СЗО регистрира 90 проценти пад на смртните случаи од Ковид-19 од минатата зима - Канал 5

СЗО регистрира 90 проценти пад на смртните случаи од Ковид-19 од минатата зима

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло опадна од минатата зима, соопшти Светската здравствена организација.

СЗО регистрира 90 проценти пад на смртните случаи од Ковид-19 од минатата зима

Минатата недела, околу 9.400 смртни случаи поврзани со Ковид-19 беа пријавени ширум светот, соопшти денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Ова е речиси 90 проценти помалку отколку во февруари, кога беше постигнат овогодишниот неделен врв од 75.000.

Иако тоа е позитивен развој, премногу луѓе сè уште умираат, рече Тедрос за време на прес-конференција.

– Речиси 10.000 смртни случаи неделно се 10.000 премногу за болест која може да се спречи и лекува, нагласи тој.

– Ковид-19 сè уште е пандемија, рече епидемиологот на СЗО Марија Ван Керхове.

Претходната недела, ширум светот беа пријавени околу 2,1 милион нови инфекции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров и Рубио утре на иста маса: Војната во Украина главна тема на разговор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретнат утре на маргините на самитот на АСЕАН.

Лавров и Рубио утре на иста маса: Војната во Украина главна тема на разговор

Двајцата дипломати претходно изразија подготвеност за одржување на средбата, а Лавров потврди дека ќе разговара со својот американски колега.

Според рускиот министер за надворешни работи, главната тема на дискусијата ќе биде војната во Украина. Иако искачувањето на Доналд Трамп на претседателската функција во САД доведе до интензивирање на контактите меѓу Вашингтон и Москва, во последните месеци немаше јавни средби меѓу високи функционери од двете земји.

Во меѓувреме, Трамп го поддржа усвојувањето на закон во Конгресот на САД за заострување на санкциите против Русија, но истовремено покажа поголема поддршка за Украина - чие раководство претходно честопати јавно го критикуваше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Норвешка нафтена компанија ја удвоила добивката поради војната во Иран

Норвешката државна нафтена компанија „Еквинор“ (Equinor) објави дека речиси ја удвоила својата добивка во вториот квартал, достигнувајќи 11,5 милијарди долари. 

Норвешка нафтена компанија ја удвоила добивката поради војната во Иран

Зголемувањето на заработката се должи на скокот на цените на нафтата и гасот предизвикан од војната против Иран, пренесува „Гардијан“. Скок на цените „Еквинор“ ја искористи ситуацијата преку зголемување на производството на нафта и гас на почетокот на конфликтот. Ова помогна да се надомести дел од недостигот на понудата на пазарот откако сообраќајот низ Ормускиот Теснец запре, прекинувајќи го протокот на нафта од Персискиот Залив.

Компанијата исто така профитираше од самиот пораст на цените на нафтата. Поради неизвесноста во врска со глобалните залихи, цената на суровата нафта од типот „Брент“ флуктуираше меѓу 75 и над 100 долари за барел во периодот од април до јуни. За споредба, во истиот период минатата година, цената се движеше меѓу 60 и 70 долари.

Цените на нафтата паднаа минатиот месец откако САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање, но повторно почнаа да растат со обновувањето на конфликтот. Во среда наутро (според лондонско време), цената на суровата нафта „Брент“ порасна за околу 3,3 отсто, достигнувајќи околу 94,30 долари за барел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

Во Собранието се одржа 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која беа претставени клучните аспекти на процесот на европска интеграција, со акцент на проширувањето на Европската Унија.

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

Во Собранието се одржа 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која беа претставени клучните аспекти на процесот на европска интеграција, со акцент на проширувањето на Европската Унија, реформските процеси и обврските на државата на патот кон членството.

Седницата ја отвори претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, кој истакна дека целта е да се отвори конструктивна дискусија за актуелните аспекти на политиката на проширување на Европската Унија и динамичните процеси што се одвиваат во Унијата. Тој нагласи дека проширувањето повторно е меѓу врвните приоритети на ЕУ и се осврна на критериумите што треба да ги исполнат земјите кандидати, како и на досега преземените чекори на државата во евроинтегративниот процес.

Пред присутните се обрати и амбасадорот на Европската Унија и шеф на Делегацијата на ЕУ во земјата, Михалис Рокас. Тој ја поздрави способноста на државата да спроведува реформи и ја истакна улогата на Собранието во усвојувањето на реформските закони. Воедно, нагласи дека е неопходен широк политички консензус за клучните закони, меѓу кои и Изборниот законик, како и дека позитивниот извештај од Европската комисија ќе зависи пред сè од напредокот во владеењето на правото.

Министерот за европски прашања, Беким Сали, истакна дека интеграцијата во Европската Унија треба да се одвива во два паралелни правци – преку доследно спроведување на суштинските реформи, особено во владеењето на правото и преку искористување на можностите за постепена интеграција пред полноправното членство. Тој нагласи дека Планот за реформи има за цел зајакнување на институциите и постепено усогласување со европските стандарди.

Според него, реформите не се спроведуваат само како обврска кон Европската Унија, туку и како потреба на државата за изградба на посилни институции, независно судство, поефикасна борба против корупцијата, слободни медиуми и подобар квалитет на живот за граѓаните.

По воведните обраќања следеше отворена дискусија на која пратениците разменија мислења и ставови за тековниот процес на европска интеграција, реформските приоритети и предизвиците што претстојат на патот кон членството во Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер