СЗО започнува програма за дистрибуција на вакцини за борба против мајмунски сипаници - Канал 5

СЗО започнува програма за дистрибуција на вакцини за борба против мајмунски сипаници

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека започнува нов механизам за дистрибуција на вакцини за да се запре ширењето на мајмунските сипаници во 30 земји надвор од Африка.

СЗО започнува програма за дистрибуција на вакцини за борба против мајмунски сипаници

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека организацијата работи на иницијатива за „фер пристап" до вакцини и лекови за мајмунски сипаници.

Механизмот беше предложен веднаш откако Велика Британија, Канада, Франција, Германија, САД и други земји пријавија стотици случаи на вирусот на мајмунски сипаници минатиот месец.

Се смета дека вакцините против големи сипаници, кои се предизвикани од сличен вирус, обезбедуваат ефикасна заштита од мајмунски сипаници во 85 проценти од случаите.

Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге денеска изјави дека е загрижен поради потезите на некои богати земји да купат повеќе вакцини без да се консултираат со африканските земји.

Клуге ги повика државите „да им пристапат на мајмунските сипаници без да ги повторат грешките од времето на пандемијата на коронавирусот".

Тој не ја исклучи можноста богатите земји да примат вакцини преку механизмот на СЗО.

Клуге рече дека програмата е наменета за сите земји и оти вакцините ќе се дистрибуираат во согласност со нивните епидемиолошки потреби.

– Европа останува епицентарот на инфекцијата, со 1.500 случаи во 25 земји, што е 85 отсто од сите случаи во светот, рече Клуге.

Некои африкански експерти прашуваат зошто СЗО досега не предложила вакцините да се користат во Централна и Западна Африка, каде што мајмуните сипаници се ендемични.

– Местото каде што треба да се почна каква било вакцинација е Африка и никаде на друго место, рече Ахмед Огвел, директор на Африканскиот центар за превенција и контрола на болести.

Тој рече дека недостигот на вакцини за борба против мајмунските сипаници во Африка е поголем проблем од групата случаи на претежно благи форми на болеста во богатите земји.

– Ова е продолжение на нееднаквостите што ги видовме за време на пандемијата на Ковид. Од 2017 година, имавме стотици случаи на мајмунски сипаници во Нигерија и самите се справивме со нив. Никој не спомна кога вакцините би можеле да бидат достапни во Африка, рече Ифеанџи Нсофор, директор на организацијата Нигерија хелт воч (Nigeria Health Watch). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански  ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона.

РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер