Тајната од Мексико: Потресната приказна за заборавениот натпреварувач - Канал 5

Тајната од Мексико: Потресната приказна за заборавениот натпреварувач

Од фотографијата од Олимписките игри во Мексико, заборавен е белецот чиј живот после тој момент повеќе никогаш не беше ист.

Тајната од Мексико: Потресната приказна за заборавениот натпреварувач
Во Америка 1968 година беше поприлично мрачна за црнечкото население – убиени се Мартин Лутер Кинг и Боби Кенеди, а црнечката заедница никогаш не била во пола ситуација во модерната историја.

Истата година се одржани Олимписките игри во Мексико сити. Во финалето на трката на 200 метри првите три мести ги зазедоа двајца Американци и еден Австралијанец. Томи Смит го зеде златото, неговиот сонародник Џон Карлос бронзата, а Питер Норман среброто.

Смит и Карлос на победничкиот пиедестал се качија босоноги, а кога ги примија медалите, подигнаа стиснати тупаници на кои се наоѓаа црни ракавици. Тоа беше силна порака за поддршка за човековите права кои во Америка во тоа време беа загрозени.

Нивниот потег беше навистина храбар, бидејќи после враќањето во Америка буквално ги чекаше линч и казни. Дигањето на гласот против репресијата на еден толку голем настан не можеше да помине без последици. Но, од фотографијата е заборавен белецот, кој на прв поглед изгледа како да незаинтересиран за тоа што се случува зад неговиот грб.

Меѓутоа, токму од тој момент започнаа проблемите за Норман кои го пратеа до крајот на неговиот живот.

Во тоа време во Австралија владееја строги закони за апархејдот, слични како оние во Јужна Африка. Таму се одржуваа протести поради забраната за доаѓањето на мигранти кои не се белци, како и дискриминацијата на локалното абориџинско население.

Foto: Screenshot

Норман изненади многумина, а во финалето сите го сметаа за аутсајдер кој случајно остварил еден добар резултат во полуфиналето. Меѓутоа, Норман направил вистинско чудо и во последните сто метри го престигнал Карлос. Неговиот резултат бил 20.06 секунди, што и денес, после 47 години е национален рекорд на Австралија.

Пред да отиде на победничкиот пиедестал и да го прими медалот зборувал со американските спринтери.

„Дали веруваш во човековите права?“ – го прашале.

„Верувам“.

„А во Бог?“

„Јас сум голем верник“.

„Тогаш тоа што имаме намера да го направиме е поголемо од било која спортска победа“ – му рекле Томи и Џон.

„Со вас сум“ – им рекол Австралијанецот и ги збунил со својата поддршка.

„Мислев дека ќе видам страв во неговите очи, но видов љубов“ – изјави Карлос.

Американците се одлучиле на своите тренерки да стават беџови на кои пишува „Олимписки проект за човекови права“, пишува „Films For Action”, со кои се означувала припадност на движењето за рамноправност во спортот.

Сакале да излезат боси бидејќи, тоа бил симболот за сиромаштија на црнечката популација, а потоа се сетиле и на црните ракавици, уште еден симбол во борбата за рамноправност.

Меѓутоа имале само еден пар, па Норман им предложил секој да стави само по една ракавица, а потоа од нив побарал и беџ за и тој да го стави на својата тренерка и со тоа да им даде поддршка.

Норман не можел да го види моментот кога Карлос и Смит ги подигнале рацете, но знаел што се случува.

„Се ми беше јасно додека разговарав со нив. Кога чув како гласот кој ја пееше американската химна прекина со изведбата и на стадионот завладеа тишина, знаев дека својот план го спровеле во дело“.

Смит и Карлос во истиот момент се суспендирани од американската олимписка екипа и исфрлени се од олимпиското село. После враќањето во Америка добиле низа закани со смрт и се соочиле со сериозни последици.

Меѓутоа, ја добиле поддршката од оние кои размислувале како нив, а откако поминал тој бурен период, станале херои и добиле дури и споменик пред Универзитетот во Сан Хозе.

Но, на споменикот кој го претставува моментот од Олимписките игри го нема Норман. Избришан е, исто како што е избришан и во сопствената држава, Австралија.

Четири години подоцна Норман не го повикале за ОИ во Минхен, иако го држел националниот рекорд и ја соборил квалификационата норма за трката на 200 метри дури 13 пати, а за трката на 100 метри пет пати.

Бил разочаран и престанал професионално да се занимава со атлетиката и се посветил на аматерскиот спорт. Меѓутоа и тука го чекало разочарување. Неговата фамилија се откажала од него, како и колегите од олимпискиот тим.

Foto: Screenshot

„Додека ние добивавме се поголема поддршка. Питер беше сам против целата држава, страдаше“ – се присети Карлос.


Од Олимпискиот одбор му било понудена работа на Норман но под услов да го осуди потегот на своите американски колеги. Не се согласил на тоа и поради таа одлука со децении плаќал висока цена. Не можел да најде работа, едвај преживувал. Бил отфрлен од сопствената земја.

Иако бил државен рекорден не е повикан на ОИ во 200 година кога Сиднеј беше домаќин. Повикот да дојде во Сиднеј го доби од американскиот спринтер Мајкл Џонсон, кој два дена пред почетокот на игрите го прослави својот роденден.

Шест години подоцна, во 2006 година, Норман почина од срцев удар. Не го дочека извинувањето од државата и Олимпискиот одбор. Тоа беше направено дури во 2012 година во австралискиот парламент.

На неговиот погреб ковчегот го носеа Томи Смит и Џон Карлос.



YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата.

Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението.

Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Деветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Осомничениот бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија, објавија српските медиуми..

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на А. А. му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

Според сомненијата, на 8 август минатата година, на улицата „Народни херои“ во Белград, осомничениот испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Белгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. 

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола.

Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години.

Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера.

Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер