ФормулаТајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок. „Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин. Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата. Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во зеленчукВо петок (19.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Спасенцовски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек половина тиквичка 1 рендан морков 1 зелена пиперка 1 црвена пиперка половина главица кромид кисела павлака масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси - реконструкцијата ја доведува власта до војна на клановиТендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните. Наместо Влада којашто работи за интересот на граѓаните гледаме отворена тепачка за фотелји, позиции и бизниси, која се заканува да премине во вистинска војна меѓу криминалните кланови. ЗНАМ, партијата која беше создадена и финансирана од Мицкоски, повеќе не постои. Преостанати се само двајца - Максим Димитриевски и Горан Минчев, кои сега се во директна борба за влијанија. Димитриевски има свој човек и го сака Министерството за земјоделство а од друга страна Минчев не го сака Министерство за земјоделство, бидејќи знае дека таму парите се скратени а земјоделците се крајно незадоволни. Филков сака да остане на позицијата министер за правда, за да може да ја контролира правдата, да ги спречува истрагите и да ги спроведува планираните тендери. Стравот од одговорност и од идни истраги е оној што го тера да се држи до Министерството за правда по секоја цена. Мицкоски, во меѓувреме, бара изговор за предвремени парламентарни избори. Буџетот е празен, а можностите за ново задолжување се исцрпуваат. Не може да си дозволи да не ги исплати пензиите. Затоа ќе се обиде да се задолжи до максимум, а кога повеќе нема да може - ќе побара излез преку избори. Досега не успеа да добие алиби од опозицијата. Сега се обидува да го добие од некој од своите сателити, но и тие знаат дека таков потег ќе ги етикетира како соучесници во политичка манипулација. Ова е слика на една организирана криминална група која се распаѓа одвнатре. Кога нема резултати, кога нема пари, а стравот од истраги расте - тогаш започнува тепачка за фотелји и за контрола над институциите кои можат да ги заштитат од одговорност. Ова не е борба за подобра Влада. Ова е борба за опстанок на криминална структура која се распаѓа. Време е за вистина и правда. Време е граѓаните да ја вратат власта во свои раце. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Македонија20 професионалци, две европски дипломи: Конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски" е отворенМинистерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Пан-европската извршна МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година.Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, Грција. Програмата е наменета за стручни лица од различни профили и за бизнис менаџери вработени во приватниот и во јавниот сектор, а се нуди во шест насоки: Општ менаџмент, Маркетинг, Финансии, Менаџмент во логистика, Менаџмент во здравство и Менаџмент на човечки ресурси. „Горди сме што продолжуваме да ја градиме оваа партнерска приказна со македонската Влада. Преку стипендиите „Борис Трајковски“ повеќе од 20 години на македонските професионалци им овозможуваме пристап до врвно европско образование без да ја напуштат државата и без да го прекинат своето кариерно темпо, диплома од два угледни европски универзитети која се стекнува тука, во регионот“, изјавија од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк. Наставата се одвива за време на викенди со физичко присуство на Европскиот кампус во Солун, дополнета со три студиски недели на Универзитетот Јорк во Обединетото Кралство, на Универзитетот во Стразбур во Франција и во Солун, Грција. Сите предавања се на англиски јазик, а по успешното завршување студентите добиваат две дипломи за извршни мастер студии по деловна администрација. Пан-европската МБА програма е дел од ексклузивната група од само 300 ЕМБА програми и образовни институции на глобално ниво акредитирани од престижната AMBA. Дополнително, Пан-европската МБА програма е акредитирана од Институтот за менаџмент од Велика Британија (CMI) и вклучува заедница од повеќе од 4 000 студенти и досегашни дипломци, што само дополнително говори за нејзината огромна академската вредност. „Извршната МБА е дизајнирана за луѓе што веќе се докажале во кариерата и бараат следен чекор. Ги охрабруваме сите амбициозни професионалци од Македонија да се пријават и да ја искористат оваа единствена можност за диплома од два угледни европски универзитети, без да го напуштат регионот и да го прекинат своето кариерно темпо“, изјавија од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк. Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, Грција претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, рангиран меѓу топ 8% универзитети во светот и се наоѓа на 154-то место според Times Higher Education World University Rankings 2026, како и меѓу Топ 20 универзитети во Обединетото Кралство. Краен рок за пријавување за стипендиите „Борис Трајковски“ е 31 јули 2026 година. Сите потребни информации за подготовка на апликацијата и достава на документите се достапни на линкот од Конкурсот.Тагови: стипендии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter