СЗО: Недостигаат шест милиони медицински сестри во светот

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека скоро шест милиони медицински сестри недостигаат во светот во моментов поради пандемијата на коронавирус.

Агенцијата на ООН, заедно со Медицински сестри сега и Меѓународниот совет на медицински сестри (МКН), во извештајот ја истакнаа клучната улога на медицинските сестри кои сочинуваат половина од светскиот медицински персонал.

„Медицинските сестри се 'рбет на секој систем на здравствена заштита“, рече претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, потсетувајќи дека сега се во првите редови во борбата против Ковид-19.

Според извештајот на СЗО, медицинските сестри во светот се нешто помалку од 28 милиони, а за последните пет години нивниот број се зголемил за 4,7 милиони до 2018 година.

„Но, тоа е сепак 5,9 милиони помалку од потребниот број“, се вели во извештајот.

Повеќето сестри недостасуваат во посиромашните земји на Африка, Југоисточна Азија, Блискиот исток и делови од Јужна Америка.

Шефот на МЦН посочува дека недостатокот на доволен број медицински сестри придонесува за зголемување на стапката на инфекција, медицински грешки и зголемување на стапката на смртност.

Тој исто така предупредува дека овој проблем резултира во исцрпување на медицински сестри кои работат.

Претседателката на на организацијата на медицински сестри, Мери Воткинс повика на посеопфатно тестирање на здравствените работници поради тековната состојба на коронавирус.

Таа тврди дека голем број на здравствени работници не одат на работа затоа што се плашат да бидат заразени и не можат да го докажат тоа.

Во Италија починале 23 медицински сестри од „Ковид-19“, девет проценти од медицинскиот персонал се заразени, додека од Шпанија дошле вести дека до 14% од здравствените работници биле заразени со корона.

Во извештајот се наведува дека богатите земји не едуцираат доволно медицински сестри и не можат да ги задоволат нивните потреби, така што ги увезуваат. Тоа само ја влошува здравствената криза во сиромашните земји.

Катон посочува дека „80 проценти од светските сестри се грижат за 50 проценти од светската популација“.

притисни ентер