СЗО предупреди на опасностите од електронските цигари и повика на строги регулативи - Канал 5

СЗО предупреди на опасностите од електронските цигари и повика на строги регулативи

СЗО им препорачува на владите да преземат се што можат за да спречи непушачите да имаат пристап до електронска цигара, плашејќи се од повторно популаризирање на пушењето, особено кај младите.

СЗО предупреди на опасностите од електронските цигари и повика на строги регулативи

„Електронските цигари и други слични производи се опасни за здравјето и нивната употреба треба да се регулира, со цел да се спречи 'врбување' на потенцијалните купувачи, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

– Никотинот предизвикува силна зависност, а електронските инхалатори за никотин се исто толку опасни, па нивната употреба треба да биде подобро регулирана, рече директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој во вторникот објави нов извештај за борба против пушењето, реализиран во соработка со „Блумберг Филантропис" (Bloomberg Philanthropies).

Во извештајот се наведува дека производителите на вакви производи, чиј асортиман продолжува да се шири, честопати се насочени кон деца и адолесценти кои ги привлекуваат илјадници различни вкусови (во извештајот се наведува дека има дури 16.000).

Мајкл Блумберг, милијардер и поранешен градоначалник на Њујорк, кој долго време се занимаваше со борба против пушењето, ги осуди тактиките на тутунските компании.

– Со оглед на забележаниот пад на продажбата на цигари, тутунските компании агресивно промовираат нови производи како што се електронски цигари или слични производи од тутун и лобираат кај владите, барајќи од нив да ги ограничат постојните регулативи. Нивната цел е едноставна: да придобијат нова генерација зависници од никотин, а ние тоа не можеме да им го дозволиме, рече Блумберг.

Затоа, шефот на СЗО смета дека во земјите каде овие производи не се забранети, „владите треба да донесат соодветни мерки за да го заштитат своето население од опасностите што ги носат електронските инхалатори за никотин и да се спречи нивната употреба кај деца, адолесценти и други здравствено осетливи групи.

Според извештајот на СЗО, употребата на електронски цигари е забранета во 32 земји, а 79 имаат усвоено барем една мерка што ја ограничува нивната употреба, на пример – забрана за рекламирање.

Во исто време, СЗО посочува дека дури 84 земји во светот немаат регулативи што би спречиле продажба на овие производи.

Во извештајот на СЗО се наведува дека пушењето убива осум милиони пушачи годишно, вклучително и еден милион пасивни пушачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Дончиќ испишува НБА историја: Го надмина и Џордан – вакво нешто не е видено уште од далечната 1963 година

Еден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот, Лука Дончиќ е на прагот на НБА историјата, со просек од 38,5 поени – достигнување што не е видено уште од 1963 година и Вилт Чемберлен.

Лука Дончиќ испишува НБА историја: Го надмина и Џордан – вакво нешто не е видено уште од  далечната 1963 година

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжува својата сезона од сништата. Лука ја игра сезоната на кариерата, а синоќа ја демонстрираше својата моќ во победата на Л.А. Лејкерс против Сакраменто (116:103) – тим кој, иако неочекувано, беше неговиот „прв“ избор на НБА-драфтот.

Со оглед на тоа што Сакраменто ја пропушти можноста да го избере, Дончиќ секогаш е посебно мотивиран кога игра против „Кингси“, а со оглед на формата во која се наоѓа на почетокот на сезоната, дополнителна мотивација и не му е потребна. Така, Дончиќ повторно ја покажа својата сила и докажа дека во моментов е главен кандидат за МВП-наградата, бидејќи никој не е ни блиску до бројките што ги остварува Словенецот.

YouTube video

Дополнително, тимот на Лејкерс изгледа многу подобро отколку минатата година.

Претходната вечер, Лука Дончиќ постигна 40 поени, оствари девет скока и седум асистенции. Во играта на Лејкерси, апсолутно сè се врти околу него, па овој пат тој „ги држеше сите конци во свои раце“ додека беше на теренот. Имаше солиден шут од 11 од 23, погоди шест тројки, а единствена негативност беа шесте изгубени топки.

Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој на шест натпревари по ред остварил повеќе од 35 поени, пет скока, пет асистенции и пет погодени тројки, а никој досега нема постигнато повеќе од 300 поени и 50 асистенции во една НБА сезона побрзо од него.

И што е најинтересно – тоа не е сè; Дончиќ е на прагот на бројки какви што во НБА не се видени уште од шеесеттите години на минатиот век.

Поточно, тој има најдобар просек во првите осум натпревари уште од времето на Вилт Чемберлен во 1963 година (52,3 поени), а го надмина и остварувањето на славниот Мајкл Џордан од сезоната 1986/87, кој тогаш имаше просек од 38,4 поени. Лука Дончиќ моментално има просек од 38,5 поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер