СветТајпеј: Телефонскиот повик меѓу Кси и Трамп ќе ја „стабилизира“ регионалната безбедностПодоцна, Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social изјави дека односите на САД со Кина и неговиот личен однос со кинескиот претседател се „исклучително добри“ и го опиша разговорот со Кси Џинпинг како „одличен“.Тајван го поздрави телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Кси Џинпинг, велејќи дека тоа ќе помогне во стабилизирањето на регионот, бидејќи Кина го засилува својот воен притисок врз островот што го смета за отцепена покраина. „Не сме премногу загрижени за овој телефонски повик. Всушност, мислиме дека тоа ќе помогне во стабилизирањето на ситуацијата, особено со оглед на тоа што Кина продолжува да ги ескалира тензиите во Тајванскиот теснец и целиот регион“, рече заменик-министерот за надворешни работи на Тајван, Чен Мингчи. Часови претходно, кинеските медиуми објавија дека Шји Џинпинг му рекол на Доналд Трамп за време на нивниот телефонски разговор дека билатералните спорови можат да се решат преку „меѓусебно почитување“, но дека САД треба да „бидат претпазливи“ при продажбата на оружје на Тајван. Подоцна, Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social изјави дека односите на САД со Кина и неговиот личен однос со кинескиот претседател се „исклучително добри“ и го опиша разговорот со Кси Џинпинг како „одличен“. „Мислам дека го поздравуваме овој вид напор за стабилизирање на безбедносната состојба во регионот“, рече Чен. Тагови: Кина САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
БизарноВо куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)Перуанските царински службеници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери.Перуанските цариници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери, соопшти Перуанската Национална служба за шумарство и див свет (Serfor). Вредноста на запленетата пратка се проценува на околу 100.000 долари, а животните, според властите, биле наменети за нелегална продажба во Кина, пренесува AFP. Во два куфери, кои требало да бидат сместени во товарниот простор на авионот, пронајдени се 386 тарантули од различни видови, 166 стоногалки, 112 скорпии и седум гуштери, како и шест мртви мравки. Според соопштението на Serfor, некои од пронајдените видови претходно биле непознати за науката. Животните биле сместени во херметички затворени кеси, кои потоа биле сместени во пластични кутии и завиткани во влажни хартиени крпи за да го преживеат долгото патување од Лима до Кина. Кора Суарез, претставничка на агенцијата, изјави дека ова ново откритие е резултат на заедничка работа на надлежните агенции и претставува удар врз мрежите вклучени во нелегалната трговија со диви животни. Таа предупреди на растечката нелегална побарувачка за безрбетници, кои се продаваат како домашни миленици во европските и азиските земји. Двајца кинески државјани се во притвор од перуанската полиција, а против нив се води кривична постапка пред обвинителството специјализирано за еколошки злосторства. На почетокот на ноември, перуанските власти запреа и двајца германски државјани и еден Полјак на истиот аеродром кои се обидоа да ја напуштат земјата со повеќе од 10.000 тарантули скриени во нивниот багаж.Тагови: тарантули цариници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБројот на починати од ебола во Конго надмина 6.000- најголема епидемија во историјата на земјатаЕпидемијата на ебола во ДР Конго одзеде повеќе од 6.000 животи, покажуваат најновите владини бројки, додека смртоносната болест продолжува да расте и покрај напорите за ограничување на нејзиното ширење, објави денеска Ројтерс.17-тата епидемија на ебола во ДР Конго, најлошата во историјата на земјата, беше прогласена на 15 мај и е предизвикана од сојот на ебола Бунгибугјо, за кој не постои одобрена вакцина или третман. Податоците објавени од конгоанската влада во саботата покажаа дека бројот на смртни случаи од болеста се искачил на 6.025, а потврдените случаи достигнаа 12.254 во осум провинции. Тековната епидемија во Конго беше надмината само од епидемијата на ебола во Западна Африка од 2014-2016 година, која инфицираше повеќе од 28.600 луѓе и уби повеќе од 11.000 низ Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Официјалните бројки покажуваат дека еболата сега се шири и убива двојно побрзо. Здравствените експерти ги наведуваат хроничниот недостаток на средства, недовербата во здравствените институции и растечката несигурност како главни пречки за ограничување на епидемијата.Тагови: ебола Конго Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМлада Русинка е пронајдена мртва во хотел на Тајланд- Индиец е осомничен за убиството (ФОТО)Телото на 27-годишна руска државјанка е пронајдено во хотелска соба во тајландското одморалиште Патаја. Полицијата се посомневала во индиски државјанин за нејзината смрт, кој, според медиумските извештаи, бил нејзин партнер, пишува руски Комерсант. Мажот што бил во собата со неа отишол кај персоналот на хотелот и пријавил дека жената починала. Полициската станица во покраината Чонбури добила пријава за случајот околу 11:30 часот по локално време во петокот. Според досегашните информации, на инцидентот му претходела расправија што избувнала околу 4 часот наутро. Неколку часа подоцна, самиот осомничен ги известил персоналот на хотелот за смртта на Русинката. Знаци на борба во собата Истражителите од Тајланд потврдија дека пронашле знаци на борба во собата. Според медиумските извештаи, покрај телото се пронајдени скршено огледало и парчиња стакло, а во собата се видливи и траги од крв. Kommersant reports that a 27-year-old Russian woman has been found dead in a hotel room in Pattaya, Thailand, following an altercation with her 41-year-old Indian boyfriend. The woman, identified as Renata Siraeva from Yoshkar-Ola, was a professional cosplayer who frequently travelled to Thailand, according to SHOT. The room reportedly contained a broken mirror and traces of blood, while her boyfriend admitted to police that they had fought and that he had struck her in the face. He claims he subsequently went to sleep and discovered her body the following morning. SHOT reports that investigators are also considering suicide after finding nearly empty medication packets in the room, but the exact cause of death remains undetermined, with forensic examinations continuing. — Brian McDonald (@BrianMcDonaldIE) November 28, 2026 Истрагата е во тек Точната причина за смртта сè уште не е утврдена и телото е пренесено на обдукција. Судските експерти работат на случајот. Осомничениот наводно изјавил дека за време на расправијата се случила физичка пресметка.Тагови: Русинка Тајланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter