Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија
2Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
ЗдравјеСЗО препорача два нови лекови за Kовид-19, проширувајќи ги опциите против омикронПодатоците на СЗО покажуваат дека омикрон, кој ја избегнува заштитата што ја обезбедуваат многу вакцини и терапии, е идентификуван во 149 земји.Панел на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на два лека – на фармацевтската компанија Ели Лили и на ГлаксоСмитКлајн и Вир бајотехнолоџи – додавајќи нови опции за лекување на пациенти со Ковид-19 со оглед на тоа дека варијантата на коронавирус – омикрон многу брзо се шири. Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон, кој ја избегнува заштитата што ја обезбедуваат многу вакцини и терапии, е идентификуван во 149 земји. Омикрон брзо ја замени делтата како доминантна варијанта во неколку држави, принудувајќи ги владите и научниците да ја зајакнат одбраната преку тестирање, инјекции и терапии. Комисијата во четвртокот силно го препорача лекот барицитиниб на Ели Лили, кој се продава под брендот Олумиант (Olumiant), за пациенти со тешка форма на Ковид-19 во комбинација со кортикостероиди, додека условно ја поддржува терапијата со антитела GSK-Vir за полесни пациенти со најголем ризик од хоспитализација. Досега, терапијата со моноклонални антитела GSK-Vir беше единствената што покажа ефикасност против омикрон во лабораториски тестови, додека слични третмани од Eli Lilly and Co и Regeneron Pharmaceuticals понудија помала заштита при ваквите тестови. Експертите на СЗО забележаа дека ефикасноста на третманот со моноклонални антитела – лабораториски произведени соединенија кои ја имитираат природната одбрана на телото – против новите варијанти како што е омикрон сè уште е неизвесна, и велат дека упатствата за оваа класа лекови ќе бидат ажурирани кога ќе има дополнителни податоци. Упатствата на СЗО, објавени во Британскиот медицински журнал, исто така наведуваат дека доказите покажуваат дека барицитиниб ја подобрува стапката на преживување и ја намалува потребата за респиратор, без забележано зголемување на негативните ефекти. Француската медицинска хуманитарна организација Лекари без граници (MSF) ги поздрави упатствата на Обединетите нации и рече дека барицитиниб може да биде потенцијална алтернатива на тековните третмани со моноклонални антитела препорачани од СЗО, кои сè уште недостасуваат во многу земји со низок и среден приход.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаНова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенцијаНова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенција: Обвинувања за договарање со цел забавување на развојот на вештачката интелигенција. Постапката е покрената од четворица именувани тужители кои плаќаат претплата за предметните услуги за вештачка интелигенција. Во петокот, пред суд во Калифорнија, САД, беше поднесена нова тужба во која се тврди дека водечките компании за вештачка интелигенција незаконски се координирале за да го забават развојот на технологијата за вештачка интелигенција. Тужителите тврдат дека таквите постапки ги прекршуваат правилата за фер конкуренција, бидејќи корисниците кои плаќаат претплата за услуги како ChatGPT, Claude, Grok и Gemini можеби добиваат помала вредност за своите пари. Според тужбата, клучниот момент на наводната координација се случил на 12 септември. Тогаш извршниот директор на Anthropic, Дарио Амодеи, објавил есеј во кој ја повикува целата индустрија да соработува за забавување на развојот на вештачката интелигенција и понатамошно зајакнување на безбедносните мерки. Истиот тој ден, според тужителите, Сем Алтман од OpenAI, Елон Маск од SpaceX/xAI и Демис Хасабис од Google DeepMind одговориле позитивно на неговите предлози. Тужбата ја иницирале четворица именувани тужители кои се претплатени на спорните услуги за вештачка интелигенција. Тие се стремат да го прошират случајот за да вклучат предложена национална класа на други претплатници во Соединетите Американски Држави. Во тужбата се тврди дека договорот меѓу главните конкуренти за да се обезбеди развој на вештачка интелигенција „побавно отколку што конкуренцијата би диктирала“ има негативно - поточно, антиконкурентско - влијание врз корисниците. Главниот адвокат на тужителите, Ник Роули, даде остри тврдења во врска со потенцијалните ризици поврзани со развојот на вештачката интелигенција. „Вештачката интелигенција брзо ќе излезе од човечка контрола и би можела да нè убие сите ако дозволиме безбедноста и протоколите на вештачката интелигенција да бидат регулирани од приватните, себични договори на најмоќните, профитни технолошки компании во светот“, рече Роули.Тагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Карпош: Од рециклиран био отпад до поубави и позелени училишни дворовиОпштина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведен од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ), во партнерство со Eco-Logic и Centar for Environmental Democracy- Florozon, учениците од ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Јан Амос Коменски“, успешно ја реализираа акцијата за компостирање на собраниот органски отпад. Целта на овој проект беше добивање на природен и квалитетен компост преку правилен процес на третман на органскиот отпад. Произведениот компост, основците од „Јан Амос Коменски“ го употребија за уредување и раззеленување на училишниот двор, додека пак основците од „Аврам Писевски“, добиениот компост го искористија за уредување и збогатување на почвата во билната градина и целосно раззеленување на дворот на училиштето. Општина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТрагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалијаЧетириесет и четиригодишен маж трагично загина во близина на водопадот Савица во Словенија, откако паднал во провалија длабока 60 метри додека се обидуваше да го спаси својот седумгодишен син. Момчето, кое прво паднало во бездната, го преживеало падот, но се здобило со тешки физички повреди. Несреќата се случила во саботата навечер, а според информациите од Полициската управа во Крањ, странско четиричлено семејство го посетувало водопадот Савица. При враќањето, тие застанале на одморалиште со маса и клупи. Во тој момент, седумгодишното момче се оддалечило од семејството, а набрзо потоа се слушнале неговите повици. Таткото (44) веднаш потрчал во правецот од каде што доаѓале повиците за помош, но притоа и самиот паднал во страшната длабочина. Неговото тело подоцна било пронајдено во коритото на реката Савица, а на истото место било пронајдено и тешко повреденото момче. Акцијата за спасување ја спровеле припадници на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ, како и планинската полиција. Поради исклучително тешкиот и непристапен терен, телото на несреќниот човек било извлечено со помош на јажиња, додека момчето било пренесено во болница со хеликоптер на полицијата. Припадниците на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ објавија емотивна порака на Фејсбук, опишувајќи го страшниот повик што го добиле: „Дете падна во провалија. Дали постои пострашен повик за интервенција?“ Тие истакнаа дека на местото на несреќата пристигнале речиси веднаш, бидејќи дел од тимот веќе бил на теренска вежба во близина. „Се спуштивме до речното корито, кое беше речиси 60 метри под нас. Заедно со колегите од Брник, ги подготвивме момчето и неговиот татко за транспорт – едниот со хеликоптер до болница, а другиот за неговото последно патување. Често зборуваме за невидливи сили... Вчера тие очигледно ги насочија сите свои вештини кон спасување на младиот живот, додека снемаа сили за постариот“, опишаа спасувачите. Тие предупредија дека несреќите во планините ретко се резултат на една единствена грешка, туку на сплет од околности и одлуки што за неколку секунди водат кон трагедија. На крајот, тие упатија искрено сочувство до семејството и апелираа до јавноста да се воздржи од непотребни коментари, со длабока надеж дека момчето што поскоро ќе закрепне од повредите и траумата. Полицијата продолжува да собира информации, а надлежното државно обвинителство ќе извести за сите утврдени факти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16