СЗО: Околу 200.000 Палестинци имаат потреба од хуманитарна помош

СЗО предупреди на „зачудувачки хуманитарни потреби" за окупираните палестински територии по  последните напади, додека Црвениот крст повика да се соберат 16 милиони долари помош.

Официјални претставници на ОН и Црвениот крст го посетија Појасот Газа за да добијат увид во степенот на уништување за време на 11-дневните израелски напади, вклучувајќи оштетување на домови, училишта, болници и други установи.

Најмалку 254 Палестинци, вклучително и 66 деца, го загубија животот во израелските напади врз енклавата, што започнаа на 10 мај. Најмалку 12 лица, вклучително и две деца, беа убиени во Израел во ракетни напади извршени од вооружени групи од Газа.

Светската здравствена организација предупреди на „зачудувачки здравствени потреби" низ окупираните палестински територии, велејќи дека конфликтот предизвикал уште поголемо раселување и ја влошил хуманитарната криза.

„Повеќе од 77.000 лица се внатрешно раселени и околу 30 здравствени установи се оштетени", се вели восоопштението на СЗО.

СЗО соопшти дека „го зголемува својот одговор за да се обезбеди здравствена заштита на речиси 200.000 луѓе кои имаат потреба".

Во меѓувреме, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ) Роберт Мардини за Ал Џезира изјави дека бараат 16 милиони долари за луѓето во Газа.

„Иако ескалацијата беше пократка од порано, ќе бидат потребни неколку години да се обнови оштетеното за само 11 дена", рече Мардини, повикувајќи на „значајно политичко решение за ставање крај на овој долг конфликт".

Во последните израелски напади врз Газа се уништени 1.800 станбени единици и делумно уништени најмалку 14.300 станови и куќи, што предизвика десетици илјади Палестинци да побараат засолниште во училиштата на ООН.

Во нападите беа погодени 74 јавни згради, вклучувајќи ги и локалните општини. Израелски и официјални претставници на Хамас неодамна имаа одделни разговори со египетските власти за траен прекин на огнот.

Израел наметна копнена и поморска блокада на Газа откако Хамас дојде на власт во 2007 година на оваа густо населена и сиромашна територија на која живеат околу два милиона Палестинци.

Белата куќа со осуда за „малиот процент“ студенти за предизвикување немири на универзитетите

 Белата куќа осуди „мал процент студенти, поттикнувачи на немири“ по ноќните судири и апсења во одредени американски кампуси кои протестираат против војната во Газа.

„Студентите имаат право да посетуваат настава и да се чувствуваат безбедно“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференција, додавајќи: „Ќе продолжиме да нагласуваме дека антисемитизмот мора да биде осуден“.

Според американски медиуми, околу 1.000 луѓе се приведени во судирите на универзитетите ширум САД, и според податоци обезбедени од полицијата и властите во Њујорк, околу 300 луѓе биле приведени на Универзитетот Колумбија, центарот на протестите поради војната во Газа со обвиненија за прекршок, кражба и помали кривични дела.

На Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес, попознат како UCLA, не се одржуваа часови. Таму во текот на ноќта избувнал конфликт кога, како што пренесуваат американски медиуми, група произраелски демонстранти се обиделе да ги урнат барикадите зад кои во шатори се наоѓале пропалестинските демонстранти.

Неколку часа пред да избијат немирите во UCLA, полицијата упадна во зградата на Универзитетот Колумбија во Њујорк, окупирана од антивоени демонстранти, завршувајќи го протестот кој ја парализираше институцијата.

Протести избија во околу 30 универзитети во САД, со барање САД да престане да го поддржува Израел и со компаниите кои ја поддржуваат војната во Газа. Тоа е убедливо најголемиот студентски протест во САД во 21-от век, а полициската реакција што следеше потсетува на сцени од 1960-тите кога имаше огромно студентско протестно движење против Виетнамската војна, јавија американските медиуми. /МИА

Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада

Српскиот парламент претпладнево ќе ја продолжи првата вонредна седница на која единствена точка на дневен ред е избор на Влада и давање заклетва на претседателот и членовите. 

Се очекува дискусијата да продолжи, по што пратениците треба да гласаат, јавија српските медиуми.

Продолжението на првата вонредна седница на Националното собрание во актуелното свикување е закажано за девет часот. На седницата, која почна вчера, излагање поднесе претставникот за состав на новата Влада Милош Вучевиќ.

Во тричасовното обраќање пред пратениците, меѓу другото, тој истакна дека владата што ја предлага ќе биде влада на континуитет во најголема мера, како и дека полноправното членство во ЕУ останува стратешки приоритет на Србија. Тој наведе и дека најголемиот предизвик на новиот кабинет ќе биде одбраната на суверенитетот, ќе се предложи задолжителен воен рок од четири месеци. Вучевиќ порача дека членовите на Владата мора да бидат тим, дека секогаш мора да бидат подготвени да ги штитат националните и виталните интереси на Србија, а неговото прво и единствено барање е несомнената лојалност кон татковината. На Собранието му предложи 31 член на кабинетот, меѓу кои има осум нови личности. /МИА

Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер синоќа го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.

Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес, објави Фокс.

Земјотресот бил почувствуван во пошироката област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита./МИА

притисни ентер