Тајната ќе ја однел в гроб ако сопругата не ги пронајдела белешките на таванот - Канал 5

Тајната ќе ја однел в гроб ако сопругата не ги пронајдела белешките на таванот

Малку пред Божик 1938 година, Николас Винтон од Лондон требал да оди на скијање во Швајцарија. Во последен момент сепак решил да оди за Прага и да му помогне на својот пријател кој ги спасувал прогонетите Евреи. Кога видел во какви услови живеат еврејските деца, Винтон решил да помогне. Направил се што можел за да спаси што повеќе деца и благодарејќи на него, биле спасени 669 деца од кои над 100 се уште се живи.

Тајната ќе ја однел в гроб ако сопругата не ги пронајдела белешките на таванот
Николас Винтон бил млад и успешен брокер на Лондонската берза. Претходно ја прошетал целата Европа, работел во Хамбург, Берлин и во Париз.
Кога пред Божик 1938 година се решил да патува за Прага, таму веќе бил неговиот пријател Мартин Блејк, кој го повикал да му помогне во спасувањето на еврејските бегалци.

- Страшен впечаток остави на мене глетката на камповите во кои беа сместени. Беше студено, а тие беа камповите. Повеќето од нив беа без семејства и пријатели околу себе. Веднаш можеше да се види дека состојбата е мошне лоша – изјавил подоцна Винтон во едно од интервјуата за BBC.

На Винтон веднаш му било јасно што треба да прави. Формирал организација која требаше да им помогне да бидат префрлени на безбедно место. Во својот хотел во Прага отворил канцеларија каде се издавале документи за патување во Англија. Наоѓал и домови во кои бегалците ќе бидат згрижени и финансиски гарантирал за нив.

- Никогаш ги немав видено децата. Некои од нив ги запознав на станицата во Ливерпул, но не сите – кажал тој за BBC.

Винтон на тој начин пронашол домови за 669 деца чии родители главно биле убиени во Аушвиц. Во хуманитарната работа му помагала и неговата мајка. Кога почнала војната, тој бил ангажиран во Црвениот крст, а во подоцна и се приклучил на војската и во 1944 година станал пилот.

После војната Винтон се повлекол од војската и на никој не му кажувал за своето херојско дело. Својата тајна ќе ја однел в гроб доколку неговата сопруга на таванот не ја пронајдеше тетратката со имиња на децата кои ги спасил и регистар на семејства во кои биле згрижени. Неговата сопруга, Грета, испратила писма на сите адреси и добила одговори од 80 деца. Тогаш приказната излегла во јавност и целиот свет дознал за храброто дело на Винтон, а тој гостувал во емисијата наречена „Тоа е животот“, на BBC. Во студиото биле и 20 „Деца на Винтон“.

Тој сега живее во Британија и н неодамна го прославил својот 104-ти роденден. Познат е и како „Британскиот Шиндлер“. Чешката влада во 2008 година го номинирала за Нобеловата награда за мир, но ја добил Марти Ахтисари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест

Сите летови на белгиските аеродроми утре ќе бидат откажани поради националниот протест против политиките на федералната влада.

Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел -  откажани сите летови поради националниот протест

Прекини се очекуваат и во јавниот превоз, при што ќе сообраќаат околу 60 отсто од автобусите и трамваите на јавниот превозник „Де Лијн“, соопштија надлежните служби.

Белгиската контрола на летање „Скајс“ соопшти дека нема да може да обезбеди редовно управување со воздушниот сообраќај, бидејќи дел од контролорите на летање ќе учествуваат во протестот. Поради тоа, авионскиот сообраќај ќе биде целосно запрен од 7 до 21 часот.

Од „Скајс“ наведуваат дека сепак ќе бидат обезбедени минималните услуги неопходни за итни случаи и други летови од клучно безбедносно значење. Безбедноста на воздушниот сообраќај, како што нагласуваат, останува апсолутен приоритет.

Сериозни нарушувања се очекуваат и во јавниот превоз во Брисел, како поради можното учество на вработените во штрајкот, така и поради протестниот марш.

Собирањето на демонстрантите е закажано за 10 часот кај северната железничка станица во Брисел, а протестниот марш кон јужната станица треба да започне во 11 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа повторно на улица: Протести во Франција и Португалија против растечките трошоци за живот

Илјадници луѓе повторно излегоа на улиците во Франција и Португалија, со барања за повисоки плати и пензии и подостапен дом, односно против растечките трошоци за живот.

Европа повторно на улица: Протести во Франција и Португалија против растечките трошоци за живот

Во Франција ова беше шеста последователна сабота на демонстрации. Според министерството за внатрешни работи, низ земјата протестирале над 80 илјади луѓе од кои над 20 илјади излегле на улиците во Париз. Иако бројот на демонстранти во Франција се намалува, организаторите велат дека протестите ќе продолжат.

Во Португалија, пак, домувањето веќе не е споредна социјална тема, туку едно од главните прашања на куповната моќ.

Илјадници луѓе протестираа на улиците во центарот на Лисабон. Според синдикатите, во протестот учествувале илјадници луѓе кои поминале на два од главните булевари во Лисабон со чадори и мантили поради обилните дождови. Полицијата не објави проценка за нивниот број.

Португалија се соочува и со една од најлошите кризи со домувањето во Европа. Цените на куќите се зголемија повеќе од двојно од 2017 година, а наемите според новите договори речиси двојно се зголемија, при што главно се засегнати младите луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..

Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола и цени на енергенсите најниски во регионот

ВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС

Тешко е да се биде СДС во опозиција изминатиов период.

До толку се дојдени во исклучително тешка состојба, што веќе ниту знаат каде тераат, ниту умеат да ги читаат официјалните податоци, па преминуваат на она што најдобро знаат, со лаги и манипулации да ги заплашуваат граѓаните дека недостигаат пари.

ПИОМ е во стабилна состојба, пари има и пензиите редовно се исплаќаат, ниту еден денар на граѓаните не е загрозен. Напротив, над 300 илјади пензионери за две и пол години добија покачување на пензиите за седум илјади денари.

Тоа им смета на СДС кои, очигледно, сакаат пензионерите да бидат како во нивно време, понижени, непочитувани и без соодветни примања за достоинствен живот.

СДС имаат замерки и за платите кои не знаат или не сакаат, да ги читаат официјалните податоци и показатели, или пак не им одговара што платите во сите сектори, согласно и со колективни договори, се зголемуваат. Пред некој ден Државниот завод за статистика излезе со официјални податоци за месец септември, според кои реалната нето-плата споредено со септември 2025 година е зголемена на 5,2%.

Од друга страна зборуваат за поскапувања, а не гледаат дека инфлацијата во Македонија е најниска од земјите во регионот и далеку под европскиот просек, а економски раст десетти квартал по ред, откако ВМРО-ДПМНЕ ја предводи владата, е над 3%.

А во ек на светска енергетска криза Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со преземените конкретни мерки и активности успева цените на нафтените деривати да ги задржи на најниско ниво од земјите во регионот.

Сумирано, пензиите се стабилни, покачени и тие редовно се исплаќаат, платите се зголемуваат, економијата се стабилизира и заживува, инфлацијата е под контрола и далеку под европскиот просек, а цените на енергенсите се најниски во регионот.

Исто така, сметаме дека и оваа не е доволно, затоа што граѓаните заслужуваат уште повеќе и подобри услови и животен стандард и за тоа ќе се бориме и ќе работиме секој изминат ден.

Така што, со вакви показатели во најтешка состојба се токму СДС. Нека им е со лесно, ние нема да се откажеме од подобар живот за македонските граѓани, за на нив да им биде полесно.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено и макотрпно да работи за повеќе инвестиции, повеќе капитални проекти, повеќе работни места и поголем економски раст.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер