Тајвански апарат кој предупредува на можен силен потрес на земјата

Тајванскиот научник Ву Ји-Мин направи апарат, направа која во иднина би можела да спаси многу човечки животи, затоа што овозможува регистрирање на земјотрес пред да се случи.


Апаратот  функционира на тој начин што реагира на т.н. Хоризонтални, с – бранови кои се јавуваат при сеизмички активности во длабочината на земјата.
Регистрирајќи ги овие бранови, направата предупредува дека за 10 – 30 секунди ќе има земјотрес, пред да се случи големиот удар.

Тој временски период е повеќе од доволен за луѓето да можат да излезат од затворени простории и на тој начин да се спречат големи катастрофи.

Справата е веќе тестирана во Калифорнија каде е утврдено дека регистрирањето на с- брановите е успешно, а кога справата би се поврзала во компјутерска мрежа, тогаш резултатите од предупредувањето можат да се пренесат на голем број на луѓе, на глобално ниво.




притисни ентер