Тајни израелско-сириски преговори за нормализација на односите, со посредство на ОАЕ - Канал 5

Тајни израелско-сириски преговори за нормализација на односите, со посредство на ОАЕ

Сирискиот претседател Ахмед ал Шара се сретнал со висок израелски претставник во Абу Даби, со посредство на Обединетите Арапски Емирати, објави либанскиот медиум „Ал Мајадин“.

Тајни израелско-сириски преговори за нормализација на односите, со посредство на ОАЕ

Според неколку меѓународни извори, преговорите за нормализација на односите меѓу Сирија и Израел во последните недели значително се интензивирале. Средбата се одржала вчера, а сирискиот претседател разговарал со советник за национална безбедност од израелската Влада. Според изворите, средбата била директно координирана од претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед.

Двајцата функционери пристигнале во Емиратите со одделни летови во речиси исто време.

Средбата, што се одржа во главниот град Абу Даби, се смета за значителен исчекор во тајните преговори за нормализација меѓу Дамаск и Тел Авив. Извори велат дека е воспоставено и ниво на координација меѓу нови сириски безбедносни структури и израелската Влада.

Еден од клучните резултати од средбата, според истите извори, бил понуден компромис од страна на ал Шара во врска со окупираната Голанска висорамнина, во замена за меѓународна поддршка за зачувување на неговата власт.

На маса се и преговори за воспоставување три демилитаризирани зони во јужна Сирија, кои ќе ги опфатат провинциите Дараа, Кунеитра и Ас-Сувеида. Во овие зони би било повлечено тешкото вооружување од воените бази, а сириските воени и полициски сили би можеле да користат само лесно вооружување.

Израелски медиуми објавија и дека сириски бизнисмен и политички активист неодамна го посетил Кнесетот, каде што, наводно, пренел порака од Ал Шара во која се изразува интерес за нормализација на односите со Израел.

Според истиот извор, бизнисменот изјавил дека Ал Шара верува оти регионот се наоѓа пред „можности што се појавуваат еднаш во векот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Беспилотно летало погоди прометна плажа на Црното Море во јужна Русија, при што загинаа седум лица, меѓу кои и три деца, соопштија локалните власти.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Вкупниот број на повредени достигна 40, а 17 лица се однесени во болница, Русија ја обвини Украина за „намерен напад врз цивили“. Украина не даде коментар. Не е јасно што целел дронот. Некои украински канали на Телеграм тврдат дека се урнал на плажата како резултат на електронско војување кое го попречило сигналот на дронот. Несреќата се случила на плажа во близина на селото Архипо-Осиповка на Црното Море. Со својата топла клима, долги плажи и развиена туристичка инфраструктура, таа е популарна дестинација за одмор за русите, особено откако санкциите ги ограничија меѓународните патувања за многумина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија и бара имунитет, додека резултати нема!

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јавно призна дека води разговори за судбината на земјата, но дека тие се тајни.

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија и бара имунитет, додека резултати нема!

Не постои нормална земја во која министер за надворешни работи кажува дека разговорите за иднината на државата се тајна за нејзините граѓани.

Како може иднината на Македонија да биде тајна?

Во исто време, Муцунски бара политички имунитет за МНР: „Целата Влада може да се критикува - само МНР не.“

Тоа е неприфатливо.

МНР не е институција над Владата. Тоа е дел од истата Влада што две години нема отворено ниту еден кластер, што ги проби роковите за реформи (ветени до 1 јуни) и што единствен „резултат“ што го нуди е наративот дека опозицијата нема право да зборува.

Муцунски тврди дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“.

Но фактите се поинакви.

Самите функционери на ВМРО ги признаа успесите на претходната влада:

• Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“;

• Претседателката Сиљановска-Давкова потврди дека идентитетот, јазикот и културата се целосно заштитени и апсолвирани;

• Самиот Муцунски денес зборува за бенефитите од членството во НАТО - иако ВМРО со години беше против тој процес.

Значи сите тројца го пофалија она што претходната влада го направи.

За какви „попуштања“ тогаш зборува Муцунски?

Претходната влада работеше транспарентно.

Оваа влада работи зад затворени врати.

Единствената „тајна“ што постоеше тогаш беше лажната пропаганда на ВМРО и Латас - истата што продолжува и денес.

Реалноста е јасна: актуелната надворешна политика сѐ повеќе се движи меѓу влијанието на „српскиот свет“ и рускиот фактор, наместо јасно европско позиционирање.

Прашањето до граѓаните е едноставно:

По сите лаги со кои ВМРО дојде на власт, по сите лаги со кои Мицкоски и ВМРО-ОКГ владеат -

Дали верувате на Тимчо Муцунски и на неговите тајни разговори што ги води во ваше име?

Дали му верувате на Христиан Мицкоски?

Критиката кон МНР не е напад на државата.

Тоа е обврска кога надворешната политика се партизира и кога нема никакви резултати.

Ако МНР навистина работи во интерес на Македонија - зошто преговорите се тајни и зошто граѓаните на Македонија не можат да знаат што се договара?

Ако Тимчо бара имунитет и тајност - проблемот е многу подлабок.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Светот црта – Велес изложува“: Рекорден број на дела на Меѓународниот стрип конкурс

Велес уште еднаш докажува дека е значаен фактор  на меѓународниот  стрип. 

„Светот црта – Велес изложува“: Рекорден број на дела на Меѓународниот стрип конкурс

Најновото издание на Меѓународниот стрип салон и традиционалната Стрип колонија, организирани од Стрип центарот на Македонија (СЦМ-Велес), започнува во знак на историски успеси – голем бран на пријавени дела на меѓународниот конкурс. Притоа, велешкиот стрип Салон јасно го истакнува чистиот стрип како култура по себе, (без никакви дополнителни општествени и креативни додатоци ) впрочем и самата стрип култура во себе состои повеќе култури, социјални пораки и уметнички светови. Овие манифестации се финансирани од страна на Министерството за култура на Република Македонија, како и Општина Велес.

Традиционалниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ привлече огромен број на уметнички трудови, соборувајќи ги сите досегашни рекорди. Како што извести Томе Трајков од организацискиот тим, наместо ланскиот рекорден број на примени стрипови од 396 автори, годинава нивните пријави се многукратно надминети,(497) со што конкурсот го достигнува својот историски врв по масовност на пријавени уметници од целиот свет.

Во пристигнатите трудови доминираат стрипови од македонски автори од разни генерации и градови, што ја потврдува домашната уметничка сила и силниот континуитет на сцената. Сепак, конкурсот има силен глобален карактер — на него масовно учествуваат автори од балканските држави, но и од далечната Азија, Полска, па сè до Нигерија, со што Велес се зацврстува како светска престолнина на деветтата уметност.

Централниот настан и свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон, придружено со прогласувањето на најдобрите трудови, ќе се одржи на 19 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Европската куќа (Europe House) во Велес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер