СЗО : Пандемијата ја достигна критичната точка

Пандемијата на ковид-19 ја достигна критичната точка со експоненцијално зголемување на бројот на заразени лица, но со докажани ефективни мерки може да се стави под контрола, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

"Пандемијата достигна критична точка. Таа е во полн ек и експоненцијално расте. Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме по 16 месеци од избувнувањето на пандемијата, особено имајќи предвид дека имаме ефективни мерки за контрола", рече Марија ван Керхове, технички директор на СЗО за борба против ковид-19.

Таа предупреди дека бројот на заразени лица во светот се зголемил за девет проценти минатата недела, а бројот на смртни случаи за пет проценти.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, рече дека сите сакаат да ги отворат општествата и економиите, но дека ќе биде потребно многу време за да се надмине пандемијата.

"Ние исто така би сакале да се отворат општествата и економиите, трговијата да заживее и повторно да се патува. Но, во моментов, единиците за интензивна нега во многу земји се преплавени со пациенти, а луѓето умираат. И сето тоа може да се избегне", рече Тедрос.

„Ќе биде потребно долго време да се стави крај на пандемијата, но имаме причина да бидеме оптимисти“, додаде тој, потсетувајќи дека падот на заразените и мртвите во првите два месеци од оваа година покажува дека можеме да го запреме коронавирусот и неговите варијанти.

Но, во светот постоеше „конфузија, заплеткување и недоследност во примената на мерките за јавно здравје“, и тоа е главната причината за повторно ширење на инфекцијата.

Во некои земји, шефот на СЗО истакна, и покрај фактот дека инфекцијата продолжува да се шири немилосрдно, рестораните, ноќните клубови и пазарите се отворени и полни, а само мал број луѓе ги почитуваат епидемиолошките мерки.

Најголемиот број новозаразени, посочи тој, е забележан во земјите од Азија и на Блискиот исток.

Тој повтори дека вакцините се „клучна и моќна“ алатка во борбата против ковид-19. Досега се администрирани 780 милиони дози на вакцините ширум светот.

Бајден: Економскиот раст на Кина, Јапонија, Индија и Русија слабее поради ксенофобијата

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека економиите на Кина, Јапонија, Русија и Индија немаат раст бидејќи тие земји се „ксенофобични кон имигрантите“.

„Зошто Кина заостанува економски толку далеку, зошто Јапонија е во неволја, зошто Русија, зошто Индија, затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат имигранти. Имигрантите се тие што не прават силни“, рече Бајден на настанот за собирање средства во Вашингтон за неговата претседателска кампања.

„Една од причините зошто нашата економија расте е поради вас и многу други. Зошто? Затоа што им овозможуваме добредојде на имигрантите“, додаде Бајден. /МИА

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

притисни ентер