СЗО: Вакцинирањето на деца не е приоритет - Канал 5

СЗО: Вакцинирањето на деца не е приоритет

Кејт О’Бриен од Светската здравствена организација вели дека имунизацијата на девата против коронавирус од перспективата на СЗО не спаѓа во високи приоритети, со оглед на исклучително ограниченото глобално снабдување со дози на вакцини.

СЗО: Вакцинирањето на деца не е приоритет

О’Бриен вели дека вакцинирањето на дева не би требало да биде во фокусот на програмиата за вакцинирање против Ковид-19, иако се поголем број на богати земји одобруваат вакцини против коронавирус за деца од 12 до 15 години, пишува „ABC“.

Целта е да се прекине пренесувањето на болеста

Со оглед на тоа дека ризикот од развој на тежок облик или смтен исход од ковид меѓу девата и многу низок, целта на нивното вакцинирање во време на пандемијата е главно поради прекунување на пренесувњаето на болеста, смета О’Бриен, педијатар и директорка на Одделот за вакцини на СЗО.

„Исто така, со оглед на тоа дека сега сме во ситуација во која количините на вакцини несоодветни за сите луѓе во светот, вакцинирањето на дева моментално не спаѓа во приоритетите“, вели таа.

О’Бриен смета дека во овој момент клучно е вакцинирањто на здравствените работници, старите лица или пациентите кои веќе боледуваат од некои болести.

Во некои земји може да се вакцинираат и деца од 12 до 15 години

Канада, Соединетите Американски Држави и земјите од Европската унија неодамна одобрија вакцини и за деца на возраст од 12 до 15 години бидејќи тие земји се близу до достигнување на нивната првична цел- вакцинирање на возрасната популација.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус ги повика богатите земји да донираат вакцини на сиромашните држави наместо да ги вакцинираат своите адолесценти и деца. Поразителен е податокот според кој во сиромашните земји на светот досега е употребени помалку од 1 отсто од вакцините против корона.

О’Бриен смета дека децата би требало да се вакцинираат во време кога понудата на вакцините на пазарот значително ќе се зголеми. Таа додава дека мисли дека не треба да се вакцинираат децата пред повторно да тргнат во училиште, се додека возрасните со кои имаат контакт се вакцинирани.

„Вакцинирањето на децата поради враќање во учичишите клупи не е клучен услов за нивно безбедно следење на настава. Нивното безбедно враќање во училиштата ќе се добие со вакцинирање на членовите на семејството и лицата кои се во поголема опасност“, заклучи таа, пишува „Index.hr“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 30. септември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 30 . септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 30. септември 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Пред вас е убав ден за дружење , било да се решите за излегување со саканата личност , било да се прошетате и се напиете кафе со познаници.

Кариера

Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги , но ако сте сами на работното место , ќе ви недостига некој за да поразговарате.

Здравје

Радувајте се на она што е добро.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Можно е решение на некој семеен проблем , што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.

Кариера

Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист.Ќе биде тоа чекор напред за вас.

Здравје

Не се сомневајте ,туку работете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна.

Кариера

Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии , но кога станува збор за стручноста , никој нема да ви прогледа низ прсти.

Здравје

Се е во ред.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство.

Кариера

Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници , но никој нема да ви замери , зашто ќе бидете уверливи.

Здравје

Почнете да спортувате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов , апосебно во конкретни ситуации.Оние во врска ќе бидат многу задоволни.

Кариера

Денеска исправно ќе се поставите , зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби.

Здравје

Мала главоболка.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи , но потребно е само малку трпение.

Кариера

Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте.

Здравје

Имајте малку повеќе верба.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија.

Кариера

Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете.

Здравје

Одете чекор по чекор.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата.

Кариера

Можеби ќе ви предложат да одите на кусо деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен.

Здравје

Средете го ритамот на работата и одморот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

За некои овој ден ќе биде за паметење , а особено вториот дел.Оние кои бараат сродна душа , секако треба да излезат.

Кариера

Ќе биде одлично , координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки.

Здравје

Уживајте во секој момент.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе одработите уште некои работи од минатото , за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно , но ќе бидете доследни.

Кариера

Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани , но за нив ќе нема мислење.

Здравје

Премногу се грижите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи , па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо.

Кариера

Иако ќе работите посветено и без застој , денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно.

Здравје

Поработете на вашето трпение.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистибнски мелем за вас.

Кариера

Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте . Со тоа сознание полесно ќе работите.

Здравје

Бидете искрени кон сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Богданка Кузеска и Валентин Манасиевски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Богданка Кузеска и  Валентин Манасиевски

 Богданка Кузеска и  Валентин Манасиевски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луѓето расправаат дали би го оставиле партнерот за пари, еден одговор е хит

Најпопуларниот коментар, кој доби импресивни 16.000 гласови, беше краток и јасен: „Побарај 10 милиони“.

Луѓето расправаат дали би го оставиле партнерот за пари, еден одговор е хит

На Reddit се разви дискусија околу едно хипотетичко сценарио: што би направиле ако таткото на вашиот партнер/ка кој е милијардер ви понуди шест милиони долари за да ја прекинете врската? Прашањето беше објавено на подфорумот r/AskReddit и набргу предизвика низа духовити, цинични и прилично безобѕирни одговори.

„Побарај 10 милиони“

Најпопуларниот коментар, кој доби импресивни 16.000 гласови, беше краток и јасен: „Побарај 10 милиони“.

Следуваа и подетални предлози. Еден корисник напишал дека прво би ја покажал понудата на партнерката за да открие што се обидува да направи татко ѝ. Потоа прокометирал дека заедно би можеле да смислат начин да „извлечат повеќе пари од старецот“ пред да побегнат заедно.

Друг корисник отишол многу подалеку, шегувајќи се дека со тие пари би можеле да „ангажираат платен убиец“, што би довело до она што тој го опишал како „заедничко гарантирано уништување“. „Но, таткото може да си дозволи повеќе платени убијци“, возвратил друг корисник.

Некои споделиле искуства од реалниот живот

Еден од корисниците претпоставил дека таквата понуда всушност би можела да биде тест. Тој се присетил како неговиот татко еднаш направил нешто слично со едно момче што се гледало со неговата сестра. Наводно, таткото му понудил неколку стотици долари (или повеќе) за да ја прекине врската со неговата ќерка, бидејќи сакал таа да го продолжи образованието, а врската да не ѝ ги попречи плановите. „Момчето ги зеде парите, а еден час подоцна сестра ми му се јави на татко ми плачејќи дека дечко ѝ ја оставил“, напишал корисникот, додавајќи дека верува оти татко му постапил правилно.

Во друг коментар, еден корисник споделил приказна за поранешен колега кој, според него, не бил особено бистар, но направил една многу паметна работа во животот: се оженил со ќерка на милијардер. Тој, наводно, првично го советувал колегата да не се впушта во врска со ќерка на толку познат и богат човек, но колегата не го послушал.

Подоцна тој ја изневерил, а бракот завршил со развод. Корисникот се присетил дека по разводот на бирото кај својот колега видел чек за алиментација од 25.000 долари, тврдејќи дека тој износ го примал секој месец и требало да го добива до крајот на животот.

Многумина прашале зошто тој воопшто сè уште работи, со оглед на тоа што со таков месечен приход лесно би му овозможил да се пензионира. Други пак коментираа дека им е чудно што милијардерот не инсистирал на предбрачен договор.

„Би уживал во моите шест милиони“

Некои учесници во дискусијата немале дилеми. „Би уживал во моите шест милиони долари“, напишал еден корисник, добивајќи повеќе од 300 гласови. Друг бил уште подиректен: „Ако еден милијардер не те сака во своја близина, нема ни да бидеш таму“.

Судејќи според коментарите, шест милиони долари навистина би биле доволно силна причина за многумина да стават крај на врската.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер