3СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13
ЗдравјеСЗО: Во Авганистан ќе пропаднат околу 1,6 милиони вакциниОколу 1,6 милиони дози на вакцини против коронавирус во Авганистан мора да се искористат што е можно побрзо, затоа што наскоро им истекува рокот, соопшти Светската здравствена организација.Меѓународната организација истакна дека од почетокот на август, тестирањето и вакцинацијата против Ковид-19 во земјата се значително намалени. И покрај сите тешкотии на теренот, СЗО соопшти дека продолжува да работи со партнери во најмалку 16 авганистански провинции за да го зголеми нивото на тестирање и вакцинација против коронавирусот. Целта на организацијата, меѓу другото, е вакцинацијата да опфати најмалку 20 проценти од 32 милиони луѓе во земјата. СЗО соопшти дека испратиле медицински пакети до две болници во Кабул, како и до нејзините регионални канцеларии, за да се задоволат потребите на 50.000 луѓе. Од август, организацијата испрати лекови и медицински материјали во 360 медицински установи во Авганистан, исполнувајќи ги потребите на околу 3,9 милиони луѓе. Претходно, СЗО соопшти дека здравствениот систем во земјата е пред колапс и оти се потребни итни мерки. Според СЗО, девет од 37 болници што лекувале заболени од Ковид-19 се затворени во септември, а илјадници здравствени работници во земјата се без плата со месеци. Авганистанската телевизија Толо њуз објави дека повеќе од 151.000 луѓе биле заразени со коронавирус во земјата до вчера. Од почетокот на пандемијата, околу 7.000 луѓе во Авганистан починаа како резултат на болеста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРекордни 20 милиони трансакции во октомври преку платформите за интероперабилностОд шалтерите до дигиталните платформи.. Само во месец октомври преку Националната платформа за интероперабилност, која овозможува сигурна, брза и автоматска електронска размена на податоци и документи меѓу државните органи, институциите и одредени приватни компании, реализирани биле рекордни 20 милиони трансакции, соопшти министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. „За споредба, тоа значи дека се реализираат речиси 650.000 трансакции дневно, а во 2024 година имало приближно 700.000 трансакции месечно. Денес достигнуваме број на трансакции што претходно се реализирале за цел месец. Овој раст се одразува и врз користењето на порталот за услуги ,на порталот за е-услуги регистрирани се 30.040 услуги што е нов рекорд по 29 илјади регистрирани во септември“,– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. Министерот Андоновски најави дека веќе оваа недела се очекува да биде достапна втората унапредена верзија од апликацијата М услуги со цел поедноставен пристап на граѓаните до електронските услуги. „Ова е еден почеток, јас и при самото лансирање реков дека станува збор за нов почеток на односот меѓу државата и граѓанинот.И драго ми е што над 30 илјади наши сограѓани веќе тоа го препознаваат и се корисници на апликацијата...Тоа се рефлектира и врз зголеменото користење на порталот. Очекувам дека во наредниот период, со воведувањето нови услуги и поширокото прифаќање на апликацијата, таа ќе заземе сериозно место во односот меѓу државата и граѓанинот“ -– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. И покрај напредокот на дигитализацијата, готовинското плаќање сè уште има доминантна улога во електронската трговија. Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска Станков, посочува дека податоците за картичните трансакции даваат само делумна слика за онлајн купувањето, бидејќи не ги опфаќаат плаќањата при достава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лековиМинистерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), денеска организираше национална консултација за новиот Закон за лекови. Консултацијата е посветена на усогласувањето со законодавството на Европската унија и на унапредувањето на националната регулаторна рамка. Новиот закон ќе го замени Законот за лекови и медицински средства од 2007 година, кој досега е менуван повеќе од 20 пати. Досегашниот единствен закон се дели на два посебни закона: Закон за лекови и Закон за медицински средства. Во следната фаза ќе се издвои и посебен закон за фармацевтската (аптекарската) дејност. Консултацијата ја отвори министерот за здравство Сашо Клековски. -За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие потребната терапија, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба. Според тоа треба да го оцениме и новиот закон, изјави министерот Клековски. Тој нагласи дека успехот на реформата ќе зависи од нејзината примена: „За секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства, по која постапка и во кој рок.“ На консултацијата беше претставена работната верзија на законот, со клучните новини и степенот на усогласеност со европското законодавство: директивата 2001/83/ЕЗ за лекови за хумана употреба, регулативата 536/2014 за клиничките испитувања, регулативата 1234/2008 за измените на одобренијата за ставање во промет и директивата 89/105/ЕЕЗ за транспарентност во одредување на цените. Земена е предвид и конвенцијата MEDICRIME на Советот на Европа за фалсификуваните медицински производи. Во дискусијата учествуваа претставници на надлежните институции, стручната и академската јавност, фармацевтската индустрија, дистрибутерите и здруженијата на пациенти. Тематските сесии опфатија четири области: регулаторниот систем и надлежностите; одобрувањето и ставањето лекови во промет; производството, дистрибуцијата и снабдувањето; клиничките испитувања и фармаковигиланцата. На крајот министерот Клековски предложи осум заклучоци: Забелешки: систематско разгледување на сите забелешки, со образложение за прифаќањето или неприфаќањето на секоја од нив; Усогласеност со ЕУ: јасно разграничување на одредбите што ќе се применуваат со влегувањето во сила на законот од оние поврзани со пристапувањето во ЕУ; Постапки: поедноставни постапки без намалување на стандардите; Снабдување: посилни механизми за континуитет во снабдувањето и јасни обврски при недостиг на лекови; Фармаковигиланца: јасна одговорност и поедноставено, електронски поддржано пријавување на несаканите реакции; План за имплементација: подготовка на план од страна на Министерството и МАЛМЕД; Кривичен законик: координација со работната група за новиот Кривичен законик; Рокови: утврдување временска рамка за доработка и доставување на законот во законодавна постапка. -Новиот Закон за лековите не смее да биде само формална законодавна обврска. Тој треба да биде основа за посилен регулаторен систем, поголема сигурност за пациентите и подобра достапност на терапиите, истакна министерот Клековски.Тагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13Среде оргомниот скандал со Алта банка, судството кое е под целосна контрола на Христијан Мицкоски го ослободува Боки 13.Во Србија истрага за Алта банка, кривични пријави, приведен сопственик, стечај. А во Македонија нема истрага, нема кривични пријави за Мицкоски и Славевски. Трајко Славевски вели „се е во ред“. Народот не може да дојде до своите пари, чека во редици во неизвесност само затоа што се штитат криминалните пари. На Мицкоски му треба некој за нови напади, нови дискредитации, нова црна кампања, нов дефокус. ЗНАМ е потрошен и веќе не постои, сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0 не даваат резултат, разобличена е пропагандата на медиумите на Вучиќ и Орбан кои работат за Мицкоски. Затоа е пуштен Боки 13. На Мицкоски му е потребен нов мегафон. На криминалната банда на власт треба да им биде јасно дека ниту дефокус со Боки 13, ниту сателитите, ниту целата пропагандна машинерија нема да го спасат Мицкоски од одговорност. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter