3Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.
СветСЗО не препорачува пасоши за имунитет или тестирања заради патувањаСветската здравствена организација (СЗО) не им препорачува на државите да издаваат „ пасоши за имунитет“ на оние кои се опоравиле од ковид-19.СЗО размислува да воведе електронски сертификати за вакцинација, како што се оние што ги развива во соработка со Естонија. Естонија и агенцијата на ООН започнаа пилот проект во октомври за изработка дигитален сертификат за вакцинација или „паметен жолт картон“ како дел од иницијативата COVAX, чија цел е да се промовира вакцинацијата против коронавирус во земјите во развој. Почетокот на вакцинацијата е се поблизу бидејќи Велика Британија ја одобри вакцината Пфајзер, а Модерна и АстраЗенека побараа вонредно регулаторно одобрување во САД и ЕУ. „Интензивно размислуваме како да ја искористиме технологијата како одговор на пандемијата и еден начин е е-потврда за вакцинирање“, рече Сидарта Дата, менаџер на СЗО за болести што можат да се спречат со вакцини. Естонија започнала со тестирање на „пасош на дигитален имунитет“ на почетокотот на оваа година за да ги следи луѓето кои се опоравиле од ковид-19 и имаат одреден имунитет, иако сè уште е под знак прашалник дали се заштитени и колку долго. Друг висок службеник на СЗО, Кетрин Смолвуд, денес изјави дека агенцијата е против тие пасоши како средство за нормализирање на патувањата во странство. „Не препорачуваме„ пасош на имунитет “или тестирање како средство за спречување на прекугранично пренесување на коронавирус“, рече Смолвуд, повикувајќи ги државите да ги засноваат препораките за патувања врз податоците за пренос на ковид-19. Таа додаде дека брзите антигени тестови, врз основа на кои некои авиокомпании одлучуваат кои патници ќе седнат во авионот, а кои не, се „помалку погоден“ начин за продолжување на меѓународните патувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаКомпаниите за вештачка интелигенција масовно купуваат користени книги за да избегнат информации „загадени“ од вештачка интелигенцијаПродавачите на половни книги во Британија и Ирска забележуваат нагло зголемување на нарачките на големо од мистериозни купувачи, што поттикнува сомнежи дека технолошките компании собираат податоци за развој на вештачка интелигенција. Продавачите на книги со кои разговараше „Гардијан“ потврдуваат дека нарачките доаѓаат од САД, Канада, Европа и Велика Британија, а колеги од Австралија известуваат за сличен тренд. Сето ова се случува кратко по откритието дека компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic) потрошила милиони долари на книги што ги скенирала исклучиво за да собере податоци, пишува „Гардијан“. Стјуарт Менли, косопственик на книжарницата „Бартер букс“ (Barter Books) од Алнвик, вели дека нарачките почнале да пристигнуваат пред три месеци. Тој објаснува дека тие се необични бидејќи не следат вообичаени тематски целини, како што се спортот или автомобилизмот. „Дефинитивно станува збор за чудна комбинација на книги“, рече Менли. „Нарачките обично се тематски, а овие се сосема случајни“, додаде тој. Една неодамнешна нарачка вклучуваше естонски превод на романот *The Mission Song* од Џон ле Каре, примерок од *Agnes Grey* на Ен Бронте од одреден издавач, како и изданието од октомври 1983 година на месечното списание *Warship*. Менли додава дека продал стотици случајно избрани книги на тројца купувачи, во вкупна вредност од околу 4.000 фунти. Џим Шонеси, сопственик на книжарницата „MW Books“ во Клерголвеј, Ирска, потврдува дека неговата компанија добива големи и разновидни нарачки уште од мај. „Нарачките се спорадични и изгледаат како да се генерирани од машина. Немаат заедничка тема: опфаќаат сè – од книги за африкански земјоделски алатки од 18-тиот век до биографии на возачи на тркачки автомобили од 1950-тите“, изјави тој. „Лично, не сметам дека е наша работа да одлучуваме што купувачите ќе прават со книгите, но многу е интересно да се набљудува што точно избираат тие“, додаде тој. Дејвид Гауер-Спенс, сопственик на „BookLovers of Bath“, вели дека во периодот од мај до јули добил бројни нарачки кои вкупно опфаќале околу 200 книги. Купувачите беа истите оние што ги спомнуваа и други продавачи. Еден од нив е канадската компанија „Zoom Books“, која себеси се опишува како „водечка компанија за рециклирање книги во Северна Америка“. „Гардијан“ стапи во контакт со „Zoom“ за коментар. „Во еден момент, обемот на работа беше преголем, а јас вообичаено сум прилично добро организирана“, изјави Гауер-Спенс. Еден британски продавач, кој сакаше да остане анонимен, објаснува дека повремено пристигнуваат нарачки од различни купувачи, но сите се испраќаат на иста адреса. „Идентитетите зад овие нарачки се многу нејасни, дури и за искусните продавачи“, рече тој. Поштенскиот код за испорака што го користат повеќе купувачи – а кој го виделе новинарите на „Гардијан“ – води до комплекс од магацини за товар во близина на лондонскиот аеродром „Хитроу“. Истиот продавач, кој од јануари наваму примил нарачки за 6.000 книги во вредност од илјадници фунти од такви купувачи, забележува дека тие ја плаќаат целосната цена и не бараат попусти за големи количини. Технолошките компании постојано бараат нови извори на материјал за развој на понапредни модели. Користените книги – од кои многу се објавени со децении пред појавата на ChatGPT и не се дигитализирани – претставуваат потенцијален извор на свежи, неискористени податоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочувствуван земјотрес во Гостивар и околинатаЗемјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеД-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен НилЕпидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата.. Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.. Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со епидемиологот доктор Драган Даниловски погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21