Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЗдравјеСЗО во ГСОН: Повик за итна акција на високо ниво за справување со глобалната закана СЗО во ГСОН: Повик за итна акција на високо ниво за справување со глобалната закана од антимикробната отпорност.Во текот на неделата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН79), од 20 до 30 септември 2024, во Њу Јорк, Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите ги повикаа светските лидери да се справат со критичните глобални здравствени предизвици и да инвестираат во глобалното јавно здравје. На 26 септември 2024, на вториот состанок на високо ниво на тема антимикробна резистенција (АМР), главниот официјален здравствен настан во текот на неделата на 79-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, СЗО потсетува дека без решителна акција, како онаа наведена во текстот на нацрт-политичката декларација за состанокот, АМР ќе предизвика уште повеќе глобално страдање, особено во земјите со низок и среден приход. Антимикробната отпорност се јавува кога бактериите, вирусите, габите и паразитите повеќе не реагираат на лекови, што го зголемува ширењето на инфекции кои тешко се лекуваат, доведувајќи до болести и загуба на животи. „Антимикробната резистенција му се заканува на цел век медицински напредок и може да нè врати во предантибиотската ера, во којашто инфекциите кои денес се лекуваат, би можеле да станат смртна казна“, рече д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО, кој се обрати на состанокот на високо ниво за АМР. „Ова е закана за сите земји на сите нивоа на приходи, поради што итно е потребен силен, забрзан и добро координиран глобален одговор“. ГСОН79 се одвива во клучен момент кога светот, продолжувајќи да закрепнува од пандемијата КOВИД-19, ги забрзува напорите за исполнување на Целите за одржлив развој за 2030 година. Тековните хуманитарни, социјални и климатски кризи го загрозуваат значителниот глобален напредок кон здравствените цели. Милиони луѓе во светот сè уште немаат пристап до здравствени услуги кои спасуваат животи, што ја нагласува врската помеѓу здравјето и одржливиот развој. Самитот на иднината, што се одржа порано неделава, на 22 и 23 септември, ги обедини светските лидери во намерата да создадат нов меѓународен консензус дека донесувањето одлуки на глобално ниво треба да се води од науката, да се постигнат Целите за одржлив развој на ОН и да се зачува иднината. За време на Самитот на иднината, шефовите на држави и високи владини претставници го поддржаа „Пактот за иднината“, кој ги вклучува Глобалниот дигитален договор и Декларацијата за идните генерации. Здравствените приоритети се рефлектираат во резултатите на самитот, вклучително и важноста на пристапот до здравствените услуги и постигнувањето универзална здравствена покриеност. Во текот на неделата на ГСОН, претставниците на СЗО учествуваат на повеќе официјални и неформални здравствени настани фокусирани на дигиталното здравје, здравјето на мајките, децата и адолесцентите, заразните и незаразните болести и менталното здравје, како и акцијата за климатските промени, унапредувањето на напредокот кон универзално здравствена покриеност и подготвеноста и одговорот на пандемии. „Силните здравствени системи, правичниот пристап до здравствените услуги и силната подготвеност за пандемии се од витално значење за побезбеден и поздрав свет“, рече д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. „Мора да ја искористиме моќта на дигиталните технологии за да ги премостиме празнините во пристапот до здравствените услуги и да изградиме отпорни системи кои можат да одговорат на повеќекратните симултани здравствени предизвици во светот, како што се епидемиите, пандемиите, климатските промени и товарот од незаразните болести.“ Генералното собрание на ОН коинцидира и со инвестицискиот циклус на СЗО, што претставува низа ангажмани и тековни напори за обезбедување одржливо финансирање за основната работа на СЗО за периодот 2025 – 2028 година. Д-р Тедрос и претставниците на СЗО ја пренесоа важноста од инвестирање во глобалното здравје и од силна и целосно финансиски поддржана Светска здравствена организација која ќе работи со земјите за унапредување на здравјето за сите. Д-р Тедрос и претседателката на Европската инвестициска банка, Надjа Калвињо, одржаа средба, модерирана од Сузан Линч од Политико, на која одговорија зошто инвестирањето во примарната здравствена заштитита е од критично значење во време на зголемени шокови предизвикани од појава на болести како што е „мпокс“ (мајмунски сипаници). Оваа средба беше проследена со дискусија на тркалезна маса на високо ниво чии домаќини беа Европската инвестициска банка и СЗО, во рамките на новата Инвестициска платформа за влијание врз здравјето. Оваа нова платформа ги нагласува активностите на ниво на земји за зајакнување на вакцинацијата и на здравјето засновано врз заедницата. СЗО беше домаќин и на Третиот годишен собир на шефовите на држави и влади за превенција и контрола на незаразните болести. На тој состанок се катализираше посветеноста на највисоките нивоа на владите и се зајакна ангажманот на партнерите пред претстојниот состанок на високо ниво на ГСОН за незаразните болести и менталното здравје во 2025 година. Од 22 до 29 септември 2024 година, СЗО учествува и на клучни настани, панели и иницијативи на Климатската недела во Њујорк. Обединувајќи ги светските лидери, бизнисите, креаторите на политики и активистите, на овие настани се разгледуваат решенијата за итните климатски предизвици. Во текот на глобалните дискусии, експертите на СЗО го обезбедуваат здравствениот аргумент за централното значење на преземањето климатска акција. Експертите нагласуваат дека климатските промени не се само еколошки проблем, туку и итна здравствена криза, која директно влијае на милиони луѓе ширум светот. Зголемените температури, нискиот квалитет на воздухот и нарушените екосистеми придонесуваат кон ширењето на заразни болести, респираторни заболувања и потхранетост. За време на ГСОН, СЗО се вклучи и во голем број настани и дискусии што се фокусираа на подготвеноста и одговорот на пандемии, додека земјите-членки продолжуваат со преговорите за нова конвенција, договор или меѓународен инструмент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 10. ноември 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСамоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар КржаловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПедијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџеритеДури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата. Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин. Немир, анксиозност и срцеви проблеми Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење. Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност. Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите. Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години. Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата. Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter