Тајгер Вудс обвинет за сексуална злоупотреба - Канал 5

Тајгер Вудс обвинет за сексуална злоупотреба

Ерика Херман, поранешна девојка на Тајгер Вудс - 15-кратниот шампион во голф, го обвини спортистот за сексуално вознемирување и злоупотреба, јави Си-ен-ен.

Тајгер Вудс обвинет за сексуална злоупотреба

Вудс, еден од најголемите голфери на сите времиња и една од највлијателните личности во светскиот спорт, имал секс со своја вработена и потоа, како што тврди таа, ја принудил да потпише договор за необјавување на тој податок, или да се соочи со отказ, се наведува. А, кога тој решил да се разделат, ја принудил да го напушти неговиот дом, ѝ одзел пари, миленичињата и лични предмети и се обидел да ја принуди да потпише поинаков договор за доверливост.

- Шеф кој им наметнува различни работни услови на своите вработени поради нивната сексуална врска е сексуално вознемирување, тврди адвокатот на Ерика - Бенџамин Хобас.

Тајгер и Ерика почнале да се гледаат во 2017 година. Се разделиле во октомври 2022 година. Во тоа време, таа тврдеше дека имала вербален договор дека ќе може да живее во домот на голферот уште најмалку пет години. Но, наместо тоа, по нивната разделба, неговите луѓе ѝ ги спакувале куферите и насилно ја избркале од куќата.

Голферот допрва треба јавно да се произнесе за наводите во обвинението.

Поради прекршување на вербалниот договор, поранешната партнерка на Тајгер Вудс бара отште од 30 милиони долари. Таа, исто така, тврди дека чувала 40.000 долари во готовина во куќата, којашто била присвоена. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум

 Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, е уапсен по налог на УСКОК, потврди хрватскиот портал „Индекс“.

Уапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум

Како што наведува тој портал, Керум бил уапсен синоќа, а неговото приведување е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Таверна Пршут“, која се однесува на ресторан во сопственост на Керум во Каштела.

„Слободна Далмација“ пренесува дека во моментот на апсењето, Керум се наоѓал во Вела Лука, каде што се одржувал настан посветен на Оливер Драгојевиќ.

Според неофицијални информации, во случајот се опфатени и неколку други лица блиски до Керум, а „Индекс“ наведува дека е уапсен и внукот на Керум, како и Андрија Полиќ, поранешен виш стручен соработник за просторно планирање и изградба во градот Каштела.

Засега не е познато за кои конкретни кривични дела се товарат осомничените, ниту дали во текот на денот ќе има нови апсења или официјални информации за текот на истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемијата се смирува, но пронајдена е нова бактерија во гостиварскиот водовод

Епидемијата во Гостивар полека стивнува, но водата и понатаму може да се користи само за техничка употреба поради тоа што се појавила нова бактерија во водоводна мрежа кажа вчера премиерот Мицкоски.

Епидемијата се смирува, но пронајдена е нова бактерија во гостиварскиот водовод

Министерот за здравство Клековски пак рече дека бројот на новоаболени се намалува и очекува гостиварци да добијат питка вода до утре . Сепак, вели крај на епидимијата ќе може да се прогласи дури откако ќе нема ниту еден новозаболен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Французите ја открија платата на Зидан во прашање се милиони

Зинедин Зидан е новиот селектор на француската репрезентација, а според информациите на францускиот медиум „RMC Sport“, легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид ќе има многу профитабилен договор.

Французите ја открија платата на Зидан во прашање се милиони

Светската фудбалска легенда, Зинедин Зидан е новиот селектор на француската репрезентација, а според информациите на францускиот медиум „RMC Sport“, легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид ќе има многу профитабилен договор со Француската фудбалска федерација.

Зидан ќе заработува 300.000 евра месечно, а таа сума би можела дополнително да се зголеми преку бонуси.

Доколку ги исполни сите поставени цели, неговата заработка може да достигне и до 450.000 евра месечно.

Новиот селектор на „триколорите“ потпиша четиригодишен договор, а негова главна задача ќе биде да ја подготви репрезентацијата за Светското првенство во 2030 година.

Тоа значи дека неговиот загарантиран годишен приход ќе изнесува 3,6 милиони евра, додека со максималните бонуси би можел да достигне и до 5,4 милиони евра годишно.

Интересно е што Зидан би можел да ги надмине приходите на својот претходник Дидие Дешам, кој ја предводеше Франција 14 години. Според истиот извор, Дешам заработувал околу 3,8 милиони евра годишно.

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало, не сакаше да потврди конкретни бројки кога новинарите го прашаа за договорот на Зидан, но нагласи дека парите не биле клучен фактор во преговорите.

„Искрено, не станува збор за пари. Првпат се сретнав со Зидан во февруари 2025 година и не разговаравме за пари. Разговаравме за желбата на Федерацијата француската репрезентација да победува и за играчите што тој сонува да ги види во синиот дрес“, изјави Диало. Зидан ќе го има својот прв натпревар како селектор на Франција во Лигата на нации, кога „Триколорите“ ќе гостуваат во Турција на 25 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер