Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЗдравјеСЗО: Треба да се работи на обезбедување лекови без финансиски проблем за граѓанитеИако покриеноста со лекови во земјава драстично се подобрила последниве години, катастрофалните здравствени трошоци се уште се вистински проблем, особено за посиромашните семејства. Во 2018 година 80 отсто од плаќањата од џеб биле за амбулантски лекови, а овие плаќања сочинуваат 42 процента од вкупните здравствени трошоци што е далеку над просекот на ЕУ од 22 отсто, покажува еден од најновите извештаи на СЗО за Македонија. Како што рече денеска директорката за здравствени политики и системи во регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Наташа Азопарди Мускат, секој, независно од потеклото или околностите, треба да има пристап до здравствена заштита без да доживува финансиски тешкотии, а позитивната листа е клучна за постигнување универзална здравствена покриеност, бидејќи ја олеснува превенцијата на болестите. -Јасно ми е дека повеќе од една деценија нередовното ажурирање на позитивната листа го попречува вклучувањето на веќе воспоставените, но и нови терапии кои станаа стандардни во клиничката пракса на други места што се достапни во многу други земји во европскиот регион. Ова секако влијае врз луѓето и резултира со трошоци. Јасни ми се и предизвиците со кои се соочувате во ажурирањето на позитивната листа и дека тие вклучуваат долги процеси, како и недоволно финансирање за лекови. Потребите и барањата секогаш ги надминуваат ресурсите што ни се достапни. Но, сепак, има работи што можеме да ги направиме, како градење капацитет за проценки на здравствената технологија и потреба од стратешка ревизија на политиките за цени и надоместоци. Тука, во секоја мала земја, често се јавува и значајниот јаз во експертизата. Некогаш не сме во предност зашто треба да седиме на маса и да преговараме со мултинационални фармацевтски компании кои имаат мошне голема експертиза во нивниот профил, особено кога станува збор за новите скапи лекови. Оваа симетрија често води до тоа малите земји да не можат да преговараат ефективно и да имаат ефективни договори, истакна Мускат на работилницата за проширување на позитивната листа лекови, вели Мускат. Според неа, некогаш, со немањето пристап до лекови доволно брзо, потребни се многу поскапи интервенции, особено во однос на коморбидитетот. Тие не може да се избегнат, но може да се спречат. -Денес премногу семејства ширум целиот регион се борат да врзат крај со крај и мора да изберат помеѓу плаќања на трошоците за здравствена заштита или за храна и основни потреби. Ова не е ситуација со која се соочува само вашата земја. Зголемената инфлација, прекините на синџирите на снабдување и лекови само ги влошија работите. Повторно кога нема лекови помалите пазари се оние што се соочуваат со тешки проблеми кога станува збор за пристап до нив по достапни цени. Иако системите за здравствена заштита во малите земји се многу различни, тие ги делат истите политички предизвици. И ние во СЗО ги препознаваме овие предизвици и сме тука за вас. Тука сме да ве поддржиме со техничка помош и меѓународна соработка, порача Мускат. Таа подвлече дека без прифатлив пристап до безбедни и квалитетни медицински производи, постигнувањето добро здравје и универзална здравствена покриенсотст, ќе остане само далечен сон. Претставникот на СЗО за Македонија, Аким Али најави дека следните неколку месеци ќе се креира систематски процес за ревидирање на позитивната листа во Македонија. Како што напомена, неопходноста од пристап до лекови кои нема да предизвикуваат финсиски проблем за граѓаните е клучен проблем на кој мора да се работи. -Го отвораме патот за многу силна амбиција, важна за сите во Македонија - пристапот до безбедни, корисни и иновативни лекови. Мора да направиме избор кои лекови ќе бидат лиценцирани, од каде ќе ги купиме, од кого и по која цена. Иако има извезен напредок, ни претстои многу работа. Ова патување почнува денеска, но не завршува денес. Треба да се создаде систематски и институцијализиран процес што ќе биде безбеден, транспарентен и кој ќе одговори на потребите на граѓаните. Ќе стоиме покрај вас додека минувате низ овој предизвикувачки процес, додека не се задоволлат потребите на населението, рече Али и ја поздрави заложбата на македонските власти за ревидирање на позитивната листа на лекови, потенцира Али. Претходно, во обраќањата, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари порачаа дека секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни за квалитетен живот. Тие најавија проширување на позитивната листа и оценија дека мора јасно и транспарентно да се посочат предизвиците со кои се соочуваат институциите. Следниот клучен чекор, укажаа, е оптимизирање на финансирањето за проширување на позитивната листа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаДелегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоДелегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоПо повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот. Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата. Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма. Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook