Во интервју за грчката телевизија „СКАЈ“ најави дека отстапување од договорот според него, ќе донесе последици и за билатералните односи, но и за македонскиот евроинтегративен пат. Меморандумите како што кажа тој, биле оружје кое офцијална Атина го имала против земјава.
-Бев многу импресиониран што вчера СИРИЗА побрза да ги достави трите меморандуми за Преспа на гласање во Собранието. Односно, сега кога видовме во она што долго време се сомневавме, дека може да дојде идната влада и на некој начин да ја доведе во прашање сржта на Договорот, ерга омнес (за целосна употреба), сега да ги донесеме меморандумите и да се откажеме секакви преговарања. Оружјето што го имаме против Скопје. Нема да ги ратификуваме меморандумите од Преспа доколку не сме апсолутно убедени дека другата страна ги почитува сите одредби од Договорот од Преспа,- - Кирјакос Мицотакис – Премиер на Грција.
Иако од македонска страна, до сега никој нема кажано дека нема да го почитува договорот, сепак Мицотакис вели дека ги предупредил властите во земјава за дека доколку договорот не се спроведува тоа ќе имало последици по односите на двете земји.
-Ознаката „македонски“ за жал е запишана во Договорот од Преспа и тоа беше нашето големо несогласување. Агресивната ознака „македонска етничка припадност“ и „македонски јазик“. Ја предупредив новата влада во Скопје дека секое отстапување од спроведувањето на Договорот ќе има сериозни последици за нашите билатерални односи, но и за патот на Македонија кон Европа,- - Кирјакос Мицотакис – Премиер на Грција.
Дел од поранешните дипломати пак велат дека ваквите пораки доаѓаат од позиција на моќ, а и Грција има свои обврски од договорот кои треба да ги спроведе.
-Членот 7 од договорот од Нивици вели дека страните прифаќаат дека нивното толкување на терминот „Македонија“ и “Македонски“ имаат различно значење. Тоа не значи дека има забрана за користење на термините во секоја прилика. / Не е позиција на сила, туку нов ултиматум, нова уцена која ние не смееме да ја прифаќаме, а се тоа се сведува на нашето членство во ЕУ,- - Ристо Никовски – Поранешен амбасадор.
Реакциите од официјална Атина изминатите неколку дена доаѓаат по заклетвата на новата претседателка Сиљановска Давкова која го употреби само името Македонија. Од нејзиниот кабинет пак, потоа појаснија дека таа има право да го употребува тоа како право на самоопределување и самоидентификација.