Тачи: Сонувам Прешево, Медвеѓа и Бујановац да станат дел од Косово

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека сонува Прешевската долина да се припои кон Косово.

- Сонувам за тоа Прешево, Медвеѓа и Бујановац да бидат вклучени, без загрозување на територијалниот интегритет на Косово, рече Тачи во интервју за косовската телевизија Клан.

 Тој во исто време ги демантираше информациите дека постои нацрт договор помеѓу Белград и Приштина за размена на територии. Кој и да зборува за размена на територии, тоа го прави за внатрешна употреба. За тоа никогаш не се зборувало, рече Тачи, отфрлајќи ги обвинувањата на премиерот во оставка Курти дека постигнал таен договор со Белград.

 Оцени дека тоа се „чаршиски муабети“ и истакна дека се што се случило во Вашингтон било „покажување волја да се продолжи дијалогот“.

притисни ентер