжат во периодот којшто следи да се развиваат. Јас можам само да кажам дека како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме општините. Уште еднашка голема благодарност и му честитам на градоначалникот за посветената и фокусирана работа којашто ја врши за граѓаните на Делчево.“- истакна премиерот Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04