СЗО одобри револуционерен дијагностички тест за туберкулоза

Светската здравствена организација (СЗО) го одобри молекуларниот дијагностички тест „Ксперт МТБ/РИФ Ултра“, кој овозможува дијагностицирање на туберкулоза и тестирање на отпорност на антибиотици.

Ова е прв тест од ваков вид што ги исполнува строгите стандарди на СЗО.

Туберкулозата, која годишно предизвикува повеќе од еден милион смртни случаи, останува глобален здравствен предизвик. Јукико Накатани, помошник генерален директор на СЗО, истакна дека новиот тест претставува значаен чекор во раната дијагностика и лекување на туберкулозата.

Директорот за регулатива и преквалификација на СЗО, Рожерио Гаспар, изјави дека квалитетните дијагностички тестови се темел на ефикасна грижа и превенција. /МИА

Во Кривичен ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче

 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски - Палчо.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски - Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

На денешното рочиште Судот ќе треба да се произнесе и по барањето од првообвинетиот Палевски, за изземање на судијата Ивица Стефановски, бидејќи, како што рече, се работи за спрега меѓу судот, полицијата и Oбвинителството. Според Палевски, недозволиво е судијата да не е заинтересиран за пронаоѓање на оружјето со кое се извршени двете убиства, а пронајдената чаура во близина на Велес да не е доставена како доказ.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на материјални докази од Обвинителство. На минатото рочиште, обвинителката Жаклина Трајковска во кратка содржина пред Судот образложи 180 од вкупно 197 докази, кои се однесуваат на локациите каде биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаи од психијатриските вештачења.

Како што посочи обвинителката, жртвите биле усмртени со истрел во главата од непосредна близина, со ист калибар на куршум од 9 милиметри, посочувајќи дека обдукцијата покажала дека Вања не била задушена, односно и двете жртви биле живи во моментот на егзекуцијата. Според ДНК анализата од самолепливата лента која била на устата на Вања, пронајдени се мешани траги од девојчето, како и, најверојатно траги од обвинетиот Велибор Манев.

На судењето беше презентирано и психијатриското вештачење на обвинетите кое покажало дека сите биле пресметливи, односно знаеле што прават во моментот на извршување на делото. За нивните жртви, повикувајќи се на психијатриските наоди, обвинителката Трајковска, рече дека претрпеле тешко психичко страдање со силен интензитет.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

„Вашингтон пост“: Русија не е виновна за оштетувањето на подморските кабли во Балтичкото Море

 Оштетувањето на подводните кабли во Балтичкото Море, што ги вознемири европските безбедносни претставници во последниве месеци, најверојатно е резултат на поморска несреќа, а не на руска саботажа.

Оштетувањето на подводните кабли во Балтичкото Море, што ги вознемири европските безбедносни претставници во последниве месеци, најверојатно е резултат на поморска несреќа, а не на руска саботажа, потврдија за „Вашингтон пост“ неколку американски и европски разузнавачи.

Овој заклучок го одразува новиот консензус меѓу американските и европските безбедносни служби, изјавија високи функционери од три земји вклучени во тековните истраги за серијата инциденти во кои каблите што претставуваат критични енергетски и комуникациски линии беа отсечени во Балтичкото Море, пишува „Вашингтон пост“.

Американските и европските претставници рекоа, според весникот, дека досега собраните докази, вклучително и пресретнати комуникации и други доверливи разузнавачки информации, укажуваат на несреќи предизвикани од неискусни екипажи кои служат на лошо одржувани бродови и дека има недостиг на докази што укажуваат на руска вина.

И покрај првичните сомневања за руска вмешаност, еден европски функционер рече дека има „против докази“ кои укажуваат за спротивното, а американски и европски претставници одбија да дадат детали и зборуваа под услов да останат анонимни, наведувајќи ја чувствителноста на тековните истраги.

Истрагите се фокусирани на три инциденти во изминатите 18 месеци во кои бродови кои патувале до или од руски пристаништа биле осомничени дека ги прекинале клучните врски во огромната подводна мрежа на цевководи кои носат гас, електрична енергија и интернет сообраќај до милиони луѓе низ северна Европа.

СДСМ: Нови 200 милиони евра задолжувања - власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните

Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни.

Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци.

Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници.

Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори власта се задолжи со уште едно големо задолжување од 73,7 милиони евра.

Тоа се 700 милиони евра нови долгови создадени од ВМРО-ДППМНЕ за само 6 месеци. Власта енеромно го зголемува јавниот долг и ја турка државата во должничко ропство.

Во исто време додека се трупаат огромни долгови платите стагнираат , трошоците за живот ратст а граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови.

Економската политика на ДПМНЕ е катастрофлано лоша и долгорочна опасна за финансиската стабилност и одржливост.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

притисни ентер