СЗО: Пандемијата им ги скрати животите на луѓето за 337 милиони години - Канал 5

СЗО: Пандемијата им ги скрати животите на луѓето за 337 милиони години

Скоро 337 милиони години човечки живот се изгубени во првите две години од пандемијата на Ковид-19, болест која предизвика прерана смрт на милиони пациенти, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО: Пандемијата им ги скрати животите на луѓето за 337 милиони години

Во своето соопштение, СЗО укажа на катастрофалните последици од кризата во јавното здравје предизвикана од Ковид-19, наведувајќи ја бројката од 336,8 милиони години изгубени човечки животи во текот на 2020 и 2021 година.

Иако пандемијата официјално уби речиси седум милиони луѓе, се верува дека поточната бројка е поблиску до 20 милиони. СЗО во својот извештај наведува дека не само вирусот туку и здравствената криза што ја предизвика им го скратила животот на милиони луѓе. И додека 5,4 милиони смртни случаи од Ковид-19 беа официјално регистрирани во 2020 и 2021 година, податоците за прераната смртност велат дека 14,9 милиони луѓе починале во тој период.

„Тоа е како да изгубите 22 години живот за секоја прерана смрт“, рече Самира Асма од Одделот за аналитика и база на податоци на СЗО. Бројот на изгубени години од животот (YLL) е разликата помеѓу очекуваниот животен век на поединецот и доживеаниот животен век.

Последните официјални податоци на СЗО ја припишуваат смртта на 6,9 милиони луѓе на ковид-19, но многу земји не испратиле веродостојни податоци, а СЗО има тенденција да процени дека најмалку 20 милиони луѓе починале од болеста, која е предизвикана од вирусот SARS-CoV-2.

Дури 44,9 отсто од предвремените смртни случаи се случиле кај лица на возраст меѓу 55 и 75 години, 30,2 отсто кај лица помлади од 55 години и 25 отсто кај лица постари од 75 години. Во исто време, YLL бил за 44 проценти повисок кај мажите отколку кај жените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дејвид Гета со спектакуларен концерт во Скопје, Македонија прослави 35 години независност

Со спектакуларниот концерт на светската диџеј и продуцентска ѕвезда Дејвид Гета, Скопје синоќа беше во знакот на големата музичка прослава по повод 35 години независност на Македонија.

Дејвид Гета со спектакуларен концерт во Скопје, Македонија прослави 35 години независност

Бројната публика во арената „Тодор Проески“ уживаше во големото шоу, моќната продукција, светлосните ефекти и препознатливиот звук на еден од најуспешните светски музички артисти. Вечерта започна со настапите на Семпре и Диџеј Никифор, кои ја подигнаа атмосферата и ја подготвија публиката за главниот дел од програмата.

YouTube video

Потоа на сцената се појави Дејвид Гета, кој приреди вистински музички спектакл и пред македонската публика ги донесе своите најголеми светски хитови. Од првите тактови до самиот крај, арената беше исполнета со енергија, светла и илјадници посетители кои пееја и танцуваа. Концертот е последниот настан од прославата на 35-годишнината од независноста.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови  се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен. Бајрами самиот се предал откако беше во бегство од 2024 година.

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Од министерството за внатрешни работи за Мета информираат дека Бајрами утрово во 5 часот и 35минути , самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со незаконското работење на државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против бајрами и груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов

Исто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог“, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните.

СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов

Нема ништо државничко кај Мицкоски, ниту пак има чувство за значењето на 8 Септември – за Денот на независноста.

Операцијата „Талог“ и сеењето омраза којашто Мицкоски ја спроведува е класична фашистичка кампања по моделот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од нашата историја.

Прво забранија да се зборува за мигрантите. Изгласаа декрет во Собранието по теркот на Хитлер.

Во Ново Село нападнаа деца поради транспарент со предупредување за отруената вода во Гостивар.

Повикаа советник на СДСМ од Кавадарци во полициска станица поради Фејсбук статус за незадоволството на лозарите.

Оваа форма на кампања Мицкоски ја тера само затоа што нема ниту еден резултат зад себе, во ниту една област.

Економијата, земјоделството, здравството, образованиеѕо, социјлата...насекаде е хаос.

Народот едвај врзува крај со крај.

Потрошувачката кошничка стигна до 90.000 денари со кирија, а минималната плата е закована на 26.000 денари, најниска во Европа. Цените отидоа до плафон, стандардот на граѓаните паѓа, луѓето живеат се потешко.

Долгот Мицкоски го зголеми веќе за 4 милијарди евра само за две години.

Еврипскиот пат е замрзнат. Се слави злосторник како Ратко Младиќ, спротивно на сите европски и човечки вредности.

Сè што се прави е копи-пејст рецепт од неговиот ментор Вучиќ.

Додека нема ниту еден добра вест за граѓаните од оваа влада. Ниту една.

Мицкоски веќе изгуби повеќе од 150 илјади гласови, сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг.

Патриотските теми веќе не поминуваат - сите се прочитани.

Кога нема резултати зад себе, кога сите негови лаги се прочитани, само уште тоа му остана на Мицкоски, поделби и сеење омраза.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер