СЗО: Од вирусот на хепатит дневно умираат по 3.500 луѓе - Канал 5

СЗО: Од вирусот на хепатит дневно умираат по 3.500 луѓе

Повеќе од 3.500 луѓе умираат секој ден од вирусот на хепатитис, предупреди Светската здравствена организација, повикувајќи на решителна и брза акција во борбата против вториот најголем убиец меѓу заразните болести.

СЗО: Од вирусот на хепатит дневно умираат по 3.500 луѓе

Новите податоци од 187 земји покажаа дека бројот на смртни случаи од вирусен хепатитис се искачил на 1,3 милиони во 2022 година, што е за 200.000 повеќе од три години порано, според извештајот на СЗО објавен заедно со Светскиот самит за хепатитис оваа недела во Португалија.

Ова се „алармантни трендови“, рече на прес-конференција Мег Доерти, шеф на глобалните програми на СЗО за ХИВ, хепатитис и сексуално преносливи инфекции.

Меѓу починатите од хепатитис, 83 отсто подлегнале на хепатитис Б, а 17 отсто на хепатитис Ц.

Постојат ефективни и евтини генерички лекови кои можат да ги третираат.

Сепак, само три проценти од оние со хроничен хепатитис Б добиле антивирусна терапија до крајот на 2022 година, се вели во извештајот.

Само 20 проценти или 12,5 милиони луѓе биле лекувани од хепатитис Ц.

„Овие резултати не ги исполнуваат глобалните цели до 2030 година за лекување на 80 отсто од сите пациенти кои живеат со хроничен хепатитис Б и Ц“, рече Доерти.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, нагласи дека податоците од извештајот се „загрижувачки“.

„Иако бројот на инфекции паѓа на глобално ниво, стапката на смртност се зголемува бидејќи премалку луѓе со хепатитис се дијагностицираат и лекуваат“, рече тој.

Африка е одговорна за 63 отсто од новите инфекции со хепатитис Б, но сепак помалку од 20 отсто од новородените бебиња се вакцинирани таму, се вели во извештајот.

СЗО, исто така, истакнува дека погодените земји немаат доволен пристап до генерички лекови за лекување и честопати плаќаат за нив повеќе отколку што треба.

Според извештајот, две третини од сите случаи на хепатитис се регистрирани во Бангладеш, Кина, Етиопија, Индија, Индонезија, Нигерија, Пакистан, Филипини, Русија и Виетнам.

„Универзалниот пристап кон превенција, дијагноза и третман во тие 10 земји до 2025 година е од суштинско значење за да се врати глобалниот одговор на хепатитисот на вистинскиот пат, со зголемени напори во африканскиот регион“, се вели во соопштението на СЗО.

Вирусниот хепатитис е вториот најголем убиец меѓу заразните болести, веднаш зад туберкулозата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери.

Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија.

Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки.

Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија.

И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Музејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше...

Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет.

Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година.

Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз.

Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед.

https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. 

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет.

Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон.

Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот.

Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден.

Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот.

Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода.

„Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој.

„Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер