СЗО: Пандемијата е во „критична фаза" во Азиско-пацифичкиот регион - Канал 5

СЗО: Пандемијата е во „критична фаза" во Азиско-пацифичкиот регион

Во првите три недели од август, регионот учествуваше со 10 проценти од глобалните случаи на Ковид-19 и повеќе од осум проценти од глобалните смртни случаи.

СЗО: Пандемијата е во „критична фаза" во Азиско-пацифичкиот регион

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека пандемијата си Ковид-19 во Азиско-пацифичкиот регион е во „критична фаза" и сега мора да се стори се' за да се ограничи преносот, за да се избегнат појавувања на поопасни варијанти, пренесе ДПА.

Такеши Касаи, регионален директор за Западно-пацифичкиот регион на СЗО, истакна дека „нагло расте" бројот на случаи на зараза и на смртни случаи од Ковид-19 во земјите од Азиско-пацифичкиот регион, главно поради многу заразната делта варијанта на коронавирусот.

Во првите три недели од август, регионот учествуваше со 10 проценти од глобалните случаи на Ковид-19 и повеќе од осум проценти од глобалните смртни случаи.

-Во оваа критична фаза на пандемијата, дозволете да го задржиме курсот работејќи заедно, рече Касаи на онлајн прес -конференција.

„Во наша моќ е да ја намалиме заканата од вирусот со тоа што ќе ја искористиме максимално секоја алатка за да се бориме против него уште денеска".

Со појавата на притисокот од зарази во неколку земји во регионот, во следните месеци се можни две сценарија, рече Касаи.

Првото сценарио е ризикот од Ковид-19 да се намали и да може да се управува како сезонски грип или како другите зарази што се превенираат со вакцини, превентивни мерки и кратки целни мерки против нивно избувнување, рече тој.

-Второто сценарио е кога другите поопасни варијанти можат да се развијат, варијанти кои се шират уште полесно, предизвикуваат потешки болести или се отпорни на постоечките вакцини, рече тој.

„Ова сценарио и сите поврзани здравствени, социјални и економски трошоци се …тоа што сакаме да го избегнеме, доколку е можно", додаде Касаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата љубов на Никол Кидман?

Мегапопуларната актерка, холивудската ѕвезда Никол Кидман има ново момче ? „Уловена“ во „Ферари“ со американски инвеститор.

Новата љубов на Никол Кидман?

Никол Кидман беше фотографирана со инвеститорот Мајкл Рајнштајн, што поттикна шпекулации дека можеби се во врска. Вечерта на 30 јули, 54 годишниот Рајнштајн ја пречека 5 години повозрасната Никол на аеродромот во Лос Анџелес, откако таа пристигна од Њујорк. На фотографиите што се појавија во медиумите, Кидман е прикажана како седи на совозачкото седиште во неговото црно „Ферари“. Таа носеше сиво сако и бела кошула.

Кидман и Рајнштајн првпат беа фотографирани заедно на почетокот на јули во Портофино, Италија. „Пејџ сикс“ (Page Six) тогаш објави фотографии на кои се гледа како тие се дружат на хотелски балкон.

Актерката носеше сатенски топ и здолниште во боја на слонова коска, додека Рајнштајн беше облечен во темноплава поло-маица и шорцеви. „Дејли мејл“ (Daily Mail) исто така ги фотографираше во хотелот „Белмонд Сплендидо“, каде што уживаа во коктели „Аперол шприц“ покрај базенот.

Мајкл Рајнштајн е американски бизнисмен и инвеститор, како и основач и претседател на инвестициската компанија „Реџент“ (Regent), со седиште во Беверли Хилс.

Компанијата инвестира во бизниси од различни сектори, вклучувајќи ги модата, медиумите, технологијата и малопродажбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана се соблече во бикини

Сопругата на легендарниот фудбалер, Синиша Михајловиќ, убавата Аријана се соблече во бикини и ги покажа своите облини. 

Фото: Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана се соблече во бикини

Аријана Михајловиќ, сопругата на починатата светска фудбалска легенда Синиша Михајловиќ, зачекори во шестата деценија од животот, но според нејзиниот изглед, никој не би помислил дека убавата Италијанка има толку години.

Иако е мајка на пет деца, таа има фигура на која ѝ завидуваат и двојно помлади припаднички на понежниот пол.

Сега им одржа лекција на многу помлади дами со најновите фотографии од јахта.

Аријана позираше во издание за на плажа кое малку остави на имагинацијата. Атрактивната бринета ги истакна своите облини, а нејзиното разголено издание не помина незабележано.

Како Италијанка, Аријана се води од животна филозофија што не признава строги ограничувања: „Аријана е Италијанка која сака да јаде, ужива во животот и не признава никакви ограничувања“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожар

Познатиот актер, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил принуден да го напушти домот со сопругата Амал и близнаците.

Џорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожар

Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни.

Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег.

Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата.

– Драг Дидие, во овој момент немаме претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие страшни моменти – наведоа тие во писмото.

Тие изјавија дека се надеваат оти сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија дека се поврзани со локалната заедница. Џорџ Клуни, кој заедно со своето семејство доби француско државјанство кон крајот на 2025 година, оваа година се најде на листата на 500-те најбогати луѓе во Франција, благодарение на својата актерска кариера, но пред сè на своите деловни потфати.

– Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели што живеат таму – напишаа тие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер