ЖивотТајната на долговечноста: Пијте кафе, јадете во исто време, погледнете се голи во огледало!Светски познатиот специјалист за канцер д-р Дејвид Агус во својата книга советува мали животни промени кои можат да ви донесат долг и здрав живот.1. Прво и најважно - не заборавајте од време на време голи да се погледнете внимателно во огледало. Прегледајте дали ќе забележите некои невообичаени промени на своето тело кои може да не ги чувствувате, а да сигнализираат за некој проблем. Погледнете дали имате промени на кожата, на градите, погледнете ги ноктите и косата и внатрешноста на устата. Ако нешто ви изгледа чудно - веднаш на лекар! 2. Избегнувајте ги скенерите на аеродромите. Д-р Агус советува да побарате да ве претресат. Науката се уште не докажала дека скенерите се безбедни. 3. Фрлете ги неудобните чевли, избегнувајте високи потпетици. Неудобните чевли можат да направат проблеми на целиот систем. 4. наутро напијте се чај или кафе. Слушнавме бројни предупредувања за штетното влијание на кофеинот кој наводно предизвикува проблеми со срцето, притисокот, остеопороза, дури доведува и до рак, но бројни научни студии го докажуваат спротивното. 5. Секој ден јадете во исто време. Оваа утврдена рутина ќе го намали стресот на вашиот организам.Ако сте го научиле организмот да јаде напладне и почувствувате глад а не јадете, ќе се активира стрес хормонот кортизол, кој на телото му вели да ги сочува мастите и енергијата. Значи, ако не јадете кога телото го бара тоа, ќе ги саботирате напорите да изгубите тежина или да ја задржите постоечката со која евентуално сте задоволни. 6.Вакцинирајте се од грип. Ако се поштедите од оваа болест ќе ги подобрите шансите да не добиете срцев напад, удар или канцер.Д-р Агус вели дека стравот од штетноста на вакцината нема основа. 7. Станете! Има голема врска меѓу долготрајното седење и дебелината, дијабетесот, кардиоваскуларните болести и раната смрт! И запаметете - и два часа дневно вежбање не се доволни да ги поништат негативните ефекти од 22 часа седење или лежење. Бидете активни! Одете по скали! Движете се! 8. Престанете да се подгрбавувате! Лошото држење на телото доведува до главоболки, артритис,лоша циркулација, болки во мускулите, тешко дишење, лошо варење на храната, констипација, невролошки проблеми...Вежбајте, одете на пилатес, на јога, исправете се! 9. Користете аспирин секој ден. Ќе го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести, дури и ризикот од рак на простатата, белите дробови и дебелото црево, за 46%! Но, за ова консултирајте се прво со својот лекар. 10. Не користете витамински суплементи. Телото создава само слободни радикали кои ги напаѓаат лошите клетки, дуир и канцерогените. Ако го „витаминизирате“ премногу, користите редовно антиоксиданси, ќе ја блокирате природната способност на телото да се бори и да воспоставува контрола. 11. Имајте деца! Многу е веројатно дека ако имате деца ќе живеете подолго од врсниците кои немаат. Децата не држат во активна состојба и ментален предизвик, додека да ги пораснеме! 12. Пијте црвено вино - ако сте жена една чаша дневно, мажите по 2. Драстично го намалува ризикот од срцева болест. 13. Насмевнете се. Ќе се ослободат ендорфинот и серотонинот кои ги намалуваат штетните нивоа на стресот. / извор: Дејли меилКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook