3И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии
ЗабаваТајните на серијата„Сексот и градот“:Славното бело здолниште кое го носеше Кери крие голема тајна (видео)Воведната шпица на популарната серија „Секс и град“ препознатлива е по славното бело здолниште од тил кое го носи Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) додека заводливо шета по улиците на Њујорк.Веќе на прв поглед многумина девојки се „вљубија“ во ова парче облека, а кога ќе ја дознаете тајната која ја крие лелеавото здолниште, набрзо и вам ќе ви стане омилено! Кери Бредшо – вљубеник во модата и вистински фашиониста. Пример за многумина и омилениот лик од серијата „Секс и град“. Прва асоцијација кога ќе помислите на Кери и нејзиниот лик е бело здолништето од тил. Познато е дека Кери Бредшо, инаку Сара Џесика Паркер која го толкува овој лик, трошеше вистинско богатство на облека од познатите дизајнери. Од кога е снимена серијата во јавноста е застапена приказната дека цената на здолништето од воведната шпица била доста висока, како и дека станува збор за креација на познатата Шанел, но… Главната костимографка Патрисија Филд открил дека најпознатото модно парче кое Кери Бредшо го носела е всушност најевтиното кое некогаш се нашло во нејзиниот плакар! Имено, таа здолништето го купила на распродажба за само пет долари! Ако ви е полесно, кога станува збор за нашата валута околу 280 денари. Патрисија го купила здолништето на една пазар, ја споила со топ маичка во нежно розова боја и црни сандали. Се останато е историја…. Здолништето од тил по оваа серија станало толку популарно што и Патрисија почнала да креира свои верзии. Иако не биле евтини како оригиналното здолниште, кое Кери го носеше, ените ширум светот постојано ги купуваат. Happy Easter. Tag your besties A post shared by Carrie Bradshaw (@carrie_br4dshaw) on Mar 26, 2016 at 7:43am PDT Left or right? #satc #sexandthecity #carriebradshaw #sjp #sarahjessicaparker A post shared by Carrie Bradshaw (@carrie_br4dshaw) on Nov 16, 2016 at 2:00am PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско селоЗајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село со цел поддршка на децата и намалување на последиците од семејно и врсничко насилство.Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ја зајакнуваат меѓусебната соработка со цел навремена поддршка на децата, родителите и семејствата, како и превенција и намалување на последиците од семејното и врсничкото насилство. Во пресрет на новата учебна година, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари работна средба со националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, и претставници на организацијата, на која беа разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката и реализација на заеднички активности на локално ниво. Посебен акцент беше ставен на Методологијата за јакнење на семејства и Методологијата за позитивно родителство, кои преку стручен и системски пристап овозможуваат рано препознавање на ризиците, превенција и соодветна поддршка на децата и нивните семејства. На средбата се разговараше и за можностите Општина Ѓорче Петров да даде дополнителна поддршка на програмите и активностите на СОС Детско село, како и за промоција и развој на згрижувањето како важен сегмент во системот за заштита на децата. Градоначалникот Стојкоски истакна дека грижата за децата и семејствата е еден од неговите лични и институционални приоритети. -Како градоначалник, но и како човек и родител, верувам дека заштитата на децата не смее да биде само формална обврска на институциите, туку постојана и лична заложба. Моја цел е ниту едно семејство да не остане само кога му е потребна помош и ниту едно дете да не остане без навремена поддршка, заштита и грижа. Ќе продолжам лично да поддржувам иницијативи кои создаваат посилни семејства и побезбедна средина за нашите најмлади - истакна Стојкоски. Преку понатамошната соработка, Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ќе работат на координиран пристап на терен, со цел создавање безбедна семејна и училишна средина, јакнење на родителските капацитети и навремена поддршка на семејствата кои се соочуваат со различни предизвици. Општина Ѓорче Петров останува посветена на креирање локална заедница во која секое дете ќе има услови да расте безбедно, достоинствено и опкружено со грижа и поддршка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаПродолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во прилепско на 24 августПродолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во прилепско на 24 август. До крајниот рок, 1 септември, се поднесени 154 барања на земјоделците за причинетите штети на тутунот и на црвената пиперка – ајварка.„Барањата ги поднесоа земјоделците од реоните на населените места мало и големо коњари и мажучиште. Првичните проценки укажуваат дека од 30 до 40 проценти има штети кај тутунот, а многу поголеми, од 60 до 80 проценти се штетите на насадите со црвената пиперка – ајварка, вели Николче Карапеески, претседател на комисијата за проценка на штети и раководител на подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп. Комисијата е постојано на терен и веќе 70 проценти од поднесените барања се проценети. Очекуваме до крајот на неделава да заврши проценката на теренот. Потоа ќе се подготви елаборатот кој ќе чека усвојување од општинскиот совет за потоа да биде доставен до владата која го дава крајниот збор за процентот на обесштетување на земјоделците – објаснува Карапеески. Инаку, невремето од 24 август проследено со дожд, силен ветер и град направи големи штети и во Општина Долнени каде најмногу настрада тутунот, од 50 до 100 проценти.Тагови: невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеРекорд во ксенотрансплантацијата: Свињски бубрег функционирал во човечко тело 271 денНаучниците прават нов чекор кон иднината на трансплантацијата – со помош на генетски модифицирани свињи се истражува можноста нивните органи еден ден да се користат кај луѓето. Трансплантиран свински бубрег функционирал во телото на маж од Соединетите Американски Држави цели 271 ден, со што е соборен рекорд. Во меѓувреме, за пациентот бил пронајден и човечки донор. Американските лекари велат дека досега не е забележано животински орган толку долго да функционира во човечко тело. Тие додаваат дека органите од свињи би можеле да се користат како „мост“ додека пациентот чека да се појави соодветен човечки орган за трансплантација. Пациентот Тим Ендруз изјавил дека операцијата му дала надеж и му овозможила да не оди секојдневно на дијализа, пренесува Би-Би-Си. Свинскиот бубрег на крајот престанал да функционира и бил отстранет. Поради тоа, Ендруз морал кратко време повторно да оди на дијализа, пред за него да биде пронајден човечки донор. Лекарите последниве години интензивно ја истражуваат ксенотрансплантацијата, односно употребата на органи од други видови, поради хроничниот недостиг на органи за трансплантација. Во САД околу 100.000 луѓе чекаат на трансплантација на бубрег, додека годишно се изведуваат околу 25.000 трансплантации. Свињите се сметаат за едни од најпогодните животни за ксенотрансплантација. Нивните органи се приближно соодветни по големина за човечкиот организам, а постои и долгогодишно искуство во нивното одгледување. Истражувачите развиле таканаречени џуџести свињи од Јукатан, кои биле подложени на дури 69 генетски модификации, со цел нивните органи потенцијално да можат да се користат за трансплантација кај луѓе. Фото: Marion Streiff from PixabayТагови: бубрег свиња Трансплантација човек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook