СЗО треба да го намали буџетот за 20 отсто по најавеното повлекување на САД - Канал 5

СЗО треба да го намали буџетот за 20 отсто по најавеното повлекување на САД

По најавеното повлекување на САД од Светската здравствена организација, таа треба да го намали својот буџет за 20 отсто, пренесе Франс прес, повикувајќи се на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

СЗО треба да го намали буџетот за 20 отсто по најавеното повлекување на САД

Освен повлекувањето на својата земја од СЗО, американскиот претседател одлучи да ја замрзне практично целата американска странска помош, вклучително и големите програми насочени кон подобрување на здравјето ширум светот.

Соединетите Американски Држави беа најголемиот извор на средства за буџетот на СЗО и во последниот двегодишен буџетски циклус, за периодот 2022-2023 година, учествуваа со 16,3 отсто од вкупниот буџет на организацијата во вредност од 7,89 милијарди долари.

„Најавата на САД дека ќе ја напуштат СЗО, во комбинација со неодамнешното намалување на официјалната помош за развој на некои земји со цел финансирање на зголемените трошоци за одбраната, ја направи нашата положба многу покритична. Иако постигнавме значителни заштеди на трошоците, сегашните економски и геополитички услови ја отежнуваат мобилизацијата на ресурсите“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус.

Во февруари, извршниот одбор на СЗО го намали предложениот буџет за периодот 2026-2027 година од 5,3 милијарди долари на 4,9 милијарди долари. Но, како што работите се влошија, сега на земјите-членки на СЗО се предлага буџет од 4,2 милијарди долари, што е намалување за 21 отсто од првично предложениот буџет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!

НБА тимот Лос Анџелес Клиперс го отпуштија Богдан Богдановиќ, кој сега е официјално слободен агент. 

Лос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!

Тие одлучија да ја активираат тимската опција за центарот Брук Лопез во вредност од 9.200.000 долари, потврдувајќи ја намерата на франшизата да го задржи.

Според американскиот инсајдер Џек Фишер, клубот нема да ги користи опциите во договорите на Никола Батум и Богдан Богдановиќ, кои стануваат слободни агенти.

ЛА Клиперс имаа опција да активираат уште една година од договорот на српскиот кошаркар и да го задржат, но одлучија да не ја искористат.

Станува збор за тимска опција вредна 16 милиони долари за следната сезона, која клубот не ја активираше, па Богдановиќ отсега ќе има статус на слободен агент.

Французинот Никола Батум имаше опција вредна 5,9 милиони долари. Иако беше стандарден и корисен дел од ротацијата, Клиперси се одлучија за финансиска флексибилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес во БиХ

Земјотрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 30 јуни, во 6:18 часот во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.

Земјотрес во БиХ

Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 11 км од Зеница, на длабочина од седум километри.

Ова се класифицира како плиток земјотрес, кој, и покрај помалата магнитуда, може да се почувствува на пошироко подрачје.

Сè уште нема информации за материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џа Морант трејдуван во Портланд

Една од најголемите размени летово во НБА е официјализирана.

Џа Морант трејдуван во Портланд

Џа Морант повеќе не е член на Мемфис Гризлис, туку ќе ја продолжи својата кариера во Портланд Треил Блејзерс.

Во спротивна насока, заминуваат Џерами Грант и Крис Мареј, со што завршува седумгодишната ера на Морант во Мемфис.

Морант беше избран како втор избор на НБА драфтот во 2019 година и брзо се етаблираше како еден од најатрактивните бекови во лигата. Тој ја освои наградата за дебитант на годината во својата прва сезона, додека две години подоцна беше прогласен за играч со најголем напредок. Многумина го гледаа како идното лице на НБА, но следеа бројни проблеми.

Сериозни повреди, вклучувајќи ја и најновата поради која играше само 20 натпревари минатата сезона, го забавија неговиот развој. Покрај тоа, неколку инциденти надвор од теренот резултираа со суспензии и му го нарушија односот со раководството на Мемфис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер