Таен документ на ООН: Талибанците одат од врата до врата и ловат луѓе од црниот список - Канал 5

Таен документ на ООН: Талибанците одат од врата до врата и ловат луѓе од црниот список

Според тајниот документ на ООН, талибанците ги бараат оние што соработувале со американските сили и НАТО, и покрај ветувањето дека нема да им се одмаздат на противниците.

Таен документ на ООН: Талибанците одат од врата до врата и ловат луѓе од црниот список

Анти-талибанските протести избија во неколку градови, а милитантниот претставник потврдил дека од неделата на аеродромот во Кабул загинале дванаесет луѓе.

Во исто време, западните земји продолжуваат да ги евакуираат своите граѓани и Авганистанците кои работеле за нив. Запрашан во интервју за Еј -Би -Си дали направил грешки во врска со повлекувањето од Авганистан, американскиот претседател одговорил „не“.

Во извештајот составен од експертска група за проценка на ризици за ООН, до кој што дошол Франс Прес, се вели дека талибанците имаат „приоритетни листи“ со имиња на луѓе што сакаат да ги уапсат.

Оние кои имале одговорни позиции во авганистанските вооружени сили, полицијата и разузнавањето се изложени на најголем ризик, се вели во документот.

Талибанците оделе во „насочени посети од врата до врата“ со луѓе што бараат апсења и со членовите на нивните семејства, се додава во извештајот.

Извештајот, објавен вчера, е составен од Норвешкиот институт за меѓународни истражувања, организација која пишува разузнавачки извештаи за агенциите на ОН.

„Тие ги таргетираат семејствата на оние кои не сакаат да се предадат и да ги прогонуваат и казнуваат семејствата според шеријатот“, изјави директорот на организацијата Кристијан Нелеман за АФП.

„Сметаме дека на поединци кои работеле за американските сили, за НАТО и нивните сојузници им се заканува тортура и егзекуции“, додаде тој.

Талибанците во неделата започнаа голема медиумска кампања по враќањето на власт, ветувајќи целосно помилување за сите оние кои работеле за авганистанската влада формирана на изборите.

Но, Авганистанците, особено жените и верските малцинства, имаат лоши спомени од суровиот фундаменталистички режим воспоставен од талибанците помеѓу 1996 и 2001 година, кога прељубата, на пример, беше казнувана со камшикување и каменување на жените до смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Извештајот на Светска банка мотив за уште поголема работа и посветеност

Извештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам во Европа и Централна Азија мотив за уште поголема работа и посветеност

Николоски: Извештајот на Светска банка мотив за уште поголема работа и посветеност

“ИЗВЕШТАЈОТ НА СВЕТСКА БАНКА СПОРЕД КОЈ МАКЕДОНИЈА Е СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА АВИО ЛЕТОВИ И ТУРИЗАМ ВО ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, МОТИВ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ”– напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус и додаде:

“Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка.

Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам.

Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна Азија.

Со мерката за субвенционирање на нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот.

Овие успеси се потврдуваат и преку работата на охридскиот аеродром каде само во еден ден опслужени се рекордно преку 3 илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех.

Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот.

Линк до објавата: https://www.facebook.com/share/p/1BgoJgFzdZ/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“

Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“, асфалтиран и кружниот тек на крстосницата со „Орце Николов“.

Герасимовски: Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во рамки на претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Ленинова“.

Во тек е поставување на втор слој асфалт на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со улицата „Илинденска“, во должина од 412 метри.

Се асфалтира и кружниот тек на крстосницата со улицата „Орце Николов“. Ова сообраќајно решение останува како трајно, бидејќи се покажа како успешно во намалување на бројот на сообраќајни несреќи.

Во рамки на досегашните активности, од двете страни на улицата се поставени нови пешачки патеки со вкупна должина од 825 метри. Подигнати и нивелирани се сите сливници и улични шахти, а поставени се и нови рабници. Паралелно се работи на реконструкција на постојната мрежа за јавно осветлување, додека во наредниот период е предвидено и поставување ново урбано зеленило, делумно во жардињери.

Реконструкцијата на вториот дел на „Ленинова“ го опфаќа потегот од булеварот „Партизански одреди“ до објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во должина од над 600 метри.

„Со ова го заокружуваме уредувањето на улицата „Ленинова“ како една од клучните сообраќајници во општината. Општина Центар континуирано вложува во современа, безбедна и функционална инфраструктура, со цел побезбеден и поефикасен сообраќај за сите учесници“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Првиот дел од улицата беше реконструиран во 2023 година, од булеварот „Партизански одреди“ до „Клубот на пратеници“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре отворен ден во О. Карпош

Во среда (29.07.2026), од 13:00 до 17:00 часот, во холот во Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски и раководителите од општинските сектори, ќе одржат средба со граѓаните на Карпош. 

Утре отворен ден во О. Карпош

Отворениот ден во Општина Карпош , ќе се реализира по втор пат изминатиот период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер