ЖивотТајните на мексиканскиот нарко бос Ел Чапо, спектакуларното бегство од затвор и зошто е можно никогаш да не биде најден!Мексиканскиот нарко бос Хоакин Гузман познат како Ел Чапо кој по втор пат во 14 години избега од високо обезбедуван затвор, ја предизвика најголемата потера во историјата. По втор пат за 14 години тој ги посрами безбедносните служби и избега низ тунел долг една милја, кој во затворот Алтиплано бил граден со месеци.Криминалниот „мастермајнд“ западните медиуми го претставуваат како најбараниот криминалец во светот по Осама Бин Ладен. „Легендарните бегства на Ел Чапо можеби не треба никого да изненадат ако се знае неговиот лукративен и беспрекорно воден криминален бизнис кој вклучува беспоштедни војни со други нарко картели кои резултирале со смрт на десетици илјади луѓе“ пишува Дејли меил. Експертите сега предвидуваат дека човекот кој два пати успеа да избега од строго контролирани затвори, и со децении и бегаше на полицијата, најверојатно веќе никогаш нема да биде фатен. Бегство од затвор Хоакин Гузман избега нешто пред 21 часот во неделата. Бегството беше откриено откако Гузман влезе во просторијата за туширање во својата ќелија, и не излезе од таму. Кога тоа им се видело сомнително на чуварите, влегле во ќелијата и останале шокирани кога ја виделе дупката на подот во која имало поставено скали! Ги чекало уште поголемо изненадување. Под скалите почнувал широк, импресивен тунел, со вентилација и систем за осветлување, изведен по високо професионални стандарди! Експертите сметаат дека не го ископал Гузман овој тунел. Во него е пронајден и мотор со кој веројатно е вадена земјата, внесувани потребните алати, а можел да послужи и за самото бегство. Тунелот водел до сива градба една каде веројатно Ел Чапо го чекала облека да се пресоблече, и да продолжи кон слободата. Градбата била купена пред 6 месеци од некој кој се нарекувал себеси Ел Шепард. Тој, според соседите, постојано купувал градежни материјали тврдејќи дека на местото на градбата ќе подигне куќа, но никогаш не изградил ништо. По бегството на Гузман, полициски хеликоптери се обидоа да го лоцираат, аеродромот беше затворен, но од него ни трага ни глас! Ова не е прв пат Гузман да избега од затвор пред носот на чуварите Тој прв пат бил фатен 1993 во Гватемала, а потоа екстрадиран во Мексико и осуден на 20 години затвор за криминали поврзани со дрога и убиства. Во затворот преку потплатувања, тој си обезбедил кокаин, вијагра која често ја користел, проститутки и скапа храна. Некои велат дека го претворил затворот во хотел со 5 ѕвезди! Во 2001 извел спектакуларно бегство од затворот Јалиско. Има повеќе верзии како го извел бегството, но сигурно е дека имал помош од затворските чувари кои по инцидентот биле осудени за тоа. Подоцна се откри дека тоа бегство било овозможено преку подмитување и заплашување на дури 78 луѓе - а Ел Чапо го чинело 2,5 милиони долари. По бегството 13 години успешно и се криел на полицијата. Секогаш од локалните жители успевал да дознае кога потерата ќе му се доближи, голем дел од куќите имале челични врати а во бањите имал тунели низ кои можел да избега. Фатен е во февруари 2014 во помала куќа на Пацифичкиот брег каде се криел со младата сопруга и нивните близначки. Ел Чапо е најпознат по изградбата на тунели кои ги поврзуваат Месико и САД и преку кои тој шверцувал огромни количества на дрога во САД. Првиот тунел го изградил во доцните 1980-ти, кога ангажирал архитект да проектира подземен премин од Мексико во САД. Стекнал „слава“ во светот на нарко бандите поради брзината со која ја пренесувал дрогата во САД. Иако овој тунел бил откриен, нарко - бандите не престанале да го користат „изумот“ на Ел Чапо - од тогаш пронајдени се над 100 тунели за илегален трансфер на дрога од Мексико во САД. Ел Чапо морал да измисли нови начини за шверц - со подморници, на трактори, во фрижидери, па дури и со катапултирање на кокаинот преку граница! Ел Чапо го напуштил училиштето на 8 годишна возраст за да бере портокали со неговиот татко. На 15 години почнал да продава кокаин. Во осумдесеттите бил регрутиран од босот на Гвадалахара картелот Мигел Ангел Феликс Галардо. Работата на Ел Чапо била да контактира со шверцерите со дрога од два колумбиски града и да обезбеди шверц на кокаинот во САД, Европа и во Азија. Наскоро се искачил на врвот од хиерархијата на картелот како криминален „мастермајнд“ кој ги знае сите трикови. Наскоро санал еден од најбогатите и најмоќни луѓе и тоа не само во Мексико. Ова е сопругата на Ел Чапо. Победничка на избор за Мис, тој ја зел за жена веднаш штом наполнила 18 години. Се венчале на раскошна церемонија во централно Мексико во 2007, а на свадбата присуствувале и полицајци! Ема Коронел (внука на друг нарко бос, Начо Коронел) на Ел Чапо во 2011 му роди две ќерки - близначки. Се верува дека таа е втора или трета сопруга на Ел чапо. Во 2008 неговата љубовница Зулема Хернандес е пронајдена мртва багажник од автомобил а на нејзиното тело била напишана буквата З. По смртта на Осама Бин Ладен, Гузман е најбараниот човек од Интерпол и Еф Би Ај Во насилствата меѓу картелот на Ел Чапо и другите нарко картели се проценува дека загинале 100 000 луѓе. Во тие пресметки, страдале и луѓе од семејството на Ел Чапо. По нарачка на Артуро Бертран Леива, поранешен соработник на Ел Чапо, биле убиени еден од браќата на Ел Чапо ( во 2004 во затвор) и син додека бил во прошетка во шопинг мол во 2008 година. Мигуел Ангел Мартинез е неговата десна рака. И покрај парите и моќта Ел Чапо живеел таинствен живот,без фанфари. Дел од фолклорот во неговата земја е да се нагаѓа каде се наоѓа Ел Чапо, но тоа никогаш не може да се знае. Од време на време тој знаел со својата бројна придружба да влезе во ресторан. Тогаш еден од неговите ќе ги соберел телефоните на секој втор човек во ресторанот, ќе вечерале, а по завршувањето на вечерата ќе им ја плателе сметката на сите затекнати во тој момент во ресторанот, ќе им ги врателе телефоните и ќе заминеле... Мексико понуди награда од 3,8 милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на Ел Чапо. / извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
БалканСе обрати Вучиќ пред конститутивната седница на Собранието (ВИДЕО)Лидерот на опозицијата Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните на Србија во Домот на Народното собрание.Тој одлучи да им се обрати на граѓаните по хаосот во пресрет на конститутивната седница на Народното собрание. Актерката Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт, а ова не беше единствениот непријатен инцидент што се случи пред парламентот за време на собирот на граѓаните. Актерот Бранислав Лечиќ, кој е на 15-то место на листата собрана околу СНС, беше пречекан со свирежи и неодобрување додека минуваше низ толпата луѓе што претходно се собраа во паркот Пионирски за да ги испратат идните пратеници од Студентската листа во Парламентот. - И покрај напорите на политичките стјуардеси во Народното собрание, таканаречените нови блокади што ги назначивме на функцијата шеф на Народното собрание и благодарение на секретарот на Народното собрание, успеавме да им се обратиме. Имено, околу 560 присутни претставници на студентските листи ги нападнаа пратениците кои размислуваа поинаку, вербално и физички. Полицијата воопшто не реагираше, ги пушти некои од луѓето да поминат низ најтешките моменти во животот, се преправаа дека не гледаат ништо, за да докажат и покажат покорност и полусрдечност кон новите власти. - Вербално го нападнаа Бранислав Лечиќ, актерот, пратеникот Јосифовиќ Кубуровиќ, а Лидија Вукиќевиќ беше физички нападната, ја влечеа за коса, за половина и ја истураа со јогурт, жена која ја задолжи цела Србија со своето уметничко дело, денес беше виновна само затоа што размислува поинаку. Мора да се знае кој го организираше ова, ова не падна од небо, ова не се случајни поединци, ова се луѓе поканети да дојдат да предизвикаат хаос, да дојдат во Пионерскиот парк, ги покани СЛ. Ако пратеникот не се чувствува безбедно пред Народното собрание, тогаш разбирате за каква демократија зборуваме. - Патем, Радиша Павловиќ во Крагуево и неговата куќа беа нападнати и синоќа. Четири бандити упаднаа во неговата куќа, го нападнаа него и неговото семејство. Исто како вчера, член на пленумот и истакнат член на Демократската партија, мавтајќи со жиро нож, им се закануваше на луѓето дека ќе ги заколат. Тешко е да си ја работиш работата во таква земја, но ние ќе ја работиме и ќе ги заштитиме интересите на Србија - рече Вучиќ. Обраќање на Лидија Вукиќевиќ - Се чувствувам многу лошо затоа што бев нападната од Срби. Целиот мој живот и целата моја кариера ја посветив на Србија и на нашиот народ, на тоа да ги направам среќни и да дадам се од себе. Дојдовме во таква ситуација што не се чувствувате безбедно пред Народното собрание, но каде ќе бидете тогаш, на кое место? Дојдов и, и покрај сите неартикулирани звуци и навреди, се насмевнав и ги поздравив затоа што луѓето имаат право да размислуваат поинаку, но јас сум без зборови пред оваа количина на примитивизам и вулгарност. Прво почнаа да ме влечат одзади, потоа ме влечеа за коса, потоа ми истурија јогурт, затоа што тоа е неприфатливо. Тие се слаби како поединци, но кога се во група, се многу силни. Никогаш нема да се согласам со она што го прават, ќе размислувам вака до крај и никогаш нема да се плашам дека ќе ми се налеат уште 30 литри јогурт, да прават што сакаат, но само ве прашувам каде оди оваа земја и кој има намера да управува со оваа земја кога пратеник не е безбеден пред Парламентот. Во исто време, од 50-те или повеќе полицајци што беа напред, никој не реагираше, срам да ви е, срам - рече таа низ солзи. Потоа Вучиќ продолжи: - Им се обраќаме на мнозинството од нашиот народ, чесни и чесни луѓе кои не можат да го разберат ова и нема да го прифатат и сум горда на фактот дека во нашите 14 години, никој никогаш не го доживеал ова. Слободата ќе се врати во Србија многу побрзо и многу побрзо. Денес, ние ќе претставуваме еден милион и 740 илјади луѓе на достоинствен и чесен начин, нема да спречиме никого да зборува, а нашата пратеничка група ќе се вика Александар Вучиќ „Србија победува“, бидејќи сакавме да избегнеме секаков вид конфликт и сакавме да покажеме надеж дека оние што треба да ја водат земјата ќе можат да се однесуваат цивилизирано, а не да вршат терор. Ќе поднесеме кривични пријави против оние во полицијата кои беа одговорни за обезбедување на мирот и редот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Балкан Се урна воен авион во Србија, нема официјална потврда за жртви- леталото гори среде нива (ВИДЕО)Авион на српската армија се урна на поле помеѓу Нова и Стара Пазова, а според неофицијални информации, станува збор за борбен авион МиГ-29.Фотографиите од местото на несреќата го покажуваат воениот авион во пламен на отворено поле. Во моментов нема официјална потврда дали има жртви или повредени во оваа несреќа, иако се стравува дека има жртви, објави Телеграф. Бројни екипи за противпожарна заштита, брза помош, полиција и воена полиција веднаш беа испратени на местото на несреќата, обезбедувајќи го местото на несреќата. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Причината за несреќата засега е непозната, а повеќе детали ќе бидат познати по официјалното соопштение од надлежните органи и истрагата. View this post on Instagram A post shared by SERBIA LIVE - VESTI (@serbialive_vesti) Тагови: воен авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДесетици повредени во железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза на влез во станицата (ВИДЕО)Два воза се судрија утрово во близина на главната железничка станица во Прага. Според противпожарната служба, на местото на настанот се повредени десетици лица, од кои некои се сериозно повредени.Вклучени се сите служби за итни случаи и спасување. Железничкиот сообраќај на линијата во правец на Вишочани и Либња е прекинат. Ова е според информациите од службите за итни случаи, Управата за железници и Чешките железници, објави Блеск. Несреќата се случила околу 7 часот наутро на мостот преку улицата Сејфертова, во третиот округ во Прага. Се судриле два патнички воза, кои се движеле со помала брзина. Според портпаролот на противпожарната служба во Прага, Мирослав Резач, несреќата не била катастрофална. „Пожарникарите реагираат на местото на итната состојба како дел од второто ниво на тревога. Примарна задача е да се тријажат повредените“, рекоа пожарникарите. Според нив, немало потреба да се извлекуваат патниците од остатоците од возовите. Všechny složky IZS zasahují u srážky dvou vlaků u Hlavního nádraží na přemostění se Seifertovou ulicí v Praze 3. Na místě je několik zraněných osob. https://t.co/33NUSn7zjI — Policie ČR (@PolicieCZ) November 17, 2026 Повеќето луѓе претрпеле полесни повреди, но некои се потешко повредени. „Евидентиравме неколку сериозно повредени лица кои беа во опасност да ги изгубат своите основни животни функции“, изјави портпаролот на прашката брза помош Карел Кирс за новинарите. Сите оние со сериозни повреди веќе се пренесени во болниците во Прага. Десет екипи на брза помош и четири медицински екипи се на местото на настанот. Спасувачките служби имаат на располагање и специјално возило за евакуација. „На местото на настанот е испратен и тим за посттрауматска нега за да им пружи психолошка поддршка на погодените од инцидентот“, соопшти противпожарната служба. Министерот за транспорт Иван Беднарик, кој дојде на функцијата со поддршка на партијата СПД, ја опиша несреќата како многу сериозен инцидент. Според него, најважно е да им се пружи помош на повредените сега. „Според најновите информации, сите патници од двата воза веќе требало да бидат евакуирани. Им посакувам на сите брзо закрепнување и им се заблагодарувам на спасувачките служби за нивните напори“, рече министерот, додавајќи дека Железничкиот инспекторат веќе ги истражува причините и околностите на несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00