СЗО: Неопходна е подбра палијативната нега и пристап до здравствени услуги за повозрасните лица - Канал 5

СЗО: Неопходна е подбра палијативната нега и пристап до здравствени услуги за повозрасните лица

СЗО: Неопходна е подбра палијативната нега и пристап до здравствени услуги за повозрасните лица

Секое четврто лице во Македонија ќе има над 65 години во 2050 година во споредба со околу 14 проценти во моментов, а само една третина од постарите луѓе во Македонија го сметаат сопственото здравје за добро или многу добро што е значително пониско од просекот на Европската унија, покажуваат податоците од Светската здравствена организација.

Ова беше истакнато на настанот по повод годинашниот Светски ден на хосписот и палијативната нега во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември" во Скопје, на тема „Никој не смее да биде изоставен-правичност во пристапот до палијативна нега".

Во воведните зборови, како што информираат од канцеларијата на СЗО во Македонија, д-р Салија Љатиф Петрушовска, директорка на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември" истакна дека е важно да се обезбедат еднакви можности за здраво стареење, особено во време на пандемијата.

– Сите луѓе, без оглед на приходите, видот на болеста или возраста, треба да имаат пристап до здравствени услуги, вклучително и палијативна нега, бидејќи на тој начин се подобрува квалитетот на животот на пациентите и нивните семејства кои се соочуваат со предизвиците поврзани со животозагрозувачкитеболести, рече д -р Петрушовска.

Како што населението старее и има поголема инциденца на незаразни болести, станува сѐ поважно да се подобри палијативната нега.

Податоците од истражувањето „Постарите лица и пристапот до интегрирана здравствена заштита фокусирана на луѓето во Македонија" објавено во 2021 година, укажуваат дека населението во Македонија денес старее многу побрзо отколку во минатото. Секое четврто лице во Македонија ќе има над 65 години во 2050 година, во споредба со околу 14 проценти во моментов. Податоците покажуваат дека само една третина од постарите луѓе во Македонија го сметаат сопственото здравје за добро или многу добро, што е значително пониско од просекот на ЕУ.

Според претставничка на СЗО во Македонија, д -р Џихан Тавила, зајакнувањето на постарите лица и овозможувањето на нивното значајно учество и социјално вклучување во добра здравствена состојба претставуваат начини за намалување на нееднаквоста.

-На постарите луѓе им е потребна долгорочна, комплексна грижа од повеќе даватели на услуги во различни услови. Со подобро искористување на постојните синергии и меѓусебната поврзаност помеѓу здравствениот и социјалниот сектор, различните нивоа на здравствена заштита, давателите на услуги и заедницата може да придонесат за постигнување на подобраздравствена заштита, додаде Тавила.

За оптимална палијативна нега во земјата е потребна комбинација од политики за поддршка; овластени заедници; истражувања во областа на палијативната нега, пристап до основните лекови за палијативна нега; силни системи за образование и обука за вработените и стручните лица за палијативна нега; како и внимание на квалитетот на услугите за палијативна нега. Палијативната нега е човеково право и морален императив на сите здравствени системи, се вели во соопштението од канцеларијата на СЗО во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

По девет месеци пауза, американските посредници ќе седнат на преговарачка маса со руските и украински  претставници во нов обид да се стави крај на војната.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф објави дека разговорите меѓу Москва и Киев со посредништво на Вашингтон ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби..

Фокусот на преговорите, како што објави Виткоф, ќе биде ставен на безбедносните аранжмани по завршувањето на војната, хуманитарните напори и следните чекори кон постигнување мир.

Очекувањата, според него, е да се награди напредокот постигнат во Киев, Осло и Санкт Петербург, за да се склучи сеопфатен и траен мировен договор, кој ќе обезбеди долгорочна безбедност за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка.

„Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски.

Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Средношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец.

Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер