Тајгер Вудс: За малку ќе излезев од болница со една нога

Минатиот февруари целиот спортски свет застана накратко кога во медиумите се појави информација дека Тајгер Вудс е повреден во тешка сообраќајна несреќа и дека е под знак прашалник дали некогаш повторно ќе игра голф.

Помина долго време, славниот играч на голф закрепнува, а во вчера беше објавено интервјуто кое го даде за магазинот Golf Digest.

„Мислам дека мојата реалност на PGA Tour по оваа несреќа е да играм еден ден на турнирот, а потоа да се одморам. Никогаш нема да можам да играм сè како што треба. Ќе морам да ги одберам деновите. Тоа е мојата реалност. Го разбирам и прифаќам“, рече Вудс.

Вудс раскажа и како ги преживеал моментите на несреќата, но и колку долго се плашел од можните последици. Во еден момент дури се чинело дека лекарите ќе мора да му ја ампутираат ногата.

„Имаше еден момент, не би рекол дека шансите беа 50:50, но беше е**но блиску да излезам од болница со само една нога. Среќен сум што не беше така. Не сум преоптоварен Не морам да играм против најдобрите голфери во светот за да имам исполнет живот“, рече Вудс, додавајќи:

„По операцијата на грбот во 2017 година, имав впечаток дека морам уште еднаш да се искачам на Еверест. Морав и успеав. Овој пат повеќе немам тело за тоа. Можам да играм голф, ногата ми е доволно добра , можеби и повремено можам да играм на турнир, Но, повеќе не одам во планина“.

Ѓоковиќ купил данска фирма која развива лек против Ковид

Новак Ѓокович купил 80 отсто удел во данската компанија „QuantBioRes“, која развива терапија против Ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Инан Лочаревиќ за Ројтерс.

Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.

„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.

Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија.

Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.

„Intel“ планира да произведува чипови за рударење на Биткоин

„Intel“ најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со „Intel Inside“ налепници.

Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за „Bonanza Mine“ чип за рударење на Биткоин.

„Bonanza Mine“ е опишан како ефикасен, „ASIC“ за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на „Intel“.

Засега, програмата не укажува на тоа дали „Intel“ навистина планира да го испорача „Bonanza Mine“ како завршен производ или само како истажувачки проект.

„Intel“ претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека Биткоин рударењето одмана е преминато на „ASIC“.

„Intel“ нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за Биткоин.

притисни ентер