Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
1Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
ЗдравјеСЗО следи нов сој на коронавирусот, варијантата МуСветската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му", која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објави Светската организацијата доцна синоќа .Новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи", наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот. СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирус. Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот. Меѓутоа, одредени мутации можат да влијаат на карактеристиките на вирусот, како што се полесно ширење, сериозност на симптомите или ефикасност на вакцини, лекови и други алатки за откривање на присуството на вирусот. Од појавата на коронавирусот и соевите на тој вирус, СЗО одлучи да ги именува варијантите. Во моментов, загрижувачки се четири варијанти на коронавирус, меѓу кои сојот Алфа е присутен во 193 земји и Делта е присутен во 179 земји, додека пет други се под надзор, меѓу кои и Му. Мутацијата Му првпат беше откриена во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
КултураЃорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална салаПовеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк РутеПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците. Таа ја потврди определбата за достигнување на целта за издвојувањето, согласно Хашкиот план, нагласувајќи дека континуирано вложуваме во модернизацијата на Армијата, сајбер-отпорноста, новите технологии и заштитата на критичната инфраструктура. За неа, Коридорите 8 и 10 не се само инфраструктурни проекти, туку стратешки правци што ја поврзуваат регионалната соработка со безбедносните интереси на НАТО и Европската Унија, особено во контекст на воената мобилност. Сиљановска-Давкова изрази задоволство од сертификацијата на Лесната пешадиска баталјонска група како борбено подготвена, оценувајќи го тоа како потврда за професионалноста и способноста на Армијата да придонесува во операциите предводени од НАТО, ЕУ и ОН. Повикувајќи се на искуството од членството во НАТО, таа укажа дека исполнувањето на високите сојузнички стандарди треба да биде пример за доследна примена на Копенхашките критериуми во процесот на европска интеграција. Претседателката ја реафирмираше поддршката за Украина и потребата од континуирана политичка, воена, финансиска и хуманитарна помош, во знак на сојузничка солидарност. Според неа, сеопфатниот, праведен и траен мир мора да почива врз меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации, а доследноста во почитувањето на овие принципи е неразделна од почитувањето на меѓународниот поредок.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаАпелација не утврдила измама ни криминално потекло на парите во „Меѓународен сојуз“Не е докажано дека парите потекнувале од криминална активност, ниту дека постоела однапред формирана измамничка намера. Со овие аргументи скопска Апелација ја образложува одлуката со која ги ослободи Бојан Јовановски – Боки 13, Јасна Ерцеговиќ, Христина Блажевска и Миле Јовановски во случајот „Меѓународен сојуз“. Бојан Јовановски беше обвинет за измама и перење пари, додека останатите тројца за перење пари, односно помагање во ова кривично дело. За измамата, судот оценил дека не е докажана однапред формирана измамничка намера кај Јовановски. -По однос на кривичното дело Измама судот оцени дека не е докажано постоење на однапред формирана измамничка намера кај обвинетиот, имајќи предвид дека за реализација на проектите биле преземени конкретни подготвителни активности, изработена проектна документација и склучени договори и меморандуми за соработка и на оштетените им биле познати условите од договорите и се согласиле со истите со потпишувањето. Притоа, самото неисполнување на договорните обврски не значи и постоење на кривично дело, особено кога реализацијата на проектите зависела од повеќе фактори и била поврзана со деловен и инвестициски ризик. - Апелационен суд Скопје. За перењето пари, судот оценил дека не се докажани претходните кривични дела од кои наводно потекнувал криминалниот принос. Дополнително, не биле наведени конкретните дејствија на наводното противзаконито посредување. Без докажување на претходното кривично дело, Апелација смета дека не е докажано ниту перењето пари. Претходно, во повторената постапка во октомври 2025 година, Бојан Јовановски беше осуден на пет години затвор, неговиот татко Миле Јовановски на година и пол условна казна, Јасна Ерцеговиќ на две години, Христина Блажевска на условна казна од една година. Од Кривичниот суд кој два пати носеше осудителна пресуда засега нема коментар ниту пак од ОЈО ГОКК кое го водеше случајот а во судница го застапуваа обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева. Пресудата е донесена вчера и не е правосилна со оглед на тоа што странките имаат право на жалба до Врховен. Тагови: Боки 13 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter