3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
ЗдравјеСЗО со драматично предупредување за опасност од мајмунски сипаници- заболени се над 21.000 луѓеСветската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека епидемијата на мајмунски сипаници и понатаму е вонредна состојба за јавното здравје од меѓународна загриженост, што е највисоко ниво на тревога што организацијата може да го објави.СЗО првпат прогласи вонредна состојба во август минатата година, а одлуката за продолжување е донесена поради континуираниот пораст на бројот на заболени и ширењето на вирусот. Покрај тоа, конфликтите во источниот дел на Конго дополнително го отежнаа спроведувањето на мерките за борба против епидемијата, што беше еден од клучните фактори за донесување на одлуката, соопшти СЗО. Според најновите податоци на организацијата, од почетокот на 2024 година се потврдени повеќе од 21.000 случаи на инфекција, од кои 70 биле фатални, главно во Конго. Покрај тоа, минатата година се пријавени повеќе од 50.000 сомнителни случаи и повеќе од 1.000 смртни случаи. Новата варијанта на вирусот „клад Иб“ продолжува најмногу да го погодува Конго, но случаи на инфекција се забележани и во Уганда и Бурунди. Некои патници го донесоа вирусот во Тајланд и Обединетото Кралство, соопшти СЗО. Мајмунската сипаница е вирусна инфекција која се шири преку близок контакт и обично предизвикува симптоми слични на грип. Иако обично има благ тек, во некои случаи може да биде и фатален.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаОпштина Илинден: Реконструирана водоводната мрежа долж улица „9“ во н.м ИлинденОпштина Илинден реализираше проект за реконструкција и модернизација на водоводната мрежа долж улица „9“, со цел да се обезбеди посигурно, поефикасно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на општината.Во рамки на проектот е изградена нова главна водоводна линија со вкупна должина од околу 1.200 метри, со која ќе се обезбеди постабилен воден притисок, намалување на хидрауличките загуби и поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во летниот период кога потрошувачката на вода е зголемена. За поефикасно управување и одржување на мрежата, долж трасата се поставени нови јазли, приклучни точки и затворачи. Тие овозможуваат одделни делови од водоводната мрежа да се изолираат при евентуални дефекти или сервисни интервенции, со што се намалува потребата од прекини во водоснабдувањето на поголем број корисници. Со реконструираната водоводна мрежа се унапредува и противпожарната заштита во овој дел од општината. На новата линија се поставени вкупно 20 нови противпожарни хидранти, од кои 10 подземни и 10 надземни, со што се обезбедува подобра достапност до вода за потребите на противпожарните интервенции долж целата траса. Со реализацијата на проектот ќе се подобри водоснабдувањето на улиците 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 11, 13, 15, 19, 24, 26, 28, 30, 32, 34, 35 и 36 во населено место Илинден, како и водоснабдувањето во Стопанскиот комплекс Илинден и во дел од населеното место Марино, со постабилен притисок и проток, намалени загуби и помал ризик од дефекти и прекини. Со ова, Општина Илинден продолжува со унапредување на комуналната инфраструктура и создавање посигурни услови за жителите. Општина ИлинденКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ЖивотГерманска банка финансирала еден од најголемите бордели во Европа, сега е под истрагаГерманскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа.Германскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа, изјави за „Ројтерс“ извор запознаен со случајот. „Volksbank Köln Bonn“ му го одобрила заемот на кинескиот инвеститор Ху Јинг за купување на борделот „Паша“ во Келн. Проституцијата е легална во Германија. Во јули, банката ангажирала адвокатска канцеларија за независно истражување на трансакцијата, вклучително и дали некој член на управниот одбор можеби лично профитирал од зделката. Деталите за заемот не се обелоденети. „Volksbank Köln Bonn“ одби да ја коментира истрагата на BaFin. Банката изјави дека го смета членот на одборот за невин сè додека не се утврдат сите околности и напомена дека тој ќе остане на отсуство додека не заврши проверката. Адвокатот Маркус Лемкулер изјави за „Ројтерс“ дека го застапува членот на одборот Јирген Нојтгенс, кој ја извршува таа функција од 2018 година. Според извор запознаен со случајот, BaFin ја истражува можноста дека на Нојтгенс му била исплатена провизија во врска со заемот. Ројтерс не успеа да утврди на кого и за што била исплатена наводната провизија. „Мојот клиент во ниту еден момент не примил никаква исплата“, напиша Лемкулер како одговор на прашањата од Ројтерс. Тој додаде дека очекува истрагата да покаже оти обвинувањата против неговиот клиент се неосновани. Банката покрена внатрешна истрага по извештаите во германските медиуми за заемот. Германските „Фолксбанки“ (Volksbanken) се задружни банки во сопственост на нивните членови и претставуваат важен дел од финансискиот систем на најголемата европска економија. Тие ретко одобруваат кредити за странски инвеститори и генерално избегнуваат деловни активности што би можеле да ѝ наштетат на нивната репутација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
БалканВидео: На Неретва уловен сом од скоро два метриРибари во областа на Салаковац, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, успеале да уловат огромна риба на реката Неретва.Двајцата рибари во водите на Неретва уловоиле сом долг 196 сантиметри и тежок приближно 50 килограми. Според рибарите, станува збор за капитален примерок уловен во реонот на Салаковац. -Беше потребен голем напор за да се извлече оваа огромна риба од водата и да се подигне на брегот, истакнале рибарите. U Salakovcu uhvaćen som težak 50 kilograma i dug gotovo dva metra pic.twitter.com/3PR2JY5hOt — Bljesak.info (@Bljesak) August 24, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26