СЗО: Повеќето луѓе во Европа се гојазни - Канал 5

СЗО: Повеќето луѓе во Европа се гојазни

Повеќе од половина од возрасните во Европа се дебели, според Регионалниот извештај за дебелина за 2022 година претставен од Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО: Повеќето луѓе во Европа се гојазни

Податоците покажуваат дека околу 59 отсто од возрасните во европскиот регион на СЗО се со прекумерна тежина или дебели. Проблемот ги погодува повеќе мажите отколку жените, при што 63 отсто од мажите се со прекумерна тежина во споредба со 54 отсто од жените.

Кај децата на возраст меѓу 7 и 9 години, 29 отсто од момчињата се со прекумерна тежина или дебели, а 27 отсто од девојчињата се со прекумерна тежина. Само 8 отсто од децата на возраст под 5 години се со прекумерна тежина. Кај адолесцентите овој процент е 25.

Луѓето со прекумерна тежина и дебели биле несразмерно погодени од Ковид-19 за време на пандемијата и имаат поголема веројатност да бидат примени во болница или да умрат од болеста, според СЗО. Првичните податоци, исто така, сугерираат дека дебелината кај децата и адолесцентите е во пораст поради пандемијата.

Прекумерната тежина и дебелината генерално се меѓу водечките причини за инвалидитет и смрт во Европскиот регион на СЗО, а дебелината може да стане главен фактор на ризик за рак во наредните децении во некои земји, заменувајќи го пушењето.

Дебелината може да доведе до рак, хронични респираторни заболувања како што се астма, мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања, проблеми со црниот дроб и бубрезите, болки во грбот и проблеми со менталното здравје.

Проценките сугерираат дека прекумерната тежина и дебелината во моментов се четврти најчест фактор на ризик за незаразни болести во регионот, по високиот крвен притисок, ризиците од исхраната и тутунот, се вели во извештајот.

Европскиот регион на СЗО се состои од 53 земји, меѓу кои Турција, Русија и Украина , кои се надвор од ЕУ. Ниту една од земјите не е на пат да ја постигне целта за запирање на порастот на дебелината до 2025 година, според СЗО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела Македонија

Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје пред 63 години а денес гледаме разорена цела Македонија.

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела Македонија

Тогаш беше природна катастрофа. Денес државата се соочува со системска непогода.

Тогаш земјата се тресеше дваесет секунди.

Денес, веќе повеќе од две години, се разоруваат довербата, институциите, економијата и перспективите.

Повеќе од две години се трујат: водата, народот, медиумите, информациите, институциите. Иднината.

Тогаш последиците беа урнатини и жртви.

Денес гледаме разболени граѓани, празни фрижидери, задолжена и изолирана држава и млади што си заминуваат.

Тогаш светот се солидаризираше со Скопје.

Денес организирана криминална група криминална група и Христијан Мицкоски покажуват солидарност само кон сопствените интереси - криминалот и корупцијата.

Разликата е една.

Земјотресот беше сила на природата.

Денешните проблеми се последица на политички одлуки и на начинот на кој се управува со државата.

Последиците се видливи.

Разорена доверба.

Ослабени институции.

Земја од која младите заминуваат,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината

Клучката кај Момин поток влегува во завршна фаза, а пуштањето во употреба е најавено до крајот на годината.

Финишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината

Градежните активности се реализирани околу 75%, а новата сообраќајна врска треба да придонесе за намалување на гужвите и побезбедно одвивање на сообраќајот.

Увид во градежните активности денеска извршија градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски и премиeрот Христијан Мицкоски, при што беше најавено дека Владата ќе продолжи со поддршка на општинските проекти.

За клучката кај Момин поток обезбедени се 60 милиони денари од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата

Денеска се навршуваат точно 63 години од најмрачното утро во историјата на главниот град, кога во 5 часот и 17 минути, силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала го разурна Скопје. 

Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата

За само неколку секунди, градот се претвори во урнатини.Катастрофата однесе 1.070 човечки животи, а над 3.000 граѓани беа повредени. Повеќе од 200 илјади скопјани во една секунда останаа без покрив над глава. Часовникот на Старата железничка станица, кој тогаш засекогаш запре, денес стои како нем сведок на трагедијата што го сопре времето, но и на болката која и по повеќе од шест децении не избледува кај постарите генерации.од пепелта на трагедијата се роди приказната за невидена хуманост. Скопје стана Град на солидарноста. 87 нации од целиот свет, подадоа рака. Помошта во лекови, храна, тимови за спасување и монтажни куќи почна да пристигнува од сите меридијани, испраќајќи порака дека човечноста нема граници.

По земјотресот, почна масовната обнова. Полскиот урбанист Адолф Циборовски учествувал и ја надгледувал обновата на градот по препорака на Обединетите Нации. Во негова чест во Старата чаршија денска беше откриена спомен плоча а на церемонијата директно од Полска допатува неговата внука Јулија.

Според визијата на јапонскиот архитект Кензо Танге, Скопје подоцна се трансформираше во модерен град на иднината. Утрината на гробишптата во Бутел во спомен на загинатите од земјотресот беше положено свежо цвеќе... Дел од граѓаните и денеска имаат силни емоции на оваа тема.

Сепак постземјотресно Скопје има посилни градби а од 2014 сите градби законски мора да се и сеизмички отпочни вели поранешниот дирекр на ИЗИС Михаил Гаревски.

Централниот дел од културната манифестација е предвидена за вечерва, кога во Музејот на Град Скопје ќе бидат отворени две мултимедијални изложби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер