Т-Мобиле спонзор на Вардар - Канал 5

Т-Мобиле спонзор на Вардар

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија денеска го официјализираа договорот за партнерство со машкиот и женскиот ракометен клуб на Вардар, како и со фудбалскиот клуб Вардар.

Т-Мобиле спонзор на Вардар
Според договорот, логото „Т-Мобиле“ ќе се најде на дресовите на РК Вардар, ЖРК Вардар и ФК Вардар, а компанијата ќе дава поддршка на трите клуба.

- Поддржуваме се што е добро, музички настани, концерти, ѕвезди, како и многу спортски настани во Македонија. Бевме спонзор на клубови и репрезентации, но не верувам дека постои поголемо име во спортот од Вардар. Затоа задоволството кај мене е големо што денес го најавувам ова партнерство. Верувам дека клубот, тимот и фирмата која јас ја застапувам сме најдобри во работите што ги правиме и сметам дека ќе придонесеме во нивниот успех. Ова го гледам како сериозно партнерство, кое сигурно нема да трае само една година, изјави Жарко Луковски, извршен директор на Т-мобиле Македонија.

Задоволство од добивањето на новиот спонзор на денешната прес-конференција искажаа и претставниците на клубовите.

- Заедно со Македонски телекомуникации и со Т-мобиле отвараме нови страници за спортскиот клуб Вардар. Овој бренд е светски познат и сметам дека ќе ни помогне да направиме нови успеси во и надвор од Македонија. Вардар има богата спортска историја, од неодамна нов дом, а сега со новиот спонзор одиме кон двојната круна во Македонија, одбраната на титулата во СЕХА лигата и што подобар пласман во Лигата на шампионите, истакна Давор Стојановски, извршен директор на РК Вардар и ЖРК Вардар.

-Вардар е клуб со долга традиција, име со со трофејна историја која е позната на целата јавност, но најважно во овој концепт е тоа што фудбалскиот клуб и ракометните клубови на Вардар размислуваат за својата иднина. Со поддршката од Т-Мобиле на нашите млади спортисти ќе им овозможиме услови за побрзо нивно напредување. Секаде во светот зад секој врвен спортски колектив стои врвна компанија. Сега и ние ќе може да се пофалиме таков тим позади нас, потенцира извршниот директор на фудбалскиот клуб Вардар, Самоил Симев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот електричен мотоцикл на „Honda“ пристигнува во Европа

Електричниот мотоцикл „Honda WN7“ пристигна на европските пазари во јуни 2026 година, придружувајќи се на електричните скутери „EM1 e:“ и „CUV e:“.

Првиот електричен мотоцикл на „Honda“ пристигнува во Европа

За разлика од скутерите кои користат систем на заменливи батерии, „WN7“ е првиот електричен мотоцикл на „Honda“ со фиксна батерија, поставена ниско и централно за оптимален центар на гравитација и подобри карактеристики на возењето.

Иако целосно го елиминира традиционалниот погонски склоп, „WN7“ го задржува фокусот на „Honda“ на динамиката на возењето. Отсуството на бучава и вибрации е искористено како можност за полинеарен одговор на гасот и подобра врска помеѓу возачот и околината, вели јапонската компанија.

Инженерските предизвици како што се пакувањето на батериите, термичкото управување и распределбата на тежината се адресирани холистички, што директно ја одразува стратегијата на автомобилскиот сектор каде што положбата на батеријата е клучна за управувањето.

Моделот „WN7“, исто така, носи висока практичност бидејќи ги усвојува стандардите за полнење во автомобилите, поддржувајќи брзо полнење „AC“ тип 2 и „CCS2“, што овозможува користење на постојната јавна мрежа за полнење. Покрај тоа, испораката на вртежниот момент е прилагодена низ четири режими на возење, со интегрирано регенеративно сопирање.

Оваа иновација е дел од поширокиот план на компанијата за постигнување целосна јаглеродна неутралност до 2050 година. Во текот на следната деценија, хибридните системи и целосно електричните возила ќе коегзистираат во гамата на „Honda“, нудејќи им на клиентите преодни решенија кои беспрекорно се интегрираат во секојдневниот живот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски Чаир

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски Чаир

Денеска (02.07.2026) на ул. “Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност” по член 288 од КЗ. На 01.07.2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир е пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачје на ПС Чаир, бил запален багер.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги забележале лицата кои биле со патничко возило “бмв” со ресенски регистарски ознаки по што ги лишиле од слобода. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа!

Вие сте оние кои секој ден размислувате дали да останете во својата земја или да заминете.

Филипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа!

Вие сте оние кои не сакате да градите иднина врз лаги и врз систем во кој правдата важи само за некои.

Затоа сме тука. Затоа се бориме.

Не сме тука за да чекаме подобри времиња. Туку за да ги создадеме.

Не сме тука за да се помириме со тоа дека организирана криминална група управува со државата.

Туку за да ја вратиме државата во рацете на граѓаните.

СДСМ отсекогаш беше државотворна партија, тоа вие како млади го препознавте. Секогаш носеше храбри одлуки кои носеа просперитет и иднина за нашата земја, за нашата татковина.

Денес носител на промените не е само СДСМ, туку еден широк граѓански фронт.

Затоа што мораме сите заедно. Не само како партија, туку како граѓани кои сакаат успешна Македонија.

Затоа денес поединци, експерти, граѓански иницијативи и невладини организации, сите заедно стоиме под еден покрив - Фронтот за вистина и правда.

Фронтот не е само политички проект. Тоа е борба на сите кои сакаат Македонија да биде слободна, праведна и дел од Европа.

Борба во која секој млад човек кој сака да остане и да живее достоинствено има свое место.

Вие не сте само иднината.

Вие сте сегашноста.

Вие имате најмногу сила и енергија за оваа борба. И токму затоа оваа борба е ваша.

Останете. Борете се. Верувајте.

Македонија може подобро. И ќе биде подобра.

Нам не ни треба култ на лидер. Нам ни треба систем.

Нам ни треба слободна, демократска и правна држава а затоа ни треба европска Македонија.

Сите заедно! А, јас сум со вас сум.

До победа!

YouTube video

Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер